Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Mazedonien Sport Thread

Da bald die Euro Handballmeisterschaft in Serbien ist, dreht sich alles momentan um die mazedonischen Handballspieler.

Шундовски: Во Ниш како дома

Нашите најдобри ракометари за прв пат по пауза од цели 14 години во јанаури следната година ќе бидат дел од едно Европско првенство во ракомет.

rakomet.jpg

По завршувањето на ЕП во Италија 1998. година на 12. место, ракометната репрезентација во камбекот на европската сцена посакува подобар поласман.

Во дуелите од групата Б, кои ќе се играат во Ниш, нашите ракометари очекуваат да играат како на домашен терен, со оглед на големиот интерес на нашите навивачи и близината на Ниш. Еве што за настапите на ЕП мисли селекторот Звонко Шундовски.

За Македонија и самиот пласман на ЕП е голем успех. После 14 години повторно сме дел од европската елита. Голема е желбата да се претставиме во добро светло, да дадеме се’ од себе и да се пласираме во вториот круг. Со тоа би го оствариле континуитетот на големите натпреварувања, со оглед на тоа дека би имале и полесен противник во баражот за СП во Шпанија“ - изјави Шундовски.

На сите три средби во групата гледам шанса и ќе играме без калкулации, па ќе видиме што ќе се случи. Можеме да совладаме било кого, Чесите, Швеѓаните или Германците. Кога ја добивме групата, мислев дека со Чесите ќе биде најлесно, иако е тоа репрезентација со многу интернационалци. Мислам дека најмногу шанси имаме на првиот дуел со Шведска, и потоа и со Чешка“ - додаде селекторот на Македонија.

Првиот натпревар нашите ракометари го играат на 15. јануари против Шведска, дуел на кој се очекува салата во Ниѓ да биде исполнета со македонски навивачи.

Во Ниш ќе бидеме како дома, пред наша публика. Нашите играчи се во зенитот на своите кариери, знаат како треба да играат“ - заврши Шундовски.
Шундов�ки: Во �иш како дома

Übrigens ein Verwandter von mir spielt in der mazedonischen Handball Nationalmannschaft, er heißt Vladimir "Vlatko" Temelkov. :)

6335_1208058601224_1221470023_594784_4281926_n.jpg

Hoffentlich schaffen sie wie unsere Basketballspieler ein Wunder.
 
Erstes Club Eishockeyspiel in Mazedonien!!!!

Samstag 14.1

HK Skopje vs Iraklis Salonika!!!!!!!!!!!!

BRAVO!!!!!
 
Стартува регионална хокеарска лига

A36B3D3DEC9E4E45A1B58912EEDC0A1E.jpg

На почетокот ќе играат четири екипи од Македонија, од Бугарија, од Грција и од БиХ

Миодраг Мицковиќ

По долги подготовки и разговори меѓу хокеарските федерации од балканските земји беше донесена одлука да се формира регионална балканска лига во хокеј на мраз, во која на почетокот ќе играат четири екипи по турнирски систем. Своето учество го потврдија Босна од Сараево, Ираклис од Солун, Ред стар од Софија и екипата на Скопје како претставник на Македонија. Постои шанса во лигата да се приклучат уште три екипи, по една од Бугарија и од Србија, како и македонскиот тим Ипсилон, за кој ќе играат хокеарите од школата на „Борис Трајковски“, кои веќе подолго време работат тренерите од Русија.

Како што не' извести претседателот на Хокеарската федерација на Македонија, Никола Тасев, се' е подготвено за стартот на регионалната лига и за првпат љубителите на хокејот ќе имаат можност да видат еден официјален меч во самостојна Македонија во рамките на оваа лига, кој ќе се одигра на арената за хокеј пред салата „Борис Трајковски“ в сабота, со почеток во 15 часот. Ќе играат Скопје и Ираклис.

Хокеарската арена е подготвена за првите меѓународни натпревари, покриена, со нова панел вештачка подлога, која се тестираше на неколку натпревари на Светското првенство во Чешка. Во состав на арената се подготвени и модерни соблекувални за играчите, за судиите и за официјалните лица, со што таа ги исполнува сите услови за натпревари, без оглед на тоа што тие нема да се играат на вистинска ледена плоча.

На мечот меѓу Скопје и Ираклис ќе присуствува и претставник на Светската хокеарска федерација, кој ќе треба да даде и конечна виза за арената за хокеј, за да можат во неа да се играат и меѓудржавни натпревари.

Екипата на Скопје, која веќе извесно време ја подготвува тренерот Томче Атанасов на лизгалиштето на спортскиот центар „Кале“ ќе настапи со шестмина ветерани, предводени од Ѓорѓи Грчев и од Васко Аиновски. Обезбедена е комплетна опрема за сите играчи и со нетрпение се очекува првиот меч со Ираклис во регионалната лига. За Ираклис имаат настапувано и Грчев и Аиновски, кои сега ќе имаат можност да играат против своите поранешни клупски колеги од Солун.

Спонзор на Регионалната лига ќе биде „Тотал ТВ“, која ќе ги покрие сите трошоци околу сместувањето, судиите, кои, кога ќе се играат турнирите во Скопје, ќе бидат од Бугарија. Според договорот, најверојатно следниот викенд ќе се одиграат два меча или во Скопје или во Сараево, а еден од турнирите и во Софија.

Македонска телевизија ќе врши директен пренос од првиот официјален меч во хокеј на мраз во самостојна Македонија меѓу Скопје и Ираклис в сабота од 15 ч.

Стартува регионална хокеар�ка лига
 
für wen hast du gespielt? :D
 
Zurück
Oben