Černozemski
Македон&
Fotos von dem Triumphalen Bogen in Skopje.
Гуштер;3047064 schrieb:Eiskalt wie die ein paar Gebüsche vor Grujos Podest stellen
Der Bogen heisst übrigens "Порта Македонија" - Tor Makedonien und hat herzlich wenig mit Triumph zutun
Eher eine deluxe Version von dem Knochen hier:
Wenn interessiert das Alles?
Jede Stadt wird bebaut.
Wenn interessiert das Alles?
Jede Stadt wird bebaut.
Ново училиште во Драчево, ќе се учи и кинески
Четврток, 12 Јануари 2012 14:28
Старите и дотраени бараки од училиштето „Рајко Жинзифов” во населбата Драчево, ќе заминат во историјата.
Ова основно училиште кое датира од 1963 година, со донација од 3 милиони евра од Народна Република Кина ќе светне во ново руво.
-Договорот за изградбата на училиштето веќе е склучен помеѓу Владите на НР Кина и Република Македонија. Станува збор за една од најголемите кинески донации во државава во областа на изградба на објекти за изведување на воспитно образовната дејност, велат за Курир од општина Кисела Вода.
Согласно проектот кој е изготвен од кинески архитекти, новото училиште ќе има приземје и два ката и спортска сала. Внатрешната опременост на училиштето и целиот инвентар ќе биде кинеска донација. Просторот околу училиштето ќе биде хортикултурно уреден исто така од донаторите.
Обврска на општината Кисела Вода ќе биде само да ги демонтира старите бараки и да обезбеди чист простор за изградба на новото училиште.
Најинтересно е тоа што, од општината ќе предложат во ова училиште факултативно да се изучува предмет за кинеската традиција и култура. Предметот- кинески јазик нема да биде задолжителен.
Рокот за изградба е околу една година, а согласно динамичниот план училиштето е предвидено да почне да се гради во април.
„Битола 2016“ како помал брат на „Скопје 2014“
„Битола 2016“ како помал брат на „Скопје 2014“
Во Битола во наредните четири години ќе се градат нови 28 спомен-обележја
Битола - Проектот „Скопје 2014“ добива помал брат, „Битола 2016“. Во градот под Пелистер во наредните четири години ќе се градат нови 28 споменични обележја. Од нив 14 ќе бидат бисти, седум споменици и исто толку спомен- плочи. Локалната власт очекува помош од државата за реализација на овој проект. И опозицијата, за чудо, ја поддржува програмата. Засега е сигурно дека финансиска конструкција за овој проект се' уште нема.
Програмата на битолскиот Совет дека за само четири години во градот ќе никнат нови триесетина спомен-обележја ја разбранува јавноста, особено што за изградбата и поставувањето на само еден споменик посветен на античкиот крал Филип Втори граѓаните чекаа со години. Сега споменици треба да добијат Даме Груев, царот Гаврило Радомир, Ѓорги Сугарев, Александар Турунџев, Димитар Илиевски-Мурато, главниот штаб на Илинденското востание, а се планира и реставрација на гробот и надгробната плоча на Павел Шатев. Во програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја е предвидена и изградба на спомен-биста на Захарија Василева-Шумјанска, хуманистка од битолскиот крај, која по Илинденското востание го отворила и првото сиропиталиште на овие простори.
„Во моментов не можам да кажам точно колкава е потребната сума и дали ќе се реализираат сите овие спомен-обележја, но се надеваме дека и државата ќе даде пари. Со тоа ќе го заокружиме овој проект“, потврдува Диме Попов, претседател на комисијата за финансии и буџет во Советот на Битола. Притоа тој додава дека Општината е должна да изгради споменици за некои знаменити луѓе.
Програмата предвидува и изработка на 14 бисти за што доби зелено светло и од Општинската организација на Сојузот на борци од Битола.
„За сите споменици што се предлагаат, за Пере Тошев, за Ѓорѓи Поп Христов, Илија Димески- Гоце... ние даваме целосна поддршка, бидејќи тие се дејци заслужни за оваа држава“, вели Александар Трајковски, претседател на СБМ во Битола.
За изненадување, битолската опозиција ја поддржува програмата за поставување нови 28 споменични обележја во градот. Но, сепак, изразува спомнеж дека градот со пари од општинската каса ќе успее да ги изгради сите споменици до 2016 година. Бидејќи, наместо црква како што се најавуваше за свет Нектариј Битолски сега се предвидува само спомен-плоча. Истото важи и за великомаченик Агатангел Битолски, за Леринско-костурската бригада, турскиот затвор во ОУ „Ѓорги Сугарев“ и куќата на Анастас Лозанчев. Спомен- обележја треба да добијат и борбите на битолско-леринскиот одред и леринско-костурската бригада на локација кај бензинската пумпа на магистралниот пат кој води кон Грција.
„Ние ја поддржавме програмата оти мислиме дека нема спорни ликови од историјата. Меѓутоа, сметаме дека нема пари во буџетот за овие споменици. Ова е само на хартија, до реализација сигурно нема да дојде“, вели Валентин Груевски, советник на ЛДП.
„Иста ваква програма имаше и порано, но мислам дека нема средства ова да се направи“, смета и Менде Тасевски, советник од СДСМ.
Сомнежите дека проектот нема да успее опозицијата ги поткрепува и со фактот што во буџетот на општината за оваа година не се предвидени средства за изградба на спомен-обележја. Од власта велат дека ставката можеби ќе биде пополнета со некој од ребалансите на општинската каса, секако доколку тоа се случи. (А.Б.)
Folge dem Video um zu sehen, wie unsere Website als Web-App auf dem Startbildschirm installiert werden kann.
Anmerkung: Diese Funktion ist in einigen Browsern möglicherweise nicht verfügbar.
Wir verwenden essentielle Cookies, damit diese Website funktioniert, und optionale Cookies, um den Komfort bei der Nutzung zu verbessern.
Siehe weitere Informationen und konfiguriere deine Einstellungen