Du verwendest einen veralteten Browser. Es ist möglich, dass diese oder andere Websites nicht korrekt angezeigt werden. Du solltest ein Upgrade durchführen oder einen alternativen Browser verwenden.
Der Bau des Parks "Banovina" in Gorno Lisice hat begonnen.
Општина Аеродром наскоро ќе добие нова зелена површина. Денеска стартуваа градежните работи за изградба на паркот „Бановина“ во населбата Горно Лисиче. Проектот е предвидено да се реализира на површина од 6.500 метри квадратни и ќе се состои од зеленило со површина од околу 2.300 метри квадратни, езеро од 550 метри квадратни на две нивоа со пешачки мост и видиковец, додека за најмладите посетители на паркот е планирано да се направи детско игралиште.
Во рамките на уредениот простор ќе се изведат пешачки патеки, осветлување, жардиниери, летниковец, клупи, канти за отпадоци и чешми, а локалната самоуправа планира идниот парк да го огради и со тоа да го заштити од несовесните граѓани.
За изведувач на градежните работи е избрана компанијата „Урбан инвест“ од Кавадарци. Висината на финансиските средства кои ќе се вложат во проектот изнесува 34.522.080 денари или околу 560 илјади евра. Времетраењето на потпишаниот договор за изградба на паркот „Бановина“ изнесува 12 месеци.
Во завршна фаза се подготовките за реализација на проектот за изградба на црквата „Св. Недела” во населбата Кисела Вода, кај Расадник. Иницијативниот одбор за изградба на црквата кој е составен од претставници од Македонската православна црква, бизнис – заедницата од општината Кисела Вода претставувана од сопствениците на компаниите Дизајн Фантазија, Тони Трајков и Пежо Македонија, Даниел Војновски, како и претставници од локалната самоуправа, одржаа состанок во просториите на МПЦ, при што ги дефинираа деталите околу изградбата на црквата.
На состанокот присуствуваа и Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и градоначалникот на општината Кисела Вода, Марјан Ѓорчев. Црквата ќе се гради на предвидената локација помеѓу спортската сала Расадник и СП – маркетот на развиена површина од 580 квадратни метри, којашто опфаќа подрум, приземје и кат за хор. До црквата е предвидено да се изгради и помошен објект со вкупна развиена површина од 300 квадратни метри. Како главни донатори се јавуваат општината Кисела Вода и дел од бизнис-заедницата во општината.
До крајот на неделва треба да завршат градежните работи за изградба на потпорните ѕидови и платото над дуќаните во Чаршијата.
Готов е првиот дел од плоштадот Скендер бег. Општина Чаир до крајот на неделва треба да заврши со градежните работи за изградба на потпорните ѕидови и платото над дуќаните во Чаршијата. Веднаш штом се заврши со оваа фаза, општинарите ќе почнат со средување на документацијата и барање градежна дозвола од Општина Центар за изградба на пешачката зона над булеварот Гоце Делчев. 'Платото над дуќаните веќе е пешачка зона. Со работа почнаа и дуќаните бидејќи градежните работи се завршени. Со втората фаза која ќе биде и покомплицирана односно продолжување на плоштадот до зградата на Македонската опера и балет очекуваме да почнеме најдоцна летово. Парите и за оваа фаза ќе ги обезбеди Владата и тие се веќе предвидени со годинашниот државен буџет' велат од Општина Чаир. Според проектот изградбата на плоштадот вклучува и изведување на подземен паркинг на две нивоа, на местото на постоечкиот. Тој ќе се гради на крај односно по изградбата на пешачкиот премин над булеварот Гоце Делчев. Изградбата на првата фаза од Плоштадот чинеше 2.5 милиони евра. Од Општина 6аир велат дека сеуште не знаат колку ќе чинат останатите две фази, тоа ќе зависело од понудите кои ќе ги добијат на тендерот. (А.А.)
Skopje soll neue Plakatwände bekommen. Компанијата за надворешно рекламирање „Screen Media“ е првиот избран оператор за поставување на рекламни паноа, светлечки реклами и дигитални билборди на територијата на главниот град. Според информациите објавени на интернет – страницата на оваа фирма уште на почетокот од февруари, таа во наредните 15 години ќе располага со 200 локации за мега лајти, 63 за сити лајти и со 12 лцд панели на атрактивни места во Скопје. „Screen Media“ веќе започна да ги поставува новите средства за надворешно рекламирање покрај неколку булевари во општините Центар и Карпош.
Од Градот Скопје сè уште не излегуваат со подетални информации за исходот од јавниот оглас за избор на четири концесионери, кој беше публикуван во октомври 2012 година. „Склучувањето на договорите формално е во тек и кога ќе се завршат сите процедури за правосилноста на истите, Градот Скопје ќе ги објави имињата на концесионерите, условите за концесионирање и зоните за поставување на билбордите“, велат за „Билд“ од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.
Покрај „Screen Media“, не се познати имињата на преостанатите компании што ќе постават средства за надворешно рекламирање во македонската метропола. Висината на финансиските средства што тие ќе ги уплатат на сметка на локалниот буџет исто така не е позната, но почетната цена на сите четири пакети понудени на јавниот оглас за доделување локации изнесуваше 1,2 милиони евра.
Stadtteil Aerodrom, Standort alte Militär Barracken - Barracken werden abgerissen und 50 neue Wohnhäuser/bunker sollen entstehen
[h=1]Нови згради на местото на воените бараки во Аеродром[/h]22/03/2013 | Економија|0 Коментари Над 50 нови станбени единици и комплетно нова инфраструктура ќе се гради во стар Аеродром, на местото на воените бараки. Ова е еден од над сто проекти кои ги содржи програмата на кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО ДПМНЕ, Ивица Коневски.
Општина Аеродром донесе детален урбанистички план за овој локалитет во согласност со новиот ГУП и во консултација со граѓаните и нивните потреби.
Според овој проект, општина Аеродром ќе ја изгради комплетната инфраструктура неопходна за новите згради.
На тој начин, граѓаните што живеат во овој дел од општината, конечно по 40 години, ќе добијат подобри услови за живеење, какви што доликуваат на населба, која се наоѓа на неполн километар од центарот на македонската метропола, додаде Коневски.