Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Skopje - Bauprojekte

Also ich finde das Bauwerk echt klasse....ich selber studiere Architektur und befasse mich daher auch mit den neuen Bauwerken. Daher schaue ich mich immer mal im INternet und Foren um, um mich auf meine Abschlussprüfung vorzubereiten. Letzte mal bin ich zum Designblog gelangt und habe auch dort viele spannende Möglichkeiten gefunden. Ich finde es einfach interessant, die Bauwerke und vor allem auch den eigentlichen Aufbau dieser kennenzulernen :-)


Wann soll das Bauwerk denn gebaut werden?
 
Also ich finde das Bauwerk echt klasse....ich selber studiere Architektur und befasse mich daher auch mit den neuen Bauwerken. Daher schaue ich mich immer mal im INternet und Foren um, um mich auf meine Abschlussprüfung vorzubereiten. Letzte mal bin ich zum Designblog gelangt und habe auch dort viele spannende Möglichkeiten gefunden. Ich finde es einfach interessant, die Bauwerke und vor allem auch den eigentlichen Aufbau dieser kennenzulernen :-)


Wann soll das Bauwerk denn gebaut werden?


Welches Bauwerk denn genau?
 
:facepalm:

Jetzt hast auf der Partizanska jede 200 m ne Ampel :facepalm:



ЗЕЛЕН БРАН И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПЕШАЧKИ УРЕДИ
„Партизанска“ пресечена со нови 6 семафори

За поголема безбедност на пешаците, а и поголема проточност на возилата, булеварот Партизански одреди е пресечен со нови шест семафори - и тоа на пешачкиот премин кај „Аминта Трети“ (по старо
„Ленинова), пазарчето Буњаковец, Градежниот факултет, хотелот „Kарпош“, а и во деловите каде што „Партизанска“ се сече со „Шекспирова“ и „Kостурски херои“. Тоа значи дека со постојните девет, овој булевар, од Kарпош до центар, сега има вкупно 15 семафорски уреди.

Новите уреди се дел од проектот за воведување зелен бран на оваа долга сообраќајница, објаснуваат градските власти. Новината вчера ја промовираше градоначалникот Kоце Трајановски. Бранот е воведен од Порта Влае, па с` до центарот на градот, во должина од пет километри. Скопскиот градоначалник објасни дека за да се фати, потребно е возачите да запазат просечна брзина од 50 километри на час. Тој најави изградба на уште шест семафори на пешачките премини од Kарпош до населбата Ѓорче Петров.

- Зелениот бран ќе овозможи движење на моторните возила по булеварот без прекин, притоа обезбедувајќи максимална безбедност за сите учесници во сообраќајот, проточност на возилата во двете насоки, намалување на загадувањето на воздухот и скратување на времето на патување. Особено се зголемува безбедноста на пешаците кога го преминуваат булеварот - рече вчера Трајановски.

За новата инвестиција Градот издвои 6,5 милиони денари. (Ј.И.)

Лани загинале 22 пешаци

На скопските улици во 2011 година животот го загубиле 22 пешаци, од кои две се деца, се вели во извештајот на СВР-Скопје. Повредени биле 543 лица, од кои 137 биле малолетни. Иако нема прецизни податоци каде што точно се случиле пешачките несреќи, земено генерално „Партизански одреди“ важи за булевар каде што најчесто страда оваа категорија на граѓани. Заедно со „Првомајска“ и булевар Никола Kарев или таканаречената Пластичарска.
 
Neuer Kreisverkehr in Cair geplant.


[h=1]Коце ќе гради кружен тек и во Чаир[/h]
  • Објавено: пред 16 минути
  • Прочитано: 138
  • Печати
Сподели со твоите пријатели!
3


И Чаир ќе добие нов кружен тек, за што е веќе распишан јавен оглас за избор на најповолен изведувач. Кружниот тек ќе се гради на крстосницата од улиците Втора македонска бригада и Лазо Трповски.
Почетокот на градежните работи и финансиската конструкција на овој градски проект, ќе се знае по изборот на фирмата изведувач.
Во тек е изградба на кружните текови и кај црквата Св. Петар и Павле, во населбата Ѓорче Петров и во населбата Бутел, на крстосницата помеѓу улиците Александар Урдаревски и Боца Иванова.

kruzen%20tek%20Tetovo.jpg

 
Neue Schule für Hipodrom, dank China.


Kинеска донација за ново училиште во Хиподром

Изградбата и на новата училишна зграда на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром ќе ја финансира Република Kина, договорија претставниците од кинеската амбасада и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски. Со иста донација, договор меѓу Владата со оваа држава, веќе се гради нова зграда за основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Драчево. Старите бараки беа демонтирани, а изградбата на објектот се очекува да заврши во април следната година. Од Општина Kисела Вода најавија дека ќе предложат факултативно изучување на јазикот на донаторот.

Претставниците од Kина вчера беа во обиколка на училишната зграда, при што со локалната власт разговараа за проектот за новото училиште и можностите за финансирање.
 
Am 16.Juli ist Grundsteinlegung des Hochhausparks im Stadtteil Aerodrom.



[h=1]Започнува изградбата на четириесет-катниците во Аеродром[/h]
s_B10104E4011D154B9F07822B0F845461.jpg
На 16-ти Јули (понеделник) со свечена церемонија ќе бидат поставени темелите за облакодерите и трговскиот центар што треба да се градат во општина Аеродром. Овој мега проект како и макетите на облакодерите за прв пат беа претставени пред јавноста на овогодинешниот саем за градежништво, каде што привлекоа големо внимание кај граѓаните.

Цел овој проект ќе го градат турски инвеститори, за кој ќе издовјат неверојатни 500 милиони евра, а најавуваат дека изградбата ќе почне веднаш штом сите документи ќе бидат комплетирани. Рокот за изградбата на проектот е 2017 година.
Ова неверојатно издание ќе се се состои од станбен комплекс со деловни простории и трговски центар, како и околу 7 илјади паркинг места, од кои 3.200 ќе бидат за потребите на висококатниците. Кулите ќе бидат високи 126 метри, ќе имаат по 42 ката и по 1.350 апартмани.
 
ТЕМА: Тендерот за скопскиот трамвај сеуште не е објавен, експертите бараат отвореност на процедурата

Градските власти сеуште го немаат објавено тендерот за изградба на првата трамвајска линија, иако пред неколку месеци најавуваа дека истиот ќе биде распишан кон крајот на месец мај. Информации во врска со тоа кога ќе започне реализацијата на главната фаза од долгонајавуваниот проект, кога ќе се избере најповолен понудувач и кога тој ќе започне да гради, не успеавме да добиеме од одделението за односи со јавност при Град Скопје. Експертите од оваа област кои ги консултираше „Билд“ напоменуваат дека за детали од проектот дознаваат единствено од медиумите, со што голема е веројатноста да се направат непоправливи грешки при спроведувањето на алтернативниот јавен градски превоз во метрополата.

Градот Скопје во февруари годинава излезе со податоци дека тендерската документација, што ја подготвуваше консултантската компанија „Виалто Консалтинг“ во соработка со „ЕЦ Харис“, ќе биде подготвена за објавување кон крајот на мај годинава, а концесионерот за изградба на трамвајот ќе се избере при крајот на годината, кога би требало да започнат и градежните работи. Првите 15 километри од првата линија би чинеле од 170 до 180 милиони евра, а активностите на терен би се изведувале во период од 2 до 3 години. Победничката компанија ќе треба да се погрижи за изградба на трасата и за набавка на трамвајските возила, при што градските власти пред неколку месеци тврдеа дека за проектот пројавиле интерес компании од Франција, Германија, Полска, Чешка и Хрватска. Во физибили – студијата изработена од „Виалто“ се тврди дека заработката на концесионерот ќе биде на границата на исплатливост, поради што треба да се планираат дополнителни субвенции за покривање на трошоците.

Стручњаците кои се занимаваат со оваа материја одлучно ги отфрлаат предлозите за изведба на брза пруга долж течението на реката Вардар или пак искористување на кејот за изведба на трамвај на столбови. „Од финансиска гледна точка најлесно и најевтино е да се изгради трамвајот по кејот на Вардар. Но изградбата на трамвај треба да биде во функција на граѓаните, а така конципираното решение ќе биде далеку од потребите на граѓаните. Навиките на населението мора да се земат во предвид. Многу е тешко да се натера населението да користи некој друг превоз, кој да кажеме не би поминувал по булеварот Партизански одреди или по булеварот Јане Сандански. Таквите решенија претежно не се користат од страна на населението“, истакнува за „Билд“ Дејан Трпевски, инженер за железнички сообраќај и транспорт.

„За мене како експерт од оваа област, многу ми е чудно исфрлањето од ракав на секакви идеи за поставување на вакви или такви линии (траси за трамвај покрај Вардар), а никој нема објективна слика кои се вистинските потреби за превоз на луѓето со обзир на постојниот и планираниот урбан развој на градот. Мрежата на линии на јавниот градски превоз (автобуски и трамвајски) треба да им служи на луѓето, а не да се поставува таму каде некој мисли дека има слободен простор“, напоменува Никола Крстаноски, универзитетски професор на отсекот за Сообраќај и транспорт при Техничкиот факултет од Битола.


tramtema3%201.jpg



Искористувањето на постоечките коловозни ленти на улиците и булеварите за поставување на првата линија од трамвајската мрежа во Скопје предизвикува негативни реакции кај стручната јавност. „На Скопје му треба „брз трамвај“. Ако се воведе класичен трамвај кој се движи на исти сообраќајни површини со останатиот сообраќај, ќе се фрлат огромни пари за да добиете заглавен трамвај, наместо заглавен автобус. Главен предизвик за градските власти ќе биде да се одземат сообраќајни ленти од постојните булевари, за да се наменат само за брзиот трамвај“, констатира за „Билд“ професорот Крстаноски.

„Земајќи го во предвид фактот што Скопје како град има веќе 800.000 жители, сметам дека класичен трамвајски систем нема да може да ги задоволи потребите на градот во следните 10 – 15 години, а камо ли за следните 50 години. Поради тоа е потребно да се размисли веднаш за изградба на систем на лесно метро. Системите на лесно метро не се разликуваат многу во однос на класичниот трамвајски систем. Разликата во инвестицијата не е многу голема, но придобивките од лесното метро ќе може да се плодоуживаат много подолго и многу подобро. Во однос на одвојувањето на линиите од друмскиот сообраќај, несомнено најдоброто решение би било кога би постоела денивелација, и од аспект на безбедност и од аспект на економичност во експлоатацијата“, објаснува инженерот Дејан Трпевски.

Во зависност од финансиските можности за спроведување на денивелацијата на трамвајската траса, инженерот Трпевски смета дека најцелосходно и најефикасно би било користењето на зелениот појас на булеварите Партизански одреди, Јане Сандански, Кочо Рацин и Крсте Петков Мисирков. Актуелна е и опцијата за искористување на велосипедските патеки покрај булеварите, но како апсолутно најидеално решение е изградба на линиите на столбови по должината на булеварите, зафат што би чинел најмногу финансиски средства. Една од сугестиите што ја дава овој експерт по железнички сообраќај и транспорт е да се изгради систем на лесно метро со широчина на колосекот од 1.435 mm, а не со предложената широчина на класичната трамвајска пруга од 1.000 mm. На тој начин, трамвајските возила би можеле да се движат и по постоечката железничка инфраструктура околу македонската метропола.


tramtema3%202.jpg



Поврзувањето на трамвајската и железничката мрежа би овозможило создавање на поефикасно поврзување на целиот град. Првата трамвајска линија која би започнувала од Сарај, преку главната улица Ѓорче Петров, булеварот Партизански одреди, булеварот Климент Охридски, улицата Димитрие Чуповски, булеварот Кочо Рацин, под Железничката станица, булеварот Јане Сандански, Видое Смилевски Бато и улицата Февруарски поход би завршувала на местото на последната автобуска постројка на автобусите со број 5 и 15. Сообраќајниот инженер Дејан Трпевски смета дека ваквата траса би се извела на местото на постоечките велосипедски патеки, би требало да се продолжи со изградба на мост преку реката Вардар и да се поврзе со постоечката железничка станица Маџари, при што истата би имала за цел преку доградба на крак да се поврзе со аеродромот „Александар Велики“.

Тој предлага воведување и на уште две дополнителни трамвајски траси, втората линија која би се движела од Сарај, преку улиците Ѓорче Петров, Адолф Циборовски и Митрополит Теодосиј Гологанов, зад Дирекцијата на Тутунска банка и Тутунскиот комбинат би завршила со денивелирање кон главната железничка станица, искористувајќи ја старата железничката траса. Со оваа траса би се опфатило и населението кое гравитира околу Скопје. Третата линија на трамвајот би требало да поаѓа од железничката станица Скопје север, преку улицата Цветан Димов и булеварот Крсте Петков Мисирков би требало да се приклучи кон линијата за Ѓорче Петров и Ново Лисиче.

Давањето предлози претставува еден сегмент од расправата со експертите и со пошироката јавност, со цел трамвајот да не постане мртва инвестиција. Контактираните експерти од страна на „Билд“ сметаат дека на главниот град му е потребна Стратегија за развој на градскиот превоз на патници во главниот град. „На Скопје под итно му треба студија со која ќе се истражуваат постојните потреби за превоз на луѓето. Автобускиот и трамвајскиот превоз не се конкуренти, туку треба да сочинуваат единствен координиран систем на јавен градски превоз кој ќе ги задоволува потребите за превоз на граѓаните“, заклучува универзитетскиот професор Никола Крстаноски.
 
До 2014 година ќе се завршат 1.753 станови за социјално ранливи групи

Владата планира да го реализира проектот за изградба на 35 објекти со 1.753 станови за социјално ранливи групи до 2014 година. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната прес – конференција изјави дека во периодот од 2007 до 2011 година целосно се завршени девет објекти со 430 станови во Скопје, Охрид, Крива Паланка, Кавадарци, Кичево, Кочани и Македонска Каменица. Финансиските средства за подигање на овие живеалишта се обезбедени од Акционерското друштво за станбен и деловен простор од значење за Републиката и заем од Банката за развој при Советот на Европа (CEB – Council of Europe Development Bank).

Министерството преку јавен оглас планира да отуѓи 91 стан во штипската населба Сењак 2 за вдомување на социјално ранливите граѓани. Зградите во Штип ќе се распределат јавно, по пат на електронско наддавање. Од ова министерство информираат и дека денеска биле распределени 12 станови наменети за млади брачни двојки и самохрани родители кои не добија сопственици со претходните огласи. Во рамките на овој проект, во 2012 година ќе бидат подигнати 42 стана во Скопје, 19 станови во Кавадарци и 58 станови во Велес со цел згрижување на оваа категорија на граѓани.
 
Скопје ќе се подели на 11 зони и 143 градски четврти со новиот ГУП

ar_th_skopjekontaktnazona.jpg
Советот на Град Скопје во текот на вчерашниот ден ја донесе Одлуката за утврдување на Нацрт на Генерален урбанистички план на главниот град за периодот 2012 – 2022 година. Македонската метропола и во наредната деценија ќе се простира во рамките на сегашните урбанистички граници, а позначајна новина што ја носи новиот ГУП е поделбата на градот на 11 зони и 143 градски четврти, при што за секоја од нив ќе се изготви детален урбанистички план. Во урбанистичкиот план на градот ќе се вметнат општините Сарај и Сопиште, кои претставуваа посебни локални самоуправи согласно со претходниот ГУП од 2002 година.

Според градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, поделбата на градот на градски четврти ќе овозможи полесно планирање на просторот. Главните придобивки од новиот ГУП ќе бидат легализирање на најголем дел од бесправно изградените објекти, иако некои од нив нема да може да го остварат ова право поради тоа што се наоѓаат на локации на кои е предвидено да се градат значајни инфраструктурни проекти. Голем процент од зацртаната сообраќајна мрежа од претходниот план ќе се задржи и во новиот документ, а сегашната граница кон парк – шумата Водно ќе остане непроменета и во наредните 10 години. Градските власти вчера напоменаа дека е променета трасата на Јужната обиколница, која треба да минува низ падините на Водно, но конкретни информации не обелоденија.

Генералниот урбанистички план на Скопје за периодот 2012 – 2022 година е планирано да се донесе до крајот на годината. Во претстојните месеци ќе се одвива јавна расправа за неговата содржина, по што би следувало финалното усвојување на предлогот од страна на градските советници со кој ќе се исцртаат границите на Скопје. Површината што ќе ја опфати планот би изнесувала 7.783,4 хектари со засегната популација од околу 800.000 граѓани.
 
Грчката „Ремеди Адвертајзинг“ се откажа од автобуските постојки во Скопје

Пропадна вториот обид да се најде приватен партнер кој ќе ги уреди автобуските стојалишта во главниот град. Грчката компанија „Ремеди Адвертајзинг“ поради недостиг на финансиски средства се откажа од соработката со ЈСП – Скопје, која во текот на март годинава беше официјализирана со потпишување договор за јавно – приватно партнерство. Фирмата требаше да исплаќа по 20.400 евра секоја година, а како замена да ги добие финансиските средства од рекламирањето на паноата на автобуските постојки во наредните 15 години. Неуспех доживеа и обидот да се воведе АВЛ – системот во јавниот превоз во Скопје, кој би им овозможил на патниците информирање за возниот ред на линиите во реално време. Во изјава за денешното издание на „Утрински весник“, Мишко Николов, директор на јавното сообраќајно претпријатие, наведува дека ветените проекти ќе се реализираат со сопствени средства преку распишување на тендери. Тој напоменува дека до крајот на годинава ќе започнат активностите за остварување на најавите за новите автобуски стојалишта и за АВЛ – системот во главниот град.

Ако се испочитува досегашниот план, Скопје би требало да добие 275 автобуски постојки од три типови, со унифициран современ дизајн, како и 80 електронски информациски дисплеи. Како дел од проектот „Ренесанса“, воведувањето на АВЛ – системот во Скопје започна кон крајот на 2009 година кога се поставија уреди за автоматско лоцирање во 30 автобуси, а десет станици на линиите со број 2 и 5 веќе добија електронски информативни табли.
 
Zurück
Oben