mk1krv1
Top-Poster
Die Gemeinde Aerodorm bekommt eine neue Sport-Halle mit 5000 Sitzplätzen
Општина Аеродром во експресен рок ја спроведе целокупната процедура по огласот објавен пред 40-тина дена, со кој бараше инвеститор за изградба на нов спортски комплекс „Јане Сандански“ по пат на јавно – приватно партнерство. Денес беше потпишан договорот со новоформираната компанија „Спортски центар Јане Сандански“ која ќе го гради зданието, чија вредност беше проценета на околу 8 милиони евра. Идниот комплекс ќе се издигне на локацијата на постоечката спортска сала на МЗТ во населбата Аеродром и ќе се состои од главна повеќенаменска сала со капацитет за 5.000 гледачи и помошна сала со капацитет за 1.000 гледачи, како и повеќекатница која ќе содржи комерцијален простор, простор за хотелско сместување со теретана и спа – центар, ресторан, блок за медиуми, административен дел, амбуланта и паркинг простор за 500 возила. Салата ќе биде со висина од 21 метар, а дозволената висина на пропратниот повеќенаменски објект е 34 метри. Фирмата „Спортски центар Јане Сандански“ ќе треба да вложи сопствени финансиски средства во изградба на комплексот со предвидена површина од 11.000 метри квадратни. За возврат, таа ја доби концесијата за стопанисување со него во временски период од 35 години. Локалната самоуправа го ослободи инвеститорот од трошоците за комуналии, но и од плаќање на атрактивното градежно земјиште. Ако се земат во предвид точките од договорот, тогаш модерниот спортски центар треба да биде завршен во рок од 18 месеци.
Es wird eine Hochgarage beim alten Theater gebaut.
So sieht es gerade beim alten Theater aus
Mariott Hotel