Проблемот со името ни е наследен но зошто?
Проблемот со името ни е наследен но зошто?
При распаѓањето на поранешна СФРЈ во 1991 година по пат на референдумско изјаснување прогласена е независна Република Македонија, тогашниот претседател Киро Глигоров побара признавање на државата со едно крајно понижувачко, расистичко писмо во кое прафразирано напиша: "Ние сме Словени, дојдени по шестиот век од нашата ера, за да не не поистоветуваат со Бугари и Срби се нарековме Македонци заради името на територијата Македонија што ја населивме.
Во 1993 претседателот на Република Македонија Киро Глигоров, заедно со тогашниот премиеро Бранко Црвенковски и Потпретседателот на Владата на Република Македонија, Стево Црвенковски, го променија името и влегоа во македонската историја како граѓани на ПЈРМ, тие ја прифатиле резолуцијата 817 (1993) без да ги разгледат понатамошните последици.
Социјалистичка Федеративна Република Југославија e членка на Обединетите нации, со потшпишвањето на Повелбата на 26 јуни 1945 година и ратификувана 19
Октомври 1945, се до нејзиното распаѓање, тоа значи дека Р.Македонија, како држава-наследник на СФР Југославија, во согласност со меѓународно-правните правила за сукцесија на државите, може да се смета за оснивач на ОН од 1945 година, со право на продолжување на договорот со своето уставно име и признавање на правото на оснивач на ОН на што Р.Македонија имаше потполно право.
Општо правило за сукцесија кај новите независни држави во Виенската Конвенција е јасно, „новата држава може да стане договорна странка во меѓународен договор или да го одржи неговото важење само по своја волја, изразено во форма на писмена нотификација до другите странки на договорот“, Всушност, се чини дека спорот околу името не е помеѓу Македонија и Грција, но во индиректна форма помеѓу Македонија и Обединетите Нации.
Република Македонија во склоп на СФР Југославија исто така е потписник на, Декларацијата на Обединетите нации документ од Втората светска војна, потпишан на 1 јануари 1942 година од страна на 26 влади.
Оригинални потписници се Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Сојузот на Советските Социјалистички Републики, Народна Република Кина, Австралија, Белгија, Канада, Костарика, Куба, Чехословачка, Доминиканска Република, Салвадор, Грција, Гватемала, Хаити, Хондурас, Индија, Луксембург, Холандија, Нов Зеланд, Никарагва, Норвешка, Панама, Полска, Јужна Африка и Југославија.
Значи ние како потписник на повелбата на ОН, секако дека имаме право на продолжување на договорот како сукцесор држава по распадот на СФРЈ.
Проблемот кој нашиот покоен претседател ни го остави 1993 од делот на Дипломатијата како превентивна дипломатија, со мировната мисија на ОН УНПРОФОР/УНПРЕДЕП во Република Македонија во периодот 1993-1999 година на границата со Албанија и СР Југославија.
Нашиот тогашен претседател Киро Глигоров до Генералниот секретар на ОН испрати писмо на 23 ноември 1992 година до претседателот на Советот за безбедност кој наведува дека бара распоредување на набљудувачи во Македонија поради „неговата загриженост за можното влијание врз неговата земја на борбите во другите делови на поранешна Југославија“.
Сето ова остави голем белег во историјата на нашата држава, ова придонесе мир и стабилност во Македонија во споредба со другите делови на поранешна Југославија но за возврат ја прекршивме цврстата позиција и го променивме ставот на РМ (со притисок на ОН) со прифаќање на резолуцијата 917(1993) и 47/225 (1993) а со тоа и прифаќање на промена на името во ООН во ФИРОМ „да извојуваме победа без борба која ќе ја оставиме наследно и на нашите поколенија“.
Во Повелбата на ОН се употребува следнава формулација на овој принцип на човекот и нацијат: „Сите луѓе имаат право на самоопределување и слободно одредување на политичкиот статус, економскиот поредок и на социјално-културниот развој“ и (параграф2) „пријателските односи меѓу нациите се базирани врз принципите на еднакви права и самоопределување на народите“.
Со мешањето и вршење притисок од страна на Генералното Собрание на ООН, овие договори се ништовнии, во меѓународното право е познато дека договори склучени кршејќи ги основните jus cogens -правила немаат правно дејство во дел од договорот во кој се крши ваквата норма. според Повелбата, Генералното Собрание кое ни ги наметнува резолуциите ги прекршуваат членовите 4 (став 1) и член 2 (ставови 1 и 7) на Повелбата а тие сеуште ден денес ни го перат мозокот дека ова се правни од нивна страна а не политички одлуки?.
во Повелбата јасно е дефинирано:
Член 1
Цели на Обединетите Нации се:
Ст.1 Да го одржува меѓународниот мир и безбедност, да презема колективни мерки за спречување и отстранување на закани за мирот, преку мировни средства, и во согласност со правните начела и меѓународното право, средување или решавање на меѓународни спорови или ситуации кои можат да доведат до нарушување на мирот;
Ст.2 Да развива пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите, и преземање на други соодветни мерки за подобрување на универзалниот мир;
Ст.3 Да постигнува меѓународна соработка при решавање на меѓународни проблеми од економски, општествен, културен или хуманитарен карактер, и промовирање и охрабрување на почитувањето на човековите права и основните слободи за сите без оглед на расата, полот, јазикот или религијата; и
Ст.4 Да биде центар за усогласување на националните постапки за постигнување на заедничките цели
Член 2
Со цел постигнување на целите наведени во Член 1,
Организацијата и нејзините членки делуваат во согласност со следниве начела.
Ст.1.Организацијата е заснована врз начелото на суверенитетна еднаквост меѓу сите членки.
Ст.7.Ништо во оваа Повелба не ги овластува Обединетите Нации да интервенираат во прашања од внатрешните работи на некоја земја ниту пак бара од членките да ги изнесуваат овие прашања на решавање врз основа на Повелбата; но ова начело нема да влијае врз примената на принудни мерки според Поглавје 7.
Член 4
Членството во Обединетите нации е отворено за сите други мирољубиви држави кои ги прифаќаат обврските содржани во оваа повелба, и според проценките на Организацијата, се способни и подготвени да ги преземат овие обврски.
Ако еден човек има природно право на свое име, тогаш има право и да си го избира и гордее со своето име и нема никој право да му го менува, само тој самиот може да си го промени својот идентитет по своја волја, исто така и една држава има суверено и природно основно право да има име (jus cogens), а со тоа и право суверено да си го избира т.е. да го одредува својот правен идентитет, како битен елемент на својот меѓународен субјективитет, тогаш предметот за преговарањето за меѓународно и внатрешно (само за Грција) име е очигледно целосно бесмислен.
Како што покажува правната анализа на резолуциите 845 (1993) и 817 (1993) на Советот за безбедност и 47/225 (1993) на Генералното Собрание на ОН, поставувањето на условите а) и б) на Македонија при нејзиниот прием во ОН претставува грубо кршење на Повелбата на ОН, бидејќи со аргументите и резултатите на таа анализа нашата па и светската научна јавност е веќе запознаена