Černozemski
Македон&
Гоце Арнаудов почина со 53 години возраст. Ја изгуби битката протиф ракот. ![Frown :( :(](https://cdn.jsdelivr.net/joypixels/assets/8.0/png/unicode/64/1f641.png)
Нека почива во мир, музиката негова ќе ни остане заувек.
Goce Arnaudov - Sto ke ostane od Makedonija (narodna patriotska pesna) - YouTube
Goce Arnaudov - Prokleti da se predavnicite (narodna patriotska pesna) - YouTube
http://www.youtube.com/watch?v=kpmmI0Q645I
![Frown :( :(](https://cdn.jsdelivr.net/joypixels/assets/8.0/png/unicode/64/1f641.png)
Нека почива во мир, музиката негова ќе ни остане заувек.
Goce Arnaudov - Sto ke ostane od Makedonija (narodna patriotska pesna) - YouTube
Goce Arnaudov - Prokleti da se predavnicite (narodna patriotska pesna) - YouTube
http://www.youtube.com/watch?v=kpmmI0Q645I
Почина Гоце Аранудов
Легендата на македонската народна музика Гоце Арнаудов денеска почина н 52 годишна возраст. Тој ја загуби долгогодишната битка со ракот на панкреасот.
![]()
Голем број од неговите колеги на социјалните мрежи изразуваат жалење
Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година. Тој уште на десет годишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а на сите фестивали ги освојува првите места.
Во 1994 година на Фолк фест - Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освојува сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. До ден денешен Гоце Арнаудов има запишани преку 200 песни, учествувал на сторина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донесле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.
Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостува на публиката во Европа ,Америка и Австралија. Учествува редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица , Арнаудов прави концерт на стадионот и собира 10 илјади публика, а раководството на областа му дава награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин. Неговите настапи ќе останат запаметени по веселата атмосфера.
Извор: Press24