Wieso ist ihm niemand auf den Fuss getreten unsere Fans sind auch nicht das was sie mal waren
Ist Hansen nicht verletzt? Also wird er nicht gegen Makedonien auflaufen?
КОШАРКА: КОНЕЧНО, СО ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ
Пипан нов селектор на Македонија
По разделбата со Полска, тренерот на МЗТ Скопје ја прифати поканата од Македонската кошаркарска федерација да биде нов кормилар на Македонија која ќе ја води на претстојното ЕП во Словенија (4-22 септември)
Она што подолго време беше навестувано конечно доби разрешница. Словенецот Алеш Пипан, актуелен тренер на МЗТ Скопје, е нов селектор на најдобрата кошаркарска селекција на Македонија. Тој до неодамна беше селектор на Полска, но откако се раздели со Полјаците брзо најде нов репрезентативен ангажман. Добрите игри на МЗТ Скопје во АБА лигата под раководството на Пипан го исфрлија Словенецот во преден план околу изборот на селектор.
Во таборот на Кошаркарската федерација долго време траеја нагодувањата дали по оставката на Марјан Лазовски, по неуспешните квалификации за ЛОИ во Лондон, да се ангажира домашен селектор или странец. Беа пробиени и сите рокови до кога КФМ требаше да се изјасни, а на крајот изборот падна на Пипан кој ги прифати условите под кои ќе го води македонскиот состав на претстојното европски првенство во Словенија, годинава каде Македонија, како четвртопласирана на Европското првенство во Литванија, пред две години, обезбеди директен настап на годинашниов европски кошаркарски самит.
Засега не се познати деталите околу ангажирањето на Пипан, сето тоа е оатавено да се изнесе во јавноста откако Пипан ќе ја подготви програмата за работа.
За неупатените Пипан со Словенија настапи на европските првенства во 2005 и 2007, како и на светското во 2006 година, а последниве години работеше со селекцијата на Полска која деновиве ја напушти, што беше главен проблем за неговата селидба во Македонија и многу порано.
Со ангажирањето на Пипан се верува дека ќе се врати стабилноста во селекцијата на Македонија која беше нарушена откако тогашниот селектор Марин Докузовски реши да замине одбивајќи да го продолжи договорот со МКФ.
За потсетување Македонија на ЕП во Словенија (4-22 септември) ќе игра во групата Б со БиХ, Литванија, Црна Гора, Србија и Латвија.
[h=1]Хасани во Динамо Загреб наредните пет години[/h]
Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани ќе ја продолжи кариерата во Динамо Загреб, откако управата на овој клуб се договорила со сега веќе поранешниот тим на Хасани, германски Волфсбург, напаѓачот да прејде во хрватскиот тим за обештетување од 300.000 евра.
Хасани до крајот на идната недела треба да стави потпис на петгодишен договор со Динамо, кој и минатата година имаше желба да го ангажира поранешниот фудбалер на тетовска Шкендија, но тогаш тренерот Феликс Магат не го пушти.
„Хасани доаѓа како засилување, но тоа тој треба да го оправда. Тој е квалитетен фудбалер и пресреќен сум што успеавме да го донесеме“, вели Крунослав Јурчиќ, тренерот на Динамо.
ferhan hasani ... kann der was ? wechselt vlt/wahrscheinlich zu dinamo ...?
Folge dem Video um zu sehen, wie unsere Website als Web-App auf dem Startbildschirm installiert werden kann.
Anmerkung: Diese Funktion ist in einigen Browsern möglicherweise nicht verfügbar.
Wir verwenden essentielle Cookies, damit diese Website funktioniert, und optionale Cookies, um den Komfort bei der Nutzung zu verbessern.
Siehe weitere Informationen und konfiguriere deine Einstellungen