[h=2]Грозoморниот акт го извршила група убијци[/h][h=4]сабота, 14 април 2012, 14:17[/h]
Повеќе лица со три типа оружје го извршиле петкратното убиство, соопшти пред малку министерката за внатрешни работи. Првичните резултати од истрагата според Јанкулоска говорат дека грозоморниот чин најверојатно го сторила група. На момчињата било пукано од блиску и смртта според резултатите од обдукацијата настанала врз основа на огнострелните рани предизвикани од три типа куршуми.
Министерката нагласува дека ниту е познат идентитетот а камоли етничката припадност на извршителите и апелира да престанат шпекулациите кои може да предизвикуваат нарушување на меѓуетничките однсои. Таа не ја отфрла множноста убијците да се странци, па побарала соработка и од сите соседни полициски служби. Министерката Јанкулоска апелира, секој што има каква било информација, да се јави на телефонскиот број 199 и да ја помогне истрагата.