Das Archeologische Museum in Skopje, so soll es aussehen:
Und so sieht es momentan aus:
Започна изградбата на голем станбено – деловен комплекс во Штип
Вчера во штипската населба „Сењак 3“ започна изградба на голем станбено – деловен комплекс со вкупна површина од 25.000 метри квадратни [»мапа], инвестиција на фирмата „Топ Инвест“. Новиот објект ќе има 13 ката со вкупно 150 станови со површина од 40 до 110 метри квадратни, 10 ВИП апартмани, деловен простор на 3 ката со површина од 4.500 метри квадратни и подземна гаража на две нивоа со површина од 4.000 метри квадратни и со 400 паркинг места. Вредноста на инвестицијата е 10 милиони евра.
Земјиштето со површина од 2.237 метри квадратни на кое ќе се гради комплексот, беше продадено од страна на Министерството за транспорт и врски пред една година, за нешто повеќе од 100 илјади евра. Купувач беше фирмата „Нико 2002“, која заедно со „Роби Инженеринг“ (Телекабел) е сопственик на „Топ Инвест“. Објектот го проектираше „Инвест градба“ од Кочани, а како проектант на фасадата и надворешното уредување се јавува „Платформа“ од Скопје. Ревизијата ја изврши скопската фирма „Статика 001“. Изведувач на градежните работи е компанијата „Бетон Кочани“, која треба објектот да го заврши во рок од две години. Надзорот го врши „Техно инвест“ од Штип.
Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, за есенва најавува почеток на изградба на уште две станбени згради во градот. Според Алексов, на Штип во моментов му се потребни околу 1.000 нови станови.
Три албански споменици чекаат на ред
Се бара леарница за изработка на три споменици на познати албанските дејци, Пјетар Богдани, Јосиф Багери и Неџат Аголи, кои ќе бидат високи по пет метри и поставени на триметарски постаменти.
- Споменикот на Пјетар Богдани ќе биде поставен во паркот Жена борец, Јосиф Багери во непосредна близина на Стариот Театар, а спомен обележјето на Неџат Аголи ќе биде поставено во зоната каде што се спојуваат Кејот 13 Ноември и плоштадот Македонија - вели Јовица Ацковски, портпарол на општина Центар.
Автор на спомен обележјето на Пјетар Богдани е Љиндита Беќири, на Јосиф Багери е Муамер Садику, а споменикот на Неџат Аголи е дело на Исмет Рамиќевиќ.
Колку ќе чинат спомениците, од општина Центар сé уште не обелоденуваат. Од таму информираат само дека целата финансиска конструкција за нивната изработка, превоз и осигурување до леарница, лиење во бронза, заклучно со поставување на постамент, ќе биде објавено на Бирото за јавни набавки, откако ќе заврши постапката за избор на леарница.
ГМВ/БИ
??? ???????? ????????? ?????? ?? ???
Folge dem Video um zu sehen, wie unsere Website als Web-App auf dem Startbildschirm installiert werden kann.
Anmerkung: Diese Funktion ist in einigen Browsern möglicherweise nicht verfügbar.
Wir verwenden essentielle Cookies, damit diese Website funktioniert, und optionale Cookies, um den Komfort bei der Nutzung zu verbessern.
Siehe weitere Informationen und konfiguriere deine Einstellungen