Zoran
Μακεδоν τ
MZT gewinnt gegen Partizan
МЗТ ГО ДОБИ СПЕКТАКЛОТ ПРОТИВ ПАРТИЗАН
Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија во 25-то коло од АБА лигата го совлада најтрофејниот српски клуб. МЗТ Скопје триумфираше во спектаклот пред 7.000 гледачи против Партизан со 66:64.
Првата четвртина помина во неизвесна борба на паркетот во која кошаркарите на МЗТ беа за нијанса подобри, а во еден момент имаа и предност од 13:6, а првиот период заврши со резултат 19:17.
Втората четвртина повторно протече со израмнета кош за кош игра, а овој период го одбележа и долгиот прекин заради проблемите со семафорот.
Кошаркарите на МЗТ во првото полувреме постојано беа во предност, но во последната минута Партизан дојде до водство и на полувремето се замина со резултатот 30:31.
На стартот од второто полувреме МЗТ направи серија од 9:0 и поведе со 39:31. Кошаркарите на Партизан доминираа во скок играта и освоија многу топки под кошевите, но МЗТ успеа да го зачува водството до крајот на третата четвртина кога резултатот гласеше 49:47.
Гостите имаа одлична серија на почетокот на последниот период, но МЗТ бргу излезе од криза и покрај 5-та лична на Гечевски и повторно се вратија во водство најавувајќи ја неизвесната завршница по која МЗТ триумфираше со 66:64.
Во последното коло од АБА лигата, МЗТ и гостува на екипата на Крка.
- - - Aktualisiert - - -

Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Anhänge