Zoran
Μακεδоν τ
Груевски најдобар каратист во светот
Македонскиот каратист Огнен Груевски (84 кг), член на Металург, оствари голем успех со освојувањето на првото место во годинешната светска карате Премиер лига. По последниот шести турнир, кој викендов заврши во Салцбург (Австрија), Груевски успеа да го надмине Белгиецот Диего ван де Шрик (928 бода) и да го освои првото место во генералниот пласман.
-Премиер лигата во моментов претставува најквалитетна лига во каратето, во која настапуваат најдобрите борци на татамите од целиот свет. Имав можност да се натпреварувам рамо до рамо на пет од можните шест турнири во годинешниот циклус, а и еден од условите беше да се биде учесник на најмалку 80 отсто во лигата. Напорно тренирав цела година, вложив многу труд за да стигнам до ова победничко место, кое секако ми носи огромно задоволство, изјави Груевски.
На турнирот во Салцбург, Огнен Груевски, загуби во 4. коло, но дури по дополнителното изјаснување на судиите, откако претходно резултатот беше нерешен.
-Во Салцбург бев поразен во 4. коло, откако при нерешен резултат бев оштетен од страна на судиите, кои во дополнителното изјаснување победата му ја доделија на мојот противник. Сепак, на крајот правдата победи, бидејќи и со овој пораз, во севкупниот збир на бодови се пробив пред мојот најголем конкурент од Белгија, додаде Груевски.
Минатата година во оваа престижна лига, во своите категории, т.н. големи победници станаа Наташа Илиевска (55 кг) и Мартин Несторовски (84 кг).