Zoran
Μακεδоν τ
Neuer Stadtpark in Strumica.
[h=1]ФОТО: Езерцето во градскиот парк - нова атракција на Струмица[/h]ВТОРНИК, 17 ЈУЛИ 2012 19:21 РЕПУБЛИКА
Езерцето во градскиот парк станува нова атракција на Струмица.
Градоначалникот Зоран Заев синоќа и официјално го промовираше езерцето во големиот градски парк.
Патеките околу езерцето беа претесни за да ги соберат граѓаните на Струмица кои пристигнаа во голем број и сакаа да бидат дел од свечениот чин, но и да уживаат во новата убавина на паркот, дело на вработените во ЈПКД „Комуналец“.
Вкупната вредност на езерцето изнесува еден милион и 600 илјади денари, од кои еден милион денари се обезбедени од буџетот на општината, а останатите од основните ресурси на „Комуналец“.
-Извршено е и комплетно уредување со нови патеки, канделабри, оградување на целиот простор, а обновено е и детското игралиште, за што дополнително се потрошени 3,5 милиони денари. Големата посетеност на езерцето синоќа кога се промовираше, но и додека се градеше, потврдува дека уредувањето на овој дел од големиот градски парк е вистински избор кој несомнено ќе биде најпосакуваната дестинација во градот, особено во летниот период, информираат од општина Струмица.