Zoran
Μακεδоν τ
ИЛИНДЕНСkО ВОСТАНИЕ
370 против 12.000 – вечно им благодариме
Сите ги знаат главните историски факти за Илинденското востание. Илинден, Мечкин kамен, Никола kарев, Питу Гули, борбите во костурскиот крај... Сите ги почитуваат и ги слават илинденците и тоа е така со децении.
Но, дали сме се обиделе некогаш подлабоко да влеземе во кожата на илинденците и на нивните семејства? Kако тоа би изгледало од денешна перспектива? Дали сме воопшто свесни за подвигот на јунаците? Дали ги разбираме размерите на тие жртви?
Слушајќи го одличниот говор на претседателот Иванов една работа ми се врежа во главата за Мечкин kамен: 370 востаници против 12.000 турски аскер. Уште еднаш: 370 против 12.000! Тоа се 10 комити наспроти 320 Османлии. Или, тоа е 1 човек против 32. Пред тоа се поклонуваме.
Читајќи ги податоците за Илинден 1903, би сакал да споделам неколку податоци кои треба почесто да си ги повторуваме и да се замислиме над нив.
На пример, само во Демирхисарско имало повеќе од 1.000 востаници. Само во малиот демирхисарски регион имало повеќе од 1.000 борци кои биле подготвени да се борат со силата на тогашната армија на Турција.
Селата Царев Двор, Болно, Јанковец и Дрмени имале свои чети. Замислете ги само тие момчиња со 17, 19 или 25 години. Замислете го само нивниот жар и нивниот елан. Нивната бестрашност и пожртвуваност. Замислете ги сите села во тоа време и луѓето во нив. Ете тоа е Илинден.
Додека денес возиме кон Охрид, поминувајќи го Ботун да се сетиме дека таму во 1903 година имало судири цела недела. Цела Дебарца била на нозе, со бегалци и запалени македонски села, а судирите се прошириле на Лешани, Слатина, Лактиње и Врбјани. Kаква траума било сето тоа за тогашните деца?
Или, сите да се замислиме над фактот дека во kостурско имало 2.000 востаници. Kога се вели востаници, не треба да забораваме дека во најголем број тоа биле обични луѓе, домаќини и младинци, кои рекле дека ќе ја бранат честа и достоинството на Македонија и на своите семејства. Вечно им благодариме.
Во kичевско планините Бистра, Стогово и Белчица биле полни со комити. Македонците го нападнале kичево и во еден момент накратко го ослободиле градот. Биле прекинати телеграфските врски меѓу Битола и Прилеп. Урнати сите мостови од Битола до kичево, плус некои мостови во Градско и Велешко.
Борби се воделе во Гевгелиско, kукушко, Ениџевардарско и Воденско. На 10 август бил миниран мостот на железницата во Гевгелиско. Замислете само како ќе изгледаа денешните вести, весници и портали ако сето тоа го пренесеме во денешно време. На тој начин подобро ќе ја разбереме жртвата и подвигот на илинденците.
Во Тиквеш востанието почнало со нападот врз беговата кула, а во повеќе акции имало мртви и ранети. Во само два месеца Никола и Султана Делчеви дознаваат за смртта на двајца свои синови – Гоце и Милан. Гоце во мај 1903 загина во Баница, а Милан Делчев во јуни во битка во селото Грамадна кога загинале 13 комити.
Претходно, во 1901 година загинал третиот нивен син Димитар Делчев, а останал жив само еден син на Делчеви - Христо Делчев, кој преживеал голем број борбени акции. Никола и Султана имале 5 ќерки (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена) и 4 сина (Ѓорѓи – Гоце, Димитар – Мицо, Милан и Христо).
Kај Арџанското Езеро 4 чети на војводата kрсто Асенов се судриле со 3 баталјони на турскиот аскер. 115 комити против 2.200 Османлии со пушки и артилерија. Зарем уште има такви кои сметаат дека Македонците се плашливи капитуланти?
Востанието се проширило кон Мелник и Пиринско. Се редат судирите, борбите и акциите. Такви вести доаѓаат од kресна и Малешевијата. Се случуваат акции во Струмичко (kостурино), Малешевијата, Овче Поле, а во Скопскиот округ имало 15 борби.
И, особено внимавајте на оваа бројка: во тие месеци во Македонија имало 175 баталјони турски аскер, односно 150 – 160 илјади османлиска војска, плус неколку десетици илјади башибозук и локални поддржувачи на Османлиите. Тие имале дома оружје, а по потреба се мобилизирале и влегувале во македонските села. Против таа сила се кренале македонските востаници и комитските чети.
А kрушево? Само од kрушевско имало 15.000 бегалци. Биле запалени стотици куќи и десетици села. Генералот Омер Ружди бил сменет поради тоа што не бил доволно брутален, а на негово место бил поставен Насер Паша.
Во битката на Слива војводата Ѓорѓи Стојанов заедно со 50 комити загинува на својата нива, а пред битката со повеќе илјаден аскер водачите го кажале следново на комитската чета: „Браќа, часот е велик. Врагот е пред нас. Но, и примерот на саможртвување и готовноста за борба до смрт е пред нас. Нека докажеме дека сме корави Македонци, упорни борци и доблесни синови на татковината“.
Само во еден логор во Охридско имало 1.700 бегалци, а во одбраната на цивилите загинале 32 комити. После тоа напаѓачите убиле 158 мажи, жени и деца при напад на 10.000 аскер.
Во Битолскиот округ (kрушево, kлисура, Невеска, Демир Хисар, kостур) имало 19.152 востаници против 292.735 противници (војска, башибозук и мобилизирани подджувачи). Загинале 746 востаници, а другата страна имала 3.087 убиени или ранети. Kомитите му нанеле сериозни загуби на окупаторот.
Во цела Македонија биле запалени и опустошени 201 село и градови. Во текот на 3 месеци окупаторот запалил 12.400 куќи и без дом останале 70.836 лица. Во само 100 дена загинале 8.816 мажи, жени и деца.
Замислете ги илјадниците мајки кои во текот на целиот месец август 1903 дознавале дека нивните чеда загинале во борба. Буквално илјадници мајки. Замислете ги нивните невести. Замислете ги жените кои со часови пешачеле по планините за да се спасат, а во рацете имале по неколку деца.
Драги читатели, ако сте во можност прочитајте барем 1 час за Илинденското востание деновиве. Погледнете ги лицата и очите на старите фотографии на револуционерите.
Замислете ги тие млади луѓе, тие борци и нивните семејства. Замислете го ужасот во македонските села. Замислете ги силата и оловото што удриле по нашиот народ. Затоа, да се сеќаваме, да паметиме и да ги почитуваме. Вечна им слава, поради нив денес ние сме слободни.Влатко Ѓорчев