Zoran
Μακεδоν τ
[h=1]Фото: Македонскиот џиу џица тим „The Strongest“ најдобар на Европското првенство[/h]25.02.2013 0 Коментари
Македонскиот Џиу-џица тим „The Strongest“ одлично се претстави на интернационален план, каде го освои првото место за најдобар тим на мини Европското првенство на кое учествуваа дури 36 тима.
Џиу џица тимот е составен од 16 млади спортисти, кои неприкосновено се бореа до самиот крај, на граница на физичките и психичките можности. Тимот се бореше во 8 финални борби од кои освои 4 златни и 4 сребрени медали, плус 4 бронзени.
Успехот ќе беше уште поголем доколку девојките од овој тим се бореа против противници од ист ранг, но бидејќи немаше доволен број на женски натпреварувачи тие мораа да се борат против противници кои беа со повисоки појаси (син и виолетов појас) и со многу поголемо искуство.
Во финалето за бели појаси се најдоа Мики Стоиљковиќ и Стефан Митров од нашиот тим и во договор со двајцата одлучено беше Мики, како поискусен и постар член да биде прво место, а Стефан да биде второ место.
Во борбите во апсолутна категорија Давид Ровчанин имаше 3 победи, а поради замор (по 6 победи во катергорија и во апсолутна категорија), ја предаде борбата и не се најде во финалето.
Со златни медали се закитија Давид Ровчанин, Мики Смиљковиќ, Стефан Пецевски и Никола Костадиновски.
Сребрени медали освоија Владимир Величков, Никола Петрески, Александар Заткоски и Стефан Митров.
А бронзени медали освоија Менка Стојановска, Селма Биберовиќ, Андреј Петушевски, Борис Гичев и Давид Ровчанин (апсолутна категорија).