Černozemski
Македон&
![]()
![]()
![]()
ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА БУЛЕВАР МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВДенеска започна финалната фаза во реконструкцијата и проширувањето на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”, со што Скопје ќе добие уште еден нов модерен булевар. Оваа сообраќајница со проширувањето ќе добие 4 ленти со ширина од по 3,25 метри, а истата ќе има и тротоари од двете страни, како и улично осветлување. Булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” ќе добие и нова кружна крстосница во близина на Католичката црква, со што ќе се добие поголема течност на сообраќајот.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната посета на градежните работи, изјави дека реконструкцијата и проширувањето на овој булевар ќе заврши до петок, доколку тоа го дозволат временските услови. Со овој булевар, Скопје ќе добие ново современо сообраќајно решение, според сите светски стандарди. Градоначалникот посочи дека поради асфалтирањето овој булевар ќе биде целосно затворена и дека движењето ќе мора да биде насочено по други сообраќајници.
Реконструкцијата и проширувањето на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” на потегот од поранешната зграда на Нова Македонија до улицата Френклин Рузвелт започна во мај годинава и истата чинеше околу 85 милиони денари. Наредната година ќе продолжат градежните работи до студентскиот дом “Гоце Делчев”.
video_71446.flv - YouTube
Булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ готов за десетина дена
Македонија
За десетина дена скопјани редовно ќе сообраќаат на булеварот “Теодосиј Гологанов”.
Деновиве се завршуваат асфалтерските работи кои ќе траат до четврток. Градоначалникот на град скопје задоволен од досегашното работење на идната модерна сообраќајница.![]()
-Ќе имаме модерна сообраќајница,широка ... тротоари, осветлување, изјави Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје.
Тој упати и апел до граѓаните да имаат до крај разбирање за пренасочувањето на сообраќајот.Поради непредвидените проблеми со подземниот катастар се пролонгираше работењето и доведе до зголемување на трошоците.Целосната сума на проектот изнесува 85 милиони денари.
Реконструираните улици ќе го растоварат сообраќајот во центарот на градот и ќе овозможат брзо и безбедно движење.