Du verwendest einen veralteten Browser. Es ist möglich, dass diese oder andere Websites nicht korrekt angezeigt werden. Du solltest ein Upgrade durchführen oder einen alternativen Browser verwenden.
Es haben schon die ersten Vorbereitungen für den Bau des neuen Hotels am Plostad begonnen.
Грчкиот милијардер Деметрис Кондоминас деновиве ги започна подготовките за изградба на Офицерскиот дом и хотелот на плоштадот Македонија. Градежни работници го отстрануваат досегашното паркиралиште на Ј.П. „Градски паркинг“ и велосипедскиот пункт, а истовремено се оградува атрактивната парцела со површина од 6.308 метри квадратни. Познатиот бизнисмен го купи земјиштето од државата во март 2011 година по цена од 38.478.800 денари односно околу 625 илјади евра. По купувањето на локацијата, инвеститорот вети дека ќе вложи помеѓу 30 и 50 милиони евра во двата објекти со планирана површина од 52.643 метри квадратни. Во ДУП Мал Ринг се зацртани маркички за двете зданија со приземје, 7 ката и поткровје и максимална висина од 29 метри. Неокласицизмот е архитектонскиот стил на хотелот, што однапред го избра Министерството за транспорт и врски. Тој ќе мора да има барем четири ѕвездички и да биде управуван или под франшиза на ланец од најмалку 250 хотели во светот. Грчкиот инвеститор ќе треба дел од Офицерскиот дом без надоместок да го отстапи во функција градската власт, кој ќе се употребува како резиденција на скопскиот градоначалник и во него ќе се смести и матичната служба.
Es haben schon die ersten Vorbereitungen für den Bau des neuen Hotels am Plostad begonnen.
Грчкиот милијардер Деметрис Кондоминас деновиве ги започна подготовките за изградба на Офицерскиот дом и хотелот на плоштадот Македонија. Градежни работници го отстрануваат досегашното паркиралиште на Ј.П. „Градски паркинг“ и велосипедскиот пункт, а истовремено се оградува атрактивната парцела со површина од 6.308 метри квадратни. Познатиот бизнисмен го купи земјиштето од државата во март 2011 година по цена од 38.478.800 денари односно околу 625 илјади евра. По купувањето на локацијата, инвеститорот вети дека ќе вложи помеѓу 30 и 50 милиони евра во двата објекти со планирана површина од 52.643 метри квадратни. Во ДУП Мал Ринг се зацртани маркички за двете зданија со приземје, 7 ката и поткровје и максимална висина од 29 метри. Неокласицизмот е архитектонскиот стил на хотелот, што однапред го избра Министерството за транспорт и врски. Тој ќе мора да има барем четири ѕвездички и да биде управуван или под франшиза на ланец од најмалку 250 хотели во светот. Грчкиот инвеститор ќе треба дел од Офицерскиот дом без надоместок да го отстапи во функција градската власт, кој ќе се употребува како резиденција на скопскиот градоначалник и во него ќе се смести и матичната служба.
Уште една катна гаража во центарот на главниот град
Стартуваше изградбата на најавената катна гаража до зградата на поранешна „Нова Македонија“ [»мапа]. Објектот ќе има седум нивоа над земја и едно ниво под земја, со вкупна површина од 8.438 метри квадратни, од кои 1.025 метри квадратни на приземјето и на првиот кат ќе бидат наменети за деловно – трговски содржини. Останатите нивоа се предвидени за паркирање, а капацитетот на гаражата според проектот треба да биде 189 паркинг места. Сите катови ќе бидат поврзани со вертикални комуникации – складишно јадро и два лифта. Ова е втора катна гаража чиј инвеститор е општина Центар, после катната гаража „Судска палата“ која се очекува да биде отворена наскоро.
Изведувач на градежните работи е „Пелагонија АД Гостивар“, а надзорот го врши „Градежен институт Македонија“. Инвестицијата е во висина од 238 милиони денари, односно околу 3,87 милиони евра, средства обезбедени од општинскиот буџет и преку кредит во износ од 3 милиони евра. Рокот за реализација на проектот е 12 месеци.
За Стариот театар ќе се потрошат уште 265 илјади евра
Македонските ликовни уметници Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото, Златко Глигоров, Ема Петрова – Николовска, Синиша Стефановиќ – Кашавелски и Константин Качев се избрани да го насликаат плафонот во големата сала на Стариот театар во Скопје. Министерството за култура на крајот од јануари склучи договори со секој од уметниците, со што од буџетот на државата ќе се одвојат дополнителни финансиски средства во износ 16.322.217 денари или нешто над 265 илјади евра. Времетраењето на договорот изнесува 60 дена, така што плафонот целосно треба да биде готов до крајот на март, поточно за веќе закажаното свечено отворање на објектот на Светскиот ден на театарот којшто се одбележува на 27 март. Истите уметници претходно го изработија и идејното решение за плафонот во големата сала, но на интернет – страницата на Бирото за јавни набавки не е објавена висината на финансиските средства што се одвоени за оваа намена.
Пред да стартува нивното ангажирање, градежните работници и стручниот тим на австриската компанија „Штрабаг“ работеа на изведбата на декоративниот таван во главната сала. Во претстојниот период треба да се постават столчињата, да се доврши осветлувањето и да се финализираат свечените ложи, на кои ќе биде поставена орнаментика со мотиви од македонското културно наследство. Очекувањата се дека малата сала од идното седиште на највисоката театарска установа во земјава ќе биде прва завршена. Академскиот скулптор Александар Ивановски – Карадаре до крајот на март треба да ја заврши централната скулптурална композиција во зданието, на која ќе бидат претставени основоположниците на националното театарско творештво: Војдан Чернодрински, Ристо Крле, Васил Иљоски, Антон Панов и Јордан Хаџи Константинов – Џинот. За разлика од ентериерното обликување на внатрешноста, надворешната визура на Стариот театар е речиси целосно готова по поставувањето на 45-те скулптури на фасадата од зданието.
Новата зграда на Македонскиот народен театар започна да се гради на почетокот од 2007 година, врз основа на идејното решение на архитектот Јован Стефановски – Жан. Во реализацијата на проектот досега се потрошија преку 28 милиони евра од државниот буџет. Во согласност со проектната документација, објектот се состои од две сали, голема сала со капацитет од 756 седишта и мала сцена со 236 седишта. За изведување на градежните активности на Стариот театар беше задолжена компанијата „Бетон“ од Штип, браварските, столарските, фасадерските и каменорезачките работи ги реализира „Ламоне Мореда“ од Италија, додека за уредување на ентериерот е избрана австриската компанија „Штрабаг АГ“.
о Скопје сe повеќе се градат хотели од различни категории, а според познавачите на состојбите, тоа е така бидејќи пазарот и побарувачката ги диктираат тие тенденции, анализира неделникот Капитал. Според инвеститорите, има повеќе фактори кои влијаат на подемот на изградбата на хотели, но меѓу нив е ланската одлука на Владата државните градежни парцели да ги продава со почетна цена од само едно евро за метар квадратен, па многу од најавените хотели ќе се градат токму на државно земјиште. Во оваа насока, на почетокот на годината Владата обезбеди четири кредитни линии за долгорочно финансирање за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од оној кој е определен со три ѕвезди. Зголемениот број на туристи и Македонија како бизнис-дестинација исто така ја налага потребата од различно категоризирани хотели. Во моментов во Скопје има 41 хотел, од кои пет хотели се со пет ѕвезди, пет со четири ѕвезди и десет се со три ѕвезди. Останатите се од пониска категорија. Проценките говорат дека во наредните две-три години ќе се изградат дваесетина нови хотели, од кои два ќе бидат со светско брендирано име. Според Златко Тодоров, извршен директор на Кубус инженеринг, има повеќе фактори зошто изградбата на хотели во Скопје е во подем, а меѓу нив е и тоа што пазарот ја диктира побарувачката за хотели. „Намалената вредност на земјиштето, секако, влијае на зголемената изградба, но тоа не е најважното. Инвеститорите во моментов проценуваат дека изградбата на хотели е посигурна инвестиција, а тоа го говорат показателите, истражувањата и критериумите на пазарот. Исто така, големо влијание има што Скопје постанува главен туристички центар во Македонија. Посетеноста е зголемена и оттука, неминовно се зголемува побарувачката за хотели“, објаснува Тодоров. Исто така, тој потенцираше дека доколку шифрарникот на новите објекти дозволува, дел од објектите се пренаменуваат и за хотелско сместување. Тодоров смета дека многу е важно каде се наоѓа објектот за истиот да живее 24 часа. „Потребно е во објектот да има канцеларии, во близина да има локали и хотел кој ќе работи 24 часа. Во поголемите градови ова е еден светски тренд и движење, сe со цел комуникацијата да биде олесната. Од аспект на архитект, токму тоа ми е битно, објектот да живее 24 часа, а како инвеститор, важно е да се знае дека купците се ориентирани кон простори во чиј шифрарник постои можност за пренамена на дел од просторот во хотел“, вели Тодоров за Капитал. ЕкономÑ�ки » ХотелÑ�ки градежен бум во Скопје
Се подготвува реконструкција и проширување на дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“
Градежната компанија „Бетон“ од Скопје е избрана за најповолен понудувач за реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“ во должина од околу 600 метри. Најважната сообраќајница што ги поврзува општините Бутел и Чаир засега нема да се продолжува кон скопската обиколница. Вредноста на потпишаниот договор за санација на овој сегмент од трасата изнесува 61.070.629 денари. Градежните активности на проектот ќе се одвиваат во временски период од шест месеци. Изведувањето на електричните инсталации за осветлување на овој дел од булеварот ќе го врши компанијата „Елтра“ од Скопје за 2.478.000 денари, со што вкупниот буџет за реконструкцијата е 63.548.629 денари или преку еден милион евра.
Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ беше предвидено да се проширува и да се поврзе со обиколницата уште во текот на минатата година. Граѓаните од Радишани, Љубанци, Раштак и Љуботенски пат веќе неколку години бараат поврзување на овој булевар со скопската обиколница со цел да се намали секојдневниот метеж на улицата „Бутелска“, која претставува единствена врска на овие населени места со центарот на Скопје. Градската власт подолго време работеше на основниот проект за продолжување на трасата, но за отпочнување на ваквиот зафат во претстојниот период треба да се откупат приватните парцели низ кои треба да поминува булеварот и да се обезбедат неопходните финансиски средства за градежните активности.
Доколку замислувавте дали е возможно да се живее близу до центар, но сепак далеку од градскиот метеж, во градба која е спој на луксуз и квалитет, опкружени со атмосфера на вистински рај, зачинета со летниковци и паркови и згора на тоа, непроценлив поглед кон реката Вардар, – тогаш токму таа замисла е во зрела фаза на реализација. До јуни оваа година компанијата Enta Seal ќе го доврши прекрасниот станбен комплекс, Проект К, кој почна да никнува пред 6 месеци на површина од 7000 м2 на кејот на реката вардар, во близина на хотелот Александар Палас. Она што вистински го издвојува овој станбен комплекс од останатите згради е: 1.Непречен поглед кон Вардар – еквивалент на живот во метропола. 2.Опкруженост со зеленило, паркови и детски игралишта. Од вкупна површина од 7000 м2, комплексот ефикасно користи 3000м2, додека останатите 4000м2 се икористени за претворање на просторот во вистински животен простор, исполнет со уживање и пријатност. 3.Подземен паркинг за секој стан. Просториите предвидени за паркирање на возилата се поврзани со становите со лифт. 4.Сопствено ладење и греење за секој стан, што пак нуди максимална заштеда и контрола врз трошоците. Визијата која Enta Seal ја реализираат преку Проектот К е градење на вистински животен простор. Со оваа визија Enta Seal создаваат повеќе од станови. Со Проектот К, на пат се да изградат вистински домови. http://faktor.mk/archives/28811