Zoran
Μακεδоν τ
Beim Kloster Treskavec wurde eine Frühantike Siedlung entdeckt.
Pozdrav
[h=3]„Трескавец“ бил култно место и во раната антика[/h]Labels: Antike, Archäologie, Македонски
Иако досега фрагментарно имало ископувања во три наврати во 1953, во 2005 и во 2008 година, сепак годинашните истражувања се многу значајни и фрлаат нова светлина на овој комплекс од повеќе аспекти, археолошки, историски, вели археологот Бранислав Ристески од прилепскиот Завод и музеј
Се копаше на три сектори - црква, трпезарија, конаци
Нови сознанија за манастирот
Манастирот „Трескавец“ имал значајно култно и религиско место во науката, место уникатно на Балканот, каде што имало живот во 17 етапи од вториот век пред нашата ера до 19 век. Ова го потврдија најновите системски археолошки истражувања што ги заврши деновиве екипата од прилепскиот Завод и музеј, предводена од Бранислав Ристески. Според него, со истражувањата што траеја 60 дена се разоткрила енигмата за „Трескавец“ за место што постоело од раната антика, па сѐ до 19 век.
- Нашите истражувања беа опсежни и многуслојни. Не беа само заштитни туку и системски, досега единствени од ваков обем со кој е истражен простор од 80 до 90 отсто од пределот околу манастирот. Иако досега фрагментарно имало ископувања во три наврати во 1953, во 2005 и во 2008 година, сепак годинашните истражувања се многу значајни и фрлаат нова светлина на овој комплекс од повеќе аспекти, археолошки, историски - вели археологот Ристески.
Се копаше на три сектори - црква, трпезарија, конаци. Откриени се населба, бедем, градежни слоеви во кои се среќаваат предмети за секојдневно живење (алатки, керамика), место за погребување, односно 80 гроба (пет вида) посветени на заслужени граѓани исклесани во камен со сложена конструкција што максимум го зголемува ексклузивитетот на „Трескавец“.
- Овие сознанија го потврдуваат континуитетот на користење на просторот од 2 век пред нашата ера до 19 век, со посебен акцент на 12-14 век, со потврда на манастирски комплекс. Има континуитет за култна намена, бидејќи култниот карактер е константен. Во антиката еден култ, во средновековието - христијанството, тоа е константна потврдена со материјални докази - додава археологот.
Најраната населба Колобаиса е од вториот век пред нашата ера со можно постоење на храм на Артемида и Аполон, потоа втората фаза е доцноантичкиот период со антички бедем, а по неа е средновековниот сегмент од 12 до 14 век.
- Особено важен е периодот од крајот на 13 до почетокот на 14 век, кога манастирот го имал најголемиот процут во средновековниот период. Сознанијата од 5-6 век преку откриени остатоци од базилика ни го сугерираат раното христијанство - додава Ристески.
Тој истакнува дека целиот простор околу „Трескавец“ што го зафаќа делот околу Златоврв, преку Бунар и Гумење, треба комплетно да се доистражи и проектот за манастирот да прерасне во капитален за држава.
Истражувањата се дел од целосниот проект за реконструкција на манастирскиот простор, за кој се одделени 15 милиони денари.
- Археолошките истражувања се дел од големиот проект за реконструкција на „Трескавец“. Направени се корекциите на доставениот проект, во делот на статиката, кој е испратен до комисијата на одобрување. Паралелно работиме на проектите за конзервација на црквата, на трпезаријата, магерницата и конаците, а треба да следуваат и истражувања за амбиент-вибрации - вели Гордана Д. Спироска, директорка на прилепскиот Завод и музеј, истакнувајќи дека полека се разоткрива енигмата за манастирот „Трескавец“.
QUELLE
Mein Makedonien: ??????????? ??? ?????? ????? ? ?? ?????? ??????
Pozdrav