Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

5 Mazedonier nahe Skopje ermordet aufgefunden | Масакрот кај Смиљковското езеро

und was ist nun aus den Verdächtigen geworden? weiß jemand was?

Was für Verdächtige? Die Mörder sind bekannt, die anderen 2 die gesucht waren, wurden im Kosovo vor paar Monaten gefasst. Nun hat sich herausgestellt das diese elenden Mörder keinen kosovarischen Pass haben, ergo Kosovo beschützt sie seit einer Weile.

„Вечер“: Осомничените во „Монструм“ немаат косовско државјанство!


Сабота, 18 Мај 2013 09:26

Косовските власти не ги екстрадираат Демири и Исмаиловиќ и пласираат лажни информации во јавноста дека двајцата наводно имаат двојно државјанство. Но, и нашето Министерството за правда молчи и не изврши дополнителен притисок или пак не ги искористи "одличните односни и комуникација" со Косово, кои безброј пати досега беа истакнати, пишува Вечер.

monstrums.jpg


Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети за масакрот кај Смиљковското Езеро, немаат косовско државјанство, ниту пак некогаш поднеле барање да станат косовски државјани официјално потврди косовското МВР.
"Вечер" побара одговор од косовското МВР дали и кога Демири и Исмаиловиќ поднеле барање за косовско државјанство и кога им било одобрено, на што беше официјално одговорено во текот на истиот ден. Во дописот од косовското МВР стои дека двајцата монструми никогаш не доставиле барање за државјанство во Одделението за државјанство, азил и миграција на Министерството за внатрешни работи на Република Косово.
Со ова паѓаат во вода шпекулациите дека Демири и Исмаиловиќ се и косовски државјани и дека тоа е единствената пречка за нивна екстрадиција.
Овие шпекулации ги потврди и подгреа лично косовскиот министер за правда, Хајредин Кучи, кој во средата изјави дека Косово не екстрадира свои државјани и дека монструмите имаат двојно државјанство.

monst.jpg

- Косово не ги испорачува своите државјани. За двете лица за кои станува збор можам да ви кажам дека се косовски државјани, односно имаат косовско и македонско државјанство. Во моментот тие се предмет на судски процес во Косово и тоа ја отежнува екстрадицијата, изјави Кучи за порталот "Сетајмс".
-Сега се поставува прашањето зошто Косово не ги екстрадира двајцата монструми и одлучи да ги држи во притвор и да им суди за далеку поблаго кривично дело во Приштина и која е вистинска цел зад оваа постапка, но и зошто не се придржуваат и го игнорираат договорот за екстрадиција што беше потпишан пред неколку години, пишува Вечер.
Демири и Исмаиловиќ до крајот на месецот треба да се појават во приштинскиот суд, бидејќи се обвинети за недозволено држење на оружје и повеќе од сигурно е дека ќе бидат осудени, што само ќе ја пролонгира и онака неизвесната екстрадиција во Македонија.
Според сите правници и експерти делото за кое се товарат во Македонија, петкратно убиство, односно тероризам, е доволно само по себе Косово да ги екстрадира Демири и Исмаиловиќ дури и ако имаат косовско државјанство.
Затоа станува очигледно дека Косово им пружа заштита на двајцата монструми, собира дневни политички поени, повикувајќи се и раководејќи се на етничката припадност, а во јавноста пласира информации и изјави за наводна борба со организираниот криминал и меѓународна соработка.
Дел од вината што Демири и Исмаиловиќ се се уште во Косово мора да се лоцира и кај нашето Министерство за правда, кое има повеќе од пасивен однос кон случајот ако се земе во обзир дека станува збор за лица кои се бараат за тероризам. Од Кабинетот на министерот Блерим Беџети ниту еднаш не излегоа со информација дека Демири и Исмаиловиќ немаат двојно државјанство, нешто што можеа да го проверат со еден телефонски повик. Изјавите на Беџети беа повеќе од неутрални повикувајќи се на косовските власти, фактот што било најдено оружје при апсењето и дека одлуката зависи од неговиот колега Кучи и тврдејќи дека сториле се што е во нивна моќ.
- Министерството за правда ги презема сите постапки како за сите други случаи, така и во наведениот случај. Во комуникација сме со Министерството за правда на Косово, се уште не сме официјално известени. Но, по сознанијата што ги имаме, факт е дека таму има сторено кривично дело од страна на обвинетите кои се тема на ова прашање за екстрадиција. И факт е дека од правна гледна точка треба да заврши постапката во Приштина. После ќе добиеме и одговор за екстрадицијата, изјави вчера Беџети неколку часа пред "Вечер" да го добие одговорот од косовското МВР.

Министерот дури се дрзна петнаесетина дена да го држи барањето за екстрадиција на своето биро и да не даде одговор на секојдневните новинарски прашања зошто се чека на неговиот потпис.
Во моментот кога барањето беше испратено во Косово, против Демири и Исмаиловиќ веќе беше поднесена кривична пријава и беа сослушани пред истражен судија.
Демири и Исмаиловиќ беа уапсени на почетокот на март во приштинската населба Сончев Рид и им беше одреден екстрадициски притвор. Според обвинителниот акт за случајот "Монструм" двајцата биле непосредни извршители на ликвидацијата на петтемина цивили кај Смиљковското Езеро.
 
Angeblich soll die Munition aus einer der automatischen Waffen von einem der Täter (Fejzi Aziri) die am Tatort sichergestellt wurde, mit einem Fall von 2009 übereinstimmen.



Исти автоматски пушки биле користени во Монструм и во пукање во кое учествувал Фејзи Азири?


10a14177-092e-46c7-bd54-8e64b42299a6





Обвинителството во случајот „Монструм“ побара, а судот прифати да се изврши увид во списите на предметот од 2009 година, во којшто еден од обвинетите, Фејзи Азири е обвинет дека со уште три непознати лица пукал на неговата фарма во Белимбегово.

Според обвинителката, Гордана Гешковска, во ноември 2009 година Азири со уште три непознати лица пукале со автоматски пушки коишто користеле муниција и биле исти со автоматските пушки што биле употребени во петкратното убиство кај Смилковското езеро.


Насер Рауфи, адвокат на обвинетиот, Фејзи Азири рече дека предлогот не треба да се прифати бидејќи се работи за сосема друг кривичен предмет, а оружјето од ова дело било одземено и запленето сд страна на Министерството за внатрешни работи, па според него не би можело истото оружје да биде користено во убиството кај Смилковското езеро.


Судењето за петкратното убиство коешто се случи во април минатата година продолжи без првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои сé уште се наоѓаат на Косово и се чека нивна екстрадиција. Во Косово каде беа уапсени во март годинава, им се суди за нелегално поседување оружје.


Министерот за правда, Блерим Беџети изјави дека судењето во Косово веќе почнало, а првото рочиште било одложено бидејќи не присуствувал еден од адвокатите, но тој очекува судењето за овој предмет којшто според него не е обемен, да заврши брзо.


Родителите на убиените момчиња пред два дена изјавија дека ликвидацијата на момчињата е нарачана од високи структури и дека обвинетите кои сé уште не се екстрадирани, според нив, имаат политичка заштита.


Министерот Беџети не сакаше да ги коментира изјавите на родителите и какви и да се шпекулации за случајот и вели дека треба да му се остави на судот да одлучи и да донесе пресуда./крај/фф

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 
ich verstehe kein slawisch, könnte man nun beweisen dass sie es waren? bislang gab es nur Verdächtige. "Angeblich" ist kein Beweis.
 
Kosovo continues to avoid extradition of Ismailovic and Demiri PDF Print E-mail
Friday, 12 July 2013
Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.

Alil Demiri and Afrim Ismailovic, who are murder suspects in "Monster" case, have been convicted of illegally possessing and carrying weapons and jailed by the Pristina court on Friday.


Ismailovic was sentenced to two years in jail, while Demiri was sentenced to two and a half years.


Kosovo authorities will answer whether and when they will be extradited to Macedonia, after trial ends. If today’s sentence is appealed, at least several months will pass while today’s sentence goes into effect. Their lawyers announced to enter a plea, Kanal 5 TV reported.


The defence of Demiri and Ismailovic at the trial claimed that they have pleaded not guilty in the process led against them in Macedonia over the killings of five men near Skopje.

The Macedonian public prosecution isn't happy with the game Kosovo is playing in their refusal to extradite both suspects. They see the latest sentencing out of Kosovo as a purposeful 'postponment' in extradition procedures.
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Zwei Jahre schon her, massakriert weil sie Mazedonier waren.

10154001_284039478427874_4770682571417057784_n.png


Почивајте во мир Македонски Синови.
 
Zurück
Oben