ЕУРОСТАТ: Македонија подготвена за успешно спроведување на Пописот
Сабота, 01 Октомври 2011 13:04
Повеќе од сигурно е дека Македонија ќе спроведе успешен попис на населението, домаќинствата и становите. Земјата е подготвена за квалитетно и веродостојно прибирање податоци, е оценката на ЕУРОСТАТ што денеска прес-конференција ја соопшти директорот на Директоратот за соработка, комуникација и главни индикатори Питер Евераерс.
- Свесни сме за политичката ситуација во земјата и за комплексноста на ооштеството, но со оглед дека подготовките за пописот се успешно спроведени, убедени сме дека и прибирањето на податоците ќе биде добро, рече Евераерс.
Тој напомена дека ЕУРОСТАТ спроведува само т.н лајт мониторинг зашто е сигурен во квалитетот на работењето на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според директорката на ДЗС Благица Новковска, пописот почна утрово во 8 часот на целата територија на Македонија. Само со почитување на Законот за попис, порача Новковска, може да се очекува квалитетно и веродостојно спроведување на целиот процес.