Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Skopje - Bauprojekte

Heisst das er ist nicht verantwortlich für viele Tote Mazedonier?


"viele Tote Mazedonier" ist mir zu einfach gesagt bzw zu pauschalisierend für diese Epoche und eben diese Person. Gib mir konkrete Beispiele. Das sich damals Mazedonier untereinander bekämpft haben ist nichts neues und geht bis heute kontinuierlich weiter (siehe Grujo-Crvenkovski).

Was aber ein wichtiger Fakt ist, und oft verschwiegen wird ist, dass Todor sich für ein freies Unabhängiges Makedonien eingesetzt hat.
 
"viele Tote Mazedonier" ist mir zu einfach gesagt bzw zu pauschalisierend für diese Epoche und eben diese Person. Gib mir konkrete Beispiele. Das sich damals Mazedonier untereinander bekämpft haben ist nichts neues und geht bis heute kontinuierlich weiter (siehe Grujo-Crvenkovski).

Was aber ein wichtiger Fakt ist, und oft verschwiegen wird ist, dass Todor sich für ein freies Unabhängiges Makedonien eingesetzt hat.

Für einen sehr grossen Teil der Mazedonier ist Todor einfach ein Schlächter der MKs gewesen. Kann sein das es nicht stimmt aber man muss auch mal die andere Meinung respektieren und nicht einfach eine Statue hinstellen obwohl man weiss was für Reaktionen kommen
 
Für einen sehr grossen Teil der Mazedonier ist Todor einfach ein Schlächter der MKs gewesen. Kann sein das es nicht stimmt aber man muss auch mal die andere Meinung respektieren und nicht einfach eine Statue hinstellen obwohl man weiss was für Reaktionen kommen


Hier ein interessantes Bild von Todor Aleksandrovs Familie vor seinem Grab.

60107410151037vpj78qsole.jpg


Nezavisna Makedonija :)
 
Für einen sehr grossen Teil der Mazedonier ist Todor einfach ein Schlächter der MKs gewesen. Kann sein das es nicht stimmt aber man muss auch mal die andere Meinung respektieren und nicht einfach eine Statue hinstellen obwohl man weiss was für Reaktionen kommen

Ein Schlächter war so gesehen jeder mak. Freiheitskämpfer. Auch Delcev hat Todesurteile und Liquidationen angeordnet.

Mir klang es in der Art nach "Massaker" o.ä. - ganz im Gegenteil, Zeitgetreue Quellen besagen das Alexandrov bei der Bevölkerung ein hoch angesehener Mann war, wenn wir zB jetzt Todor mit Mihajlov vergleichen - Mihajlov war wie Al Capone - Schutzgelder, Kriminalität, Vergewaltigungen, etc...
 
„Гранит“ потпиша седум нови договори во вредност од над 4,7 милиони евра

Градежната компанија „Гранит“ денеска објави дека склучила седум договори за изведба на градежни активности во претстојниот период во вкупна вредност од 291.052.863 денари или над 4,7 милиони евра. Од Градот Скопје како најповолен понудувач е избрана да ја изведе втората фаза од реконструкцијата на булеварот Илинден во вредност од 65.018.000 денари, како и првата фаза од реконструкцијата на булеварот Јане Сандански, на потегот од крстосницата со булевар Србија до улицата Васко Карангелески во вредност од 29.224.993 денари. Со Дирекцијата за технолошко – индустриски развојни зони е потпишан договор за изведба и асфалтирање на улици и други пропратни објекти во вредност од 54.168.340 денари, додека со македонската канцеларија на белгискиот производител на автобуси „Ван Хол“ е парафиран договор од 32.322.493 денари за изведба на земјени работи во индустриската зона Бунарџик, на локацијата на која се планира да се изгради новиот производствен погон за автобуси.


bul%20ilinden%2004%2010.jpg



Како подизведувач, заедно со компанијата „Илинден“ од Струга, ќе се рехабилитира и подобрува патната инфраструктура во општина Ѓорче Петров, по цена од 60.221.705 денари. Градежната оператива на „Гранит“ ќе го санира мостот на реката Вардар на локалниот пат Градско – с. Ногаевци, за што е потпишана спогодба со општина Градско. За асфалтирање и бетонирање на улици и паркинг за потребите на компанијата „Пекабеско“ во с. Кадино е склучен договор од 37.414.778 денари. Договорите се со рок на изведба помеѓу еден и 10 месеци. Забележително е што помеѓу новите договори нема ниту еден што се однесува на градежни активности на странските пазари.


 
Бензинска пумпа, хотел и фабрика ќе се градат во близина на скопскиот аеродром

Од огласените девет, општина Петровец денеска успешно продаде три градежни парцели во мултифункционалната зона Ќојлија. Најголем интерес на електронското јавно наддавање предизвика земјиштето со површина од 4.885 метри квадратни, со намена за изградба на бензинска пумпа долж автопатот од Коридор 10, кое се продаде по цена од 1.250 денари за метар квадратен или вкупно 6.106.250 денари. Внимание од инвеститорите предизвика и парцелата покрај самиот автопат, наменета за изградба на хотелски комплекс со приземје и шест ката, при што сопственикот има право сегмент од објектот да одвои за мали комерцијални и деловни намени. Таа се отуѓи по цена 351 денари за метар квадратен, односно за 1.851.876 денари.

На одржаната аукција се најде купувач и за земјиштето со големина од 9.050 метри квадратни за подигање на објект од областа на лесна и незагадувачка индустрија со компатибилна намена за мали комерцијални и деловни содржини. Инвеститорот ја купи оваа локација по цена од 132 денари за метар квадратен, односно на локалната власт ќе и исплати вкупно 1.194.600 денари. По потпишувањето на договорите со купувачите, во буџетот на општина Петровец ќе се слеат 9.152.726 денари. Лоцирана покрај автопатот од Коридорот 10 и во близина на аеродромот „Александар Велики“, мултифункционалната зона Ќојлија претставува една од најатрактивните места за инвестирање во скопскиот регион. Во неколку наврати, локалната самоуправа веќе продаде поголем број градежни парцели за изградба на објекти со разновидна намена.
 
Започна реконструкцијата на булеварот Јане Сандански

Градот Скопје денеска ја започна најавуваната реконструкција на булеварот Јане Сандански во општина Аеродром, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата кај ресторанот „Мекдоналдс“ близу трговскиот центар „Бисер“. Иако најавувана до улицата Васко Карангелески, локалната власт се одлучи овој сегмент од булеварот да го обнови во втората фаза од реализацијата на овој проект, за која веќе е распишан тендер. „Сообраќајницата на овој потег ќе се реконструира во должина од околу 700 метри, во двете насоки. Во текот на градежните работи на булеварот Јане Сандански ќе се изгребе постојниот оштетен асфалтен слој, а каде што има потреба ќе се засили подлогата. На површина од 21.200 метри квадратни ќе се нанесе нов асфалтен слој од Сплит Мастикс, кој дава дополнителен квалитет на асфалтот“, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

На одредени делови од булеварот ќе се санираат тротоарите и ќе се нивелираат 40 шахти и сливници, а оштетените рабници ќе се заменат со нови. Рокот за изведба е 60 работни дена. Градежните активности на терен ќе ги врши оперативата на претпријатието „Гранит“ од Скопје. Во претстојниот период се очекува избор на најповолен понудувач кој ќе ја изведува реконструкцијата на овој булевар до крстосницата кај „Мајчин дом“.
 
Великанот Богдан Богдановиќ го потсети Скопје на вистинските архитектонски вредности

Во присуство на бројните и верни љубители на меморијалната архитектура, вечерва во Музејот на современата уметност во Скопје беше отворена ретроспективната изложба на најпознатиот белградски архитект, скулптор и универзитетски професор Богдан Богдановиќ. Вредниот творечки опус на авторот, прикажан во актуелната изложба преку создадените скици, идејни решенија за проекти, објекти, скулптури и пишани трудови, пристигна во Скопје по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на архитектурата. „Богдан Богдановиќ – проколнатиот архитект“ го доловува задлабоченото навраќање на заборавените архитектонски вредности на овие простори. Бардот на југословенската архитектура остави бравурозни спомен – обележја во чест на паднатите борци и невини граѓани во Втората светска војна на тлото на Југославија.




Преку поставката во Музејот на современа уметност, скопската публика уште еднаш се потсети на врвните достигнувања: споменикот „Камен цвет“ во Јасеновац, спомен паркот „Слободиште“ во Крушевац, споменикот на паднатите српски и албански партизани во НОБ во Косовска Митровица и десетина други архитектонски остварувања. Македонија ја има честа да биде дом на едно од највредните негови дела, меморијалниот комплекс Могилата на непобедените во Прилеп, изграден во 1961 година, во чест на паднатите борци во Народноослободителната борба.




На вечерашното свечено отворање, јавноста можеше да се запознае и со проектот „Портрети на архитектите“, комплексна панорама на достигнувања на српските архитекти – членови на Архитектонската секција при УЛУПУДУС, Белград. Манифестацијата се одржува во рамките на овогодинешното издание на Скопско лето, а како организатори на изложбата на архитектот Богдан Богдановиќ се јавуваат Музејот на град Белград, Белградската интернационална недела на архитектура, Центарот за архитектура во Виена и Архитектонскиот факултет во Белград.


 
Седиштето на Народна банка се сели на плоштадот Македонија

Според информациите што денеска ги објави телевизијата „Алфа“, Народната банка на Македонија ќе се пресели во нова административна зграда што ќе се гради на локацијата на која што беше најавувана црквата Св. Константин и Елена на плоштадот Македонија [»мапа]. Објектот е планирано да се гради на парцела со големина од 1.405 метри квадратни, да биде висок 40 метри и да има приземје, десет ката и поткровје, со вкупна површина од 16.860 метри квадратни. Во денешните изданија на весниците е објавен и конкурс за избор на идејно решение за новата зграда. Од раководството на банката како еден од критериумите за избор на најдобриот проект го наведуваат обезбедувањето простор за визура на Портата Македонија и споменикот „Воин на коњ“ од двете страни респективно.




Во објавениот оглас се бара од архитектите да создадат проект чија што форма би била произлезена „од влијанијата на контекстот“, додека зацртаните скали на зданието, покрај функционална важност треба да имаат и украсна функција на објектот и на околината. Победничкото архитектонско решение ќе биде наградено со 800.000 денари, втората награда изнесува 500.000 денари, додека вреднувањето на третиот по квалитет труд што ќе ги задоволи пропозициите изнесува 300.000 денари. Народна банка ќе откупи уште три дополнителни идејни решенија, при што е подготвена за нив да плати износ од 80.000 денари за секој труд поединечно. Крајниот рок за предавање на конкурсните трудови е 01.10.2012.

 
Реконструкција на 14 средни училишта во Скопје

Четиринаесет средни училишта во надлежност на Град Скопје ќе бидат реконструирани до почетокот на учебната година. Градоначалникот Коце Трајановски денеска го означи стартот на проектот чија финансиска тежина изнесува нешто помалку од 36 милиони денари, односно околу 580 илјади евра, средства од буџетот на Градот.

Со проектот е предвидена замена на азбестно – цементните покриви на СУГС „Владо Тасевски“ и СУГС „8-ми Септември“, во вкупна површина од околу 5.500 метри квадратни, за што се издвоени 15.732.829 денари. Во овие две, но и во други 12 средни училишта исто така ќе се врши замена на прозорци и столарија, санација на санитарните јазли, подовите и покривните конструкции, обезбедување на греење и изградба на тротоари. За овој дел од проектот се издвоени 20.134.310 денари.
 
Zurück
Oben