mk1krv1
Top-Poster
Der Bau der Hochgarage beim alten Theater hat begonnen.
Започна изградбата на катна гаража спроти Стариот театар
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката (АДСДП) почна со изградба на својата трета катна гаража во центарот на Скопје. Новиот гаражен објект се наоѓа непосредно до Стариот театар и Меморијалниот центар на Холокаустот [»мапа], ќе има вкупна површина од 10.037 метри квадратни, едно подземно ниво (-3 метри) и висина од 20,7 метри. Бројот на паркинг места изнесува 169, а паркирањето во оваа гаража поради големината и типот на урбанистичката маркичка е решено во кружно јадро и е спирално, што на објектот му дава специфичен облик. Покрај паркинг, 1.539 метри квадратни од објектот се предвидени за деловен простор сместен во периферните делови – во краците на приземјето и на двата ката.
Во новата катна гаража ќе бидат вложени 273.191.013 денари или околу 4,4 милиони евра. Изведувач на градежните работи е италијанската „Ламоне Мореда“ која е вклучена во повеќе проекти од „Скопје 2014“ и која зделката ја доби во битка со пет домашни и странски градежни компании кои се јавија на тендерот. Проектот го изработи „ГМС Проект“, а надзорот ќе го врши самиот инвеститор – АДСДП. Рокот за реализација е 24 месеци.
» Форумска дискусија за овој проект