Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Skopje - Bauprojekte

Panorama von Skopje

panoramaskopje20120614.jpg
 
Also ich finde das Bauwerk echt klasse....ich selber studiere Architektur und befasse mich daher auch mit den neuen Bauwerken. Daher schaue ich mich immer mal im INternet und Foren um, um mich auf meine Abschlussprüfung vorzubereiten. Letzte mal bin ich zum Designerblog gelangt und habe auch dort viele spannende Möglichkeiten gefunden. Ich finde es einfach interessant, die Bauwerke und vor allem auch den eigentlichen Aufbau dieser kennenzulernen :)


Wann soll das Bauwerk denn gebaut werden?
 
Also ich finde das Bauwerk echt klasse....ich selber studiere Architektur und befasse mich daher auch mit den neuen Bauwerken. Daher schaue ich mich immer mal im INternet und Foren um, um mich auf meine Abschlussprüfung vorzubereiten. Letzte mal bin ich zum Designerblog gelangt und habe auch dort viele spannende Möglichkeiten gefunden. Ich finde es einfach interessant, die Bauwerke und vor allem auch den eigentlichen Aufbau dieser kennenzulernen :)


Wann soll das Bauwerk denn gebaut werden?


Welches meinst du denn genau?

Pozdrav
 
Белгиски „Ван Хол“ влегува во „Бунарџик 2“

Една од водечките белгиски компании, „Ван Хол“ (Van Hool), закупи градежна парцела со површина од 117.640 метри квадратни во „Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 2“ кај Бунарџик. Временскиот период на закуп на земјиштето изнесува 95 години, при што белгијците ќе одвојат по 10 евроценти за метар квадратен во првите пет години, односно по 11.764 евра годишно. Според информациите од објавата во „Службен весник“, за да управува со земјиштето, „Ван Хол“ во период од 60 дена по потпишувањето на договорот ќе треба да уплати околу 59 илјади евра за првите пет години од закупот.


van%20hool%20bus.jpg



Белгискиот производител на автобуси ја потврди инвестицијата во индустриската зона „Бунарџик 2“ на почетокот од 2012 година. Тие најавија дека во фабриката во Македонија ќе вложат околу 20 милиони евра, а производството на првите 300 автобуси за американскиот пазар го најавија за втората половина на 2013 година, по завршувањето на изградбата на индустрискиот објект. „Ван Хол“ годишно изработува околу 1.400 автобуси и 4.000 разни видови комерцијални возила.

 
Mega-Projekt EraCity

Мега – проектот „Era City“ конечно ќе се изгради?

Огромниот комплекс „Era City“ кај скопскиот саем [»мапа], чија изградба е закочена веќе четврта година, според пишувањето на дневниот весник „Дневник“ сепак ќе дочека реализација. Според неофицијалните информации објавени во весникот, словенечката групација „Ера“ која е сопственик на саемот и на околниот простор на кој треба да никне комплексот, до крајот на месецов ќе потпише договор за партнерство во проектот со турската компанија „Турк мол“.

„Era City“ беше промовиран како „град во град“, каде на површина од 165.000 метри квадратни со инвестиција од околу 150 милиони евра требаше да се изградат трговски центри, деловни објекти, катни гаражи, мала когенеративна електрана и бензинска пумпа. Изградбата официјално започна на 1 февруари 2008 година, кога беше поставен камен темелник за деловнa зградa која треба да има 11 надземни и две подземни нивоа и вкупна површина од 33.600 метри квадратни. Околу година и пол подоцна, без поголем видлив напредок во меѓувреме, изградбата на комплексот беше запрена на неодредено време.

» Форумска дискусија за овој проект



 
Споменици на Васил Чакаларов и Христо Узунов за 450.000 евра

Општина Центар за лиење на скулптура и рељефи во бронза за спомен – обележјата на Васил Чакаларов и Христо Узунов ќе одвои 27.712.772 денари или нешто повеќе од 450.000 евра, иако првичната сума што се наведуваше на седницата на Советот на општината во текот на минатиот јуни изнесуваше околу 140.000 евра за двата споменика. Финалната реализација на спомен – обележјето за Васил Чакаларов ќе ја изработи РЖ Институт за 20.532.000 денари, а споменикот ќе биде комплетиран до крајот на ноември годинава. Скопската леарница „Панко“ ќе ја лее во бронза скулптурата на Васил Узунов за 7.180.772 денари, при што обележјето за овој македонски револуционерен деец ќе биде завршено до крајот на август годинава.

Автори на споменикот на Васил Чакаларов се уметниците Дарко и Елена Дуковски, додека Сокол Цфарку го изработи споменикот на Христо Узунов. Новиот кружен тек на вкрстувањето помеѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Мито Хаџивасилев Јасмин и Костурски херои е локацијата на која ќе се постави споменикот на Чакаларов, додека второто обележје ќе се смести спроти Министерството за правда на улицата Димитрја Чуповски во центарот на Скопје. Двата споменика ќе биде бидат високи по пет метри.



 
Кружен тек и во Бутел

Денеска започна изградбата на кружен тек на вкрстувањето на улиците Александар Урдаревски и Боца Иванова во скопската населба Бутел. Кружниот тек ќе се формира на ниво на постојниот коловоз и во него ќе има две сообраќајни ленти, а средишниот дел ќе се исполни со хумус и ќе се засади трева. Улиците Александар Урдаревски и Цетинска ќе бидат физички одвоени со тротоар и ќе бидат поставени метални столбови коишто ќе спречуваат преминување на возила.





После зафатот Улицата Александар Урдаревски во близина на новото сообраќајно решение ќе има две коловозни ленти со ширина од по 3,5 метри, а од страните на коловозот ќе се изградат тротоари со променлива ширина, како и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри. Предвидени се и две автобуски стојалишта, по едно од двете страни. Улицата Боца Иванова ќе има две коловозни ленти од по 3,5 метри и тротоари од двете страни широки по 3 метри. На кружниот тек и на деловите од улиците што се спојуваат со него ќе се нанесе нов асфалтен слој од Сплит Мастикс 16, што се очекува да го одложи формирањето на колотраги. Градежните активности ќе се искористат и за реконструкција и заштита на постоечката водоводна мрежа, како и изградба на нова со должина од 127 метри и профил Ф 200. Проектот предвидува и изградба на атмосферска канализација во должина од 300 метри, со променлив профил од Ф 200 до Ф 500.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Бауер БГ“. Во овој проект Градот Скопје ќе вложи околу 23,3 милиони денари, а рокот на изведба е 100 дена.
 
Zurück
Oben