Zoran
Μακεδоν τ
Erste Fotos aus dem neuem theater!!!!!!!
[TABLE="width: 100%"]
[TR]
[TD="class: WB_VECER_Normal, width: 100%"]ОТКРИВАМЕ КАКО ИЗГЛЕДА ВНАТРЕШНОСТА НА МНТ
Ексклузивно: Ѕирнете во новиот театар!
Објектот со своите перформанси ќе се издвојува меѓу европските театарски куќи, вели министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска
ВЕЧЕР ви открива како изгледа внатрешноста на старо-новиот театар покрај Вардар! Фотографиите се од видеопрезентацијата на вчерашната прес-конференција. Изгледот досега беше љубоморно чуван од јавноста, која сега за прв пат може да види делови од новиот МНТ.
Иако беше најавено дека објектот ќе биде предаден на 27 март, внатрешноста на театарот во живо" ќе ја видиме кон крајот на мај. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска кажа дека смета оти е добро, по 68 години чекање, театарот да се предаде целосно завршен.
Како што информиравме и претходно, технологијата на партерното уредување е особено сложена, имавме и дополнителни оптоварувања поради временските услови, раскинувањето на договорот со фирмата Конструкторр, склучување на нов договор, и во оваа насока сметавме дека е поважно објектот да биде финализиран и предаден со сите изработени сегменти", рече Канческа-Милевска потенцирајќи дека објектот со своите перформанси ќе се издвојува меѓу европските театарски куќи.
На примопредавањето ќе се одигра и дел од претставата "Вечната куќа" по текст на Јордан Плевнеш со која свечено ќе биде отворена театарската сезона, на први септември. МНТ ќе ја има и првата театарска музејска збирка формирана и презентирана во Македонија.
Во Музејот на МНТ ќе бидат презентирани повеќе меѓусебно компатибилни збирки: плакати, фотографии, програмски книшки, сценографски и костимографски скици, макети, текстови и партитури, документи (вклучително и лични документи на актерите, режисерите, драмските автори...), костими, реквизити, мебел. Посетителите ќе можат да се запознаат со историјата на македонскиот театар но, и да ги видат личните збирки на театарските легенди Прличко, Џувалековски, Бошкова, Шишков, Чашуле, Креља, Џундевска.., се до личните предмети на нашите актуелни актери и уметници", вели Канческа-Милевска.
Околу финансирањето на изградбата, министерката Канческа - Милевска кажа дека сите тендерски процедури се затворени и сите договори се јавно објавени, а почетната сума објавена пред неколку години важи само за градежниот објект, без сценска техника, партер итн. (Де.Т.)
Нова зграда со совршени перформанси
Ќе имаме нова зграда со совршени перформанси. Можеме со гордост да поканиме големи театарски групи, да правиме големи фестивали, без да се срамиме. Речиси секоја вечер имаме претстави, освен во недела, и така ќе продолжиме", рече Дејан Лилиќ, директор на МНТ.
На премиерата со полн сценски сјај
Минатата година Театарот комедија беше отворен на 27 март. Новата зграда е остварување на сонот на многу македонски уметници. Можат да се прават претстави со навистина сложена сценска партитури. За премиерата во погон ќе биде ставена целокупната сценска техника", рече Дејан Пројковски, уметнички директор на МНТ.
Музеј од 100 години театар
Македонија е единствената земја во Европа која нема театарски музеј. Сега ќе добиеме репрезентативна музејска збирка. Во декември годинава се навршуваат 100 години од првата професионална претстава во Македонија. Поставката ќе биде распослана на сите 5 етажи на театарот. Ќе биде раскажана оваа 100-годишна приказна. Ќе има и многу мали трогателни театарски приказни, преку екрани кои ќе зборуваат со вас", рече меѓудругото професорката Јелена Лужина.
Резба од "Свети Спас", икони, менади, музи...
Орнаментиката е застапена во целиот објект, во влезната партија, салите и во делот на администрацијата. Многу е значајно што театарот е и музеј, сам по себе, бидејќи низ орнаментиката е претставено нашето богато културно наследство, мотиви кои припаѓаат на доцноантичкото, средновековното и постсредновековното уметничко наследство од сферата на мозаичната продукција, фрескосликарството, иконописот, декоративната пластика и копаничарските творби. На орнаментиката е аплицирана нашата најубава резба од црквата Свети Спасс, орнаментика од мозаиците од Хераклеја, детали од теракотните икони од Виница, земскиот грб на Македонија од 16 век, маски, релјефи, менади, музи...", откри министерката Канческа-Милевска.
[/TD]
[/TR]
[/TABLE]