Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Mazedoniens Top 10 Momente in 2011

Und jetzt die Top 10 der Negative, leider noch keine Übersetzung ;)

Топ 10 најлоши работи кои и се случија на Македонија во 2011
Четврток, 29 Декември 2011 16:25
Сподели
6

Споделете ја веста со Вашите пријатели
По вчерашната статија „Топ 10 најубави работи кои и се случија на Македонија во 2011“, Курир објавува анализа на најлошите работи со кои Македонија се соочи во годината која ги троши последните денови.


10.Скандал во Европскиот парламент. Шацимаркакис избрка македонски новинари

skandal.jpg-500.jpg


Скандал и инцидент се случи на панел дискусијата во Европскиот парламент, каде се дебатираше за состојбите во македонското новинарство. Европратеникот со грчко потекло Шацимаркакис, буквално избрка македонски новинари од салата. Додека ги туркаше од салата, откако не им даде право на збор, Шацимаркакис им се обрати со навредливиот збор „малака“.

9.Опозицијата ги напушти собраниските клупи и го бојкотираше Законодавниот дом

sobranie.jpg-500.jpg


Во месец јануари, опозицијата предводена од СДСМ одлучи да го бојкотира законодавниот дом. Откако нивните пратеници го напуштија Собранието, наместо да ја вршат должноста за која се избрани, партиите од опозицијата го бојкотираа Собранието. Не присуствуваа на гласањето за закони кои се од важност за целиот народ.

8.Многубројни случаи на педофилија во земјава
pedofilija.jpg-500.jpg



Голем број на сексуални злоставувања на деца од страна на возрасен, беа регистрирани во земјава минатата година. Јавноста беше потресена од информациите дека најчесто малолетните деца се жртва на некој од нивното опкружување. Родители, роднини, соседи и професори сексуално злоставуваа деца. Се претпоставува дека бројот на деца-жртви е многу поголем од оној кој се прикажува, поради стравот и срамот кај нив.

7. Инцидент на скопското Кале
kale.jpg-500.jpg



Меѓу две групи кои протестираа на Кале изби сериозен инцидент.Едни ја бранеа црквата, други беа против нејзина изградба. Ва масовната тепачка неколкумина беа повредени, дел од нив се здобија со сериозни повреди. Албанските екстремисти на чело со политичкиот советник на холандската амбасада Артан Груби нападнаа малолетници, по кои удираа со се што се најде пред нив. Во инцидентот учествуваше и заменик-министерот за внатрешни работи, Џевад Бучи.

6.Згасна А1 телевизија
a1tv.jpg-500.jpg



Првата приватна телевизија во Македонија, А1 на Велија Рамковски отиде во стечај. Поради огромниот долг на нејзиниот газда, телевизијата замина во историјата. А1 остана со долгови кон УЈП по основ неплатен данок. Против сопственикот Рамковски и 23 други лица вработени во телевизијата, се води судска постапка во случајот „Пајажина“.

5.Голем број Македонци ги загубија животите во странство

makedonka.jpg-500.jpg


Македонка застрелана во Флорида, Македонец и Македонка убиени во Австралија.Македонка се удави во Индиски океан. Сопружници загинаа во сообраќајна незгода во Србија. Македонски легионер загина во бизарна сообраќајка.

Ова се само дел од насловите со кои медиумите известуваа за тоа како Македонци ги губат животите во странство. Десетици наши граѓани загинаа надвор од нашата земја, само во текот на годинава која изминува.

4. Македонија на 103-то место на листата на ФИФА :Vani:

makedonija_fifa.jpg


Нашите најдобри фудбалери на последната листа на ФИФА паднаа за цели десет места и веќе не се дел ниту од првите 100 светски репрезентации. Македонија на последната листа на ФИФА се најде на 103-то место Сега, фудбалската репрезентација на Македонија не може веќе да се „пофали“ со тоа дека е во друштво на Уганда, Катар, Боцвана или Нигер на листата на ФИФА. Сега друштво ни прават репрезентации како Бахреин, кој е на 102. место, Кувајт (100) и Мозамбик, кој е 105-ти.

3.Изоставувањето на „македонски“ од извештајот на ЕК

izvestaj.jpg-500.jpg


Извештајот на Европската Комисија за земјава беше испратен без придавката „македонски“. Во него Македонците беа „важиот народ“, македонскиот јазик беше изговаран и напишан како „вашиот јазик“. Таквото изоставување на нашиот одентитет наиде на голема изреволтираност од страна на Македонците. Еврокомесарот Филе се правдаше- не станувало збор за игнорирање на идентитетот туку за воспоставена практика. Македонците масовно со спротивставија на ваквиот чин и во знак на револт испратија десетици писма кои симболизираа протест. Од многу граѓани, актери, спортисти, уметници, академци...потпишан беше и Манифестот на Македониумот.

2.Почина Гоце Арнаудов :(

goce.jpg-500.jpg


Почина големата македонска музичка легенда, големиот македонски патриот, Гоце Арнаудов. Пејачот ја изгуби битката со ракот од кој се лекуваше на клиника во Франција. По Арнаудов тагуваше цела Македонија, а во неговата родна Струмица беше прогласен ден на жалост. Арнаудов зад себе остави многу хитови по кои ќе се помни и спомнува неговата големина како човек и како уметник.

1.Смртта на Мартин Нешковски

neskoski-.jpg-500.jpg


22-годишниот Мартин Нешковски беше убиен на скопскиот плоштад во јуни годинава. Осомничениот Игор Спасов, припадник на Тигрите, сам и се пријави на полицијата. Во судскиот процес кој се води против него се расчистуваат околностите, сведоците се контрадиктони, исказите се менуваат. Младо момче трагично го загуби животот под сомнителни околности. Смртта на Мартин Нешковски е најлошата работа која и се случи на Македонија во 2011-тата.


Топ 10 најлоши работи кои и �е �лучија на Македонија во 2011


Die eigentliche Nummer 1. eine heutige Schlagzeile.... :facepalm:
ДПА бара Македонија да си го смени името
Четврток, 29 Декември 2011 17:12
Сподели
13

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Пратеникот на ДПА Имер Алиу, побара Македонија да си го смени името.


Алиу му се обрати на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, барајќи итна промена на името.

-Премиере, кога ќе го смените името со цел државата да се интегрира во ЕУ и НАТО, праша Алиу.

Груевски го објасни проблемот кој Грција го има во преговорите за решавање на името, го спомна одбивањето на средба од страна на грчките политичари и објасни дека Грција останува на најрадикалната позиција „ерга омнес“ за името.

-Ќе продолжиме со сите можни напори да работиме на решавање на ова прашање кое меѓу останатото, ќе ги подобри меѓусоседските односи, а ќе ги отвор нашите перспектови. Во голема полза треба да биде и очекувам да биде респектирана одлуката на судот во Хаг, објасни Груевски.

Земјите членки на ОН се обврзани да ја почитуваат одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, истакна премиерот.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/55339-DPA-bara-Makedonija-da-si-go-smeni-imeto
 
Zurück
Oben