Zoran
Μακεδоν τ
sehr gut
[h=1]Покани за Вардар и за Работнички, ќе се формира Ексју – лига за младинци[/h]
Цела деценија, а можеби и повеќе на тлото на поранешните југословенски простори тлее идејата за формирање на фудбалска лига, која повторно ќе ги обедини клубовите од овој регион и значително ќе го зголеми интересот за фудбалот. Досега, пред се од безбедносни причини, таа идеја никако да се реализира, но во зачеток е формирање на лига за младински состави, а во неа ќе бидат поканети да учествуваат Вардар и Работнички.Конкретната идеја овојпат доаѓа од претставниците на Сараево и на Будуќност, кои одлучија овојпат да стартуваат со реализација на младинско фудбалско натпреварување на просторите на поранешна Југославија, проект наречен Youth Alpe Adria Football Competititon.Досега покани им се испратени на словенечките клубови Марибор, Олимпија и Домжале, хрватските клубови Динамо Загреб и Хајдук Сплит, српските клубови Црвена Звезда и Партизан, босанските клубови Сараево и Широки Бријег, црногорскиот Будуќност, како и два македонски претставници Вардар и Работнички.Во наредниот период се очекува раководствата на овие клубови да го искажат својот став за евентуално учество во оваа лига, а потоа ќе бидат формирани работни групи, за отпочнување на поголема комуникација и за изготвување на предлог – календар на натпреварувањето. Секако, на крајот ќе мора одобрување за едно вакво натпреварување да се добие и од УЕФА.Можеби формирањето на младинската Ексју – лига ќе биде добра основа за понатамошно формирање на една Балканска лига во сениорска конкуренција, која дефинитивно би го „размрдала“ регионот на фудбалски план.

- Автор: ekipa
- Објавено: април 5, 2014 11:40