Zoran
Μακεδоν τ
Nächste Neuigkeit: Die "Plakette" kommt auch nach MK
Muster:
Ѓорѓиев: Налепница за регистрација-новитет во Законот за возила
ВМРО – ДПМÐ�Е » Ѓорѓиев: Ð�алепница за региÑ�трација-новитет во Законот за возила
Oбјавено на 23.07.2012 од ВМРО-ДПМНЕ
Владата на Република Македонија ги усвои измените на Законот за возила . Измените кои се во насока на подобрување на процесите и присвојување на европските стандарди и законодавство веќе се испратени во собраниска процедура Како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, за учество во сообраќај на патиштата, освен што возилото треба да биде регистрирано, да има важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и да биде означено со пропишани регистерски таблици, возилата ќе треба да бидат означени и со налепница за извршена регистрација.
- Целта е службеното лице на МВР да не мора да го проверува секое возило во сообраќајот дали е регистрирано, бидејќи регистрацијата на возилото ќе ја препознае преку налепницата која треба да биде истакната на видно место, најверојатно на предното ветробранско стакло, што претставува решение по европски терк. Со ова, застанувањата ќе се намалат за голем процент, што е во интерес на полицијата и секако на граѓаните, рече Ѓорѓиев.
Налепницата, истакна, ќе се добива при процесот на регистрација од страна на МВР. Предвидено е кога Законот ќе помине во Собранието, оваа обврска да почне да важи една година од неговото донесување, а до тогаш, ќе се направат сите подготовки. Зголемувањето на цената на регистрација, според Ѓоѓиев, нема да биде големо, односно ќе биде сведено на ниво на симболика.
Со измените, појасни, се уредуваат и постапките за хомологација на возилата за превоз на опасни материи, кои треба да ги исполнуваат техничките барања, согласно Европската спогодба за меѓународен патен превоз за опасни материи, како и хомологација на возилата за превоз на лесно расипливи прехранбени производи.
- Првпат ќе се акредитираат правни лица кои ќе ги вршат постапките за одобрување на возилата за лесно расиплива стока и возила кои превезуваат опасни материи во меѓународниот сообраќај. Досега вакви акредитирани агенции немаше, а постапката беше недоволно дефинирана. Ова повеќе нема да се случува, нагласи Ѓорѓиев.
Се воведува уште еден новитет, информираше портпаролот на Владата, а тоа е информирање на потрошувачите за потрошувачката на гориво на купеното возило, односно емисијата на гасови-CO2 за секој тип возило.
- При купување ново возило од авто салон, продавачот е должен на потрошувачот да му ги достави сите потребни информации кои се пропишани во оваа директива, а се потребни за потрошувачот да се запознае со валидните перформанси на возилото. За непочитување на одредбата, предевидена е глоба, рече Ѓорѓиев.
Меѓу измените, со цел да се постигне сигурност дека во сообраќајот се движат безбедно-технички исправни возила, ќе се воведе и полагање стручен испит за стручниот работник кој врши технички преглед на возилата во техничката станица, за што ќе се издава лиценца за работа, а испитот ќе се полага на секои четири години.
Бирото за метрологија добива дополнителна надлежност за следење на возилата во постапка на хомологација, преку воведување евиденциски систем за издадени одобренија со кои се потврдува дека возилото ги исполнува техничките стандарди, а се воведува и форма на образците и систем што ќе ги штити податоците.
- Со доуредување на Законот за инспекциски надзор, ја воведуваме и можноста за жалби до Комисијата за жалби која ќе биде формирана од страна на министрите надлежни за одреден инспекциски надзор, со што граѓаните и компаниите ќе имаат поефикасна заштита на нивните права, додаде портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Muster:
Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.

Anhänge