Zoran
Μακεδоν τ
Аеродром доби уште едно паркиралиште
Недела, 30 Октомври 2011 14:51
На просторот меѓу спортската сала „Јане Сандански“ и новото фудбалско игралиште покрај кејот на Вардар во Општина Аеродром, денеска беше пуштено во употреба ново паркиралиште со капацитет од околу 80 возила.
Новото паркиралиште чија површина изнесува 2.500 метри, го зголеми бројот за 75 слободни паркинг места за лесни возила и 5 места за автобуси.
Изградбата на новиот паркинг се реализираше со средства во висина од 3,5 милиони денари издвоени од буџетот на Општина Аеродром.
Сепак, она што најмногу ги интересира граѓаните е фактот што паркирањето ќе биде бесплатно.
Изградбата на новото паркиралиште е доказ дека Општина Аеродром продолжува да ги решава проблемите со кои се соочуваат жителите од урбаниот дел, а тоа е недостигот од паркинг простор.
Покрај решавање на проблемот со недостиг од паркиралишта, истовремено се уреди и просторот меѓу спортската сала „Јане Сандански“ и новото фудбалско игралиште покрај кејот на Вардар, кој подолго време беше запуштен и неискористен.
TIME.mk - ???????? ?? ?????