Братот на убиениот Стевковски: Убијците не се Македонци, не се Албанци...тие се убијци!
Револтиран од начинот на пласирање на информациите во српските медиуми за убиството на својот брат, Цветан Стевковски не сака да се шири тензија и етничка пропаганда.
Стевковски во неговата изјава за весникот Лајм вели: Од наша страна не постои омраза кон Албанците. Имам пријатели Албанци, и мојот покоен брат имаше пријатели Албанци. Омразата кај мене е само кон убијците. Убијците на брат ми не се ниту Албанци, ниту Македонци, ниту Турци, ниту Срби, ниту на Роми. Тие имаат само едно име – убиец“ - изјавил Стевковски. Цветан Стевковски, брат на Борче Стевковски од Црешево, еден од петте убиени на Железарското езеро, не верува дека убијците на неговиот брат се Албанци. Во неговата изјава за весникот Лајм, тој вели дека секогаш неговото семејство имало добри односи со Албанците.
Стевсковски додал: Не сакам да се шири омраза меѓу нас луѓето. Сакам соработка, заедничко инсистирање убијците да бидат фатени и казнети, без разлика од која националност се. Тоа се убијци, убија невин човек. Убија петтмина невини, изјавил Стевковски.