[TABLE="width: 100%"]
[TR]
[TD="class: WB_VECER_Normal, width: 100%"]
Јанкулоска: Околу 40 граѓани се јавиле да дадат информација за возилото со кое се возеле убијците
-Нашиот впечаток е дека имаме сериозни информации кои би можеле да значат побрзо решавање на случајот, но потребно е дополнително време, истакна Јанкулоска, при тоа додавајќи дека по објавената информација за пронајденото возило кое се наоѓалo на местото на злосторот, на телефонската линија се јавиле околу 40-тина граѓани
Истрагата оди во добра насока, и тоа благодарение на телефонската линија 199, од која добивме многубројни и со добра квалитет информации, посочи денеска министерката Гордана Јанкулоска.
-Нашиот впечаток е дека имаме сериозни информации кои би можеле да значат побрзо решавање на случајот, но потребно е дополнително време, истакна Јанкулоска, при тоа додавајќи дека по објавената информација за пронајденото возило кое се наоѓалo на местото на злосторот, на телефонската линија се јавиле околу 40-тина граѓани.
Од МВР велат дека добиените информации се поклопуваат со нивните претпоставки, што секако ја носи истрагата во позитивна насока.
Министерката уште еднаш апелираше до граѓаните, секоја информација што би можела да помогне за решавање на трагедијата која се случи во четвртокот, да ја пријават на телефонската линија.
Коментирањето на детални аспекти од истрагата, рече министерката, може да наштети на самата истрага.
[/TD]
[/TR]
[/TABLE]