Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Bauprojekte in Mazedonien

„Бошков мост“ и „Луково Поле“ повторно во фокусот на европските еколози

Директорот за меѓународни односи на европската невладина организација „Бенквоч“ (Bankwatch) Петр Хлобил и Давид Питхарт, експерт по хидробиологија од чешкиот Институт за применета екологија „Дафне“, во текот на јуни ја посетија Македонија и Националниот парк „Маврово“, каде што е планирано да се изгради хидроелектраната „Бошков мост“ и браната „Луково поле“. Според публикуваниот текст од Петр Хлобил на интернет – страницата на невладината „Бенквоч“, надлежните во Националниот парк предлагаат промени во заштитените подрачја, прилагодени за реализација на двата проекта. Хлобил констатира дека евентуалната изградба на акумулацијата „Луково поле“ ќе ја уништи недопрената природна средина преку доведување на тешка механизација, но и поради крупните хидролошки зафати што треба да се спроведат, вклучувајќи го подигањето на браната и замислениот канал во должина од 20 километри што би требало да ги доведува водите од планината Кораб.

Еколозите истакнуваат дека самата компанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) во сопствените документи за „Луково поле“ напоменува дека геолошките услови го прават посочениот терен најчесто несоодветен за изградба. Како последица на тоа, неопходни се суштински ускладувања на теренот, ископувања до карпестиот слој во длабочина од околу 4 метри, површна и подземна дренажа и други зафати. Гломазната градба на доводот и сервисните патишта ќе предизвика големо вознемирување на балканскиот рис, што ќе доведе до заминување на овој критично загрозен животински вид од локацијата. Хлобил во својот напис ги анализира и негативните еколошки аспекти од претстојната изградба на хидроелектраната „Бошков мост“, особено во поглед на загрозувањето на рисот, како и влошувањето на состојбата со биолошкиот минимум на вода во засегнатите водни текови. За „Бошков мост“ Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во моментов спроведува преиспитување на еколошките процедури поврзани со донесувањето на конечната одлука за овој зафат.

Изведбата на хидроелектраната „Бошков мост“ би чинела околу 107 милиони евра и би се финансирала од ЕБРД. Овој енергетски објект би обезбедил 117,54 гигават часови електрична енергија на годишно ниво. За реализацијата на проектот „Луково поле“ е планирано да се одвојат 62 милиони евра преку заем од Светската банка. Браната би била висока 71 метри, со должина на круната од 321 метри, при што во неа годишно ќе се слеваат околу 44,5 милиони метри кубни вода. Водниот потенцијал е планирано да се искористи за зголемено производство на електрична енергија во мавровските хидроелектрани. Конечните одлуки за одобрување средства од страна на ЕБРД за хидроелектраната „Бошков мост“, но и за кредитот за браната „Луково поле“ од Светска банка, ќе се донесат во текот на претстојнава есен.
 
Во септември оглас за доделување на локациите за билборди

По одолговлекување од неколку месеци, градските власти денеска информираа дека јавниот оглас за доделување локации за поставување рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје ќе биде објавен во текот на септември. Во кусото соопштение нема никакви податоци за бројот на идните концесионери што ќе стопанисуваат со билбордите во Скопје, но и на нивниот број што ќе биде поставен на целата територијата на градското подрачје. „Начинот и условите за учество и добивање на одреден пакет на локации ќе биде детално прикажан во јавниот оглас кој ќе биде дополнително објавен“, се нагласува во нивното соопштение.

Според првичната студија за регулирање на проблемот со огласување на јавните површини, од почетокот на април годинава четири компании требаше да се натпреваруваат во делбата на приходите од овој профитабилен бизнис. Бројот на рекламните паноа беше планирано да се зголеми на територијата на Скопје, но не и во централното градско подрачје. Од Градот Скопје пред 7 месеци ветуваа дека новите концесионери ќе имаат обврска да постават ЛЦД билборди во центарот на градот. Од тогаш до денес, градските власти не објавија дополнителни информации поврзани со давањето под концесија на локации за поставување билборди.
 
Acht neue Sporthallen bis zum Ende des Jahres.



Груевски: Осум нови училишни спортски сали до крајот на годината

Груевски: Осум нови училишни спортски сали до крајот на годината
29.07.2012
Сподели
Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.



Премиерот Никола Груевски денеска најави дека до крајот на годината ќе бидат пуштени во употреба уште осум нови училишни спортски сали.


- Проектот за спортските сали е поделен во два дела. Во делот на Агенцијата за млади и спорт, каде тргна и порано целата операција веќе сме при крај. Од 35 речиси 30-тина сали се целосно завршени, а останатите пет сали се во фаза на работа. Од останатите 145 сали во Министерството за образование и наука, 21 се целосно завршени и пуштени во употреба, на 21 се работи во моментот и осум од нив ќе бидат готови до Нова Година, рече Груевски и додаде дека нова група на околу 20-тина до 30 наскоро ќе биде започната.


Проектот, како што посочи премиерот, е во тек и голем број на сали се веќе завршени.


- Многу градови и многу училишта добија спортски сали. Тоа е од корист и за професорите и за наставниците и за учениците, а и за сите што живеат во тоа мало или во таа општина. Честопати во некое мало, населба, па дури и во некои општини немаше спортски сали. Сега тие општини имаат спортски сали на радост на учениците, на наставниците, на рекреативците и на спортските клубови, нагласи Груевски и додаде дека ова е еден од позначајни проекти коj го ветиле, го спроведуваат и ќе дојде време да го завршат.
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
“City Mall”, një mega investim shqiptar në Shkup

f1_29-citymall1340991503.jpg


Publikuar: 29.06.2012 - 19:44
Shkup, 29 qershor - Në vjeshtë pritet të fillojë punën qendra më bashkëkohore tregtare “Skopje City Mall”. Objekti me vlerë rreth 70 milionë euro do te këtë sipërfaqe prej 90 mijë metrave katrorë dhe do të disponojë me më shumë se 40 marka të njohura botërore, të cilat për herë të parë do të jenë të pranishme në tregun e Maqedonisë. Njëri ndër investitorët më të mëdhenj të qendrës më bashkëkohore tregtare është biznesmeni shqiptar Samir Mane, pronar i shumë qendrave tregtare në Shqipëri. Drejtori ekzekutiv Ivajllo Ivanov, në takimin e djeshëm me gazetarët, informoi se në vijim janë negociatat përfundimtare me grupin e fundit të qiramarrësve potencialë dhe se me përfundimin e tyre pritet plotësimi i tërësishëm i kapacitetit të hapësirës zyrtare të qendrës tregtare.

“Qendra tregtare Skopje City Mall do të ketë kapacitet prej 1 300 vendeve për parkim, si dhe pistë të posaçme për biçikleta dhe këmbësorë. Qendra do të disponojë me Multipleks-kinema me 9 salla dhe me teknologji 3D, hipermarketin Carrefour, sallë për bouling, me një koncept të kompletuar për argëtim familjar, markat e njohura botërore, si dhe shërbime të tjera, që do të jenë pjesë e ofertës së pasur të kësaj qendre”, vlerësoi Ivanov.

Sipas drejtuesve të saj, me hapjen e kësaj qendre pritet të hapen rreth 2 000 vende të reja të punës. Vendndodhja e qendrës e bën atë objektin më të përshtatshëm për vizitorë nga Maqedonia, por edhe nga shtetet e afërta.
http://www.koha.net/?page=1,15,105335
 
"Sveta Petka" hydro plant put into use

[TD="colspan: 2"]Wednesday, 01 August 2012

[TD="colspan: 2"]
images
Prime Minister Nikola Gruevski and Macedonian Power Plants (ELEM) director Vlatko Cingoski officially put into use Wednesday hydro plant "Sveta Petka". The plant construction is worth EUR 75 million, which makes it one of the most expensive investments in the area of utilizing the country's energy potentials. "After enormous efforts by all stakeholders and years of hard work, the project has been completed", said PM Gruevski. Slovenian contractor "Riko" and Macedonian companies "Beton" and "Granit" as sub-contractors were involved in the project. "The dam has been built, the reservoir has started to accumulate, and the system is ready for use. The missing link for the maximum use of river Treska's hydro potential has been set. The installed power of the hydro plant is 36,4MW and the annual output is about 66GWh. Sveta Petka completes the Skopsko Pole hydro system, which also includes Kozjak and Matka hydro plants", added Gruevski. He referred to the fight for energy independence, including numerous projects for revitalization, enlargement and enhancement of Macedonia's energy system. "Our work in this field will continue, whereas citizens will feel the benefits", said PM Gruevski. ELEM director Cingoski stressed that the facility enriched the country from a technical, energy and economic aspect. "The plant is fully automated and its operation can be remotely monitored and controlled by using the modern telecommunication and processing equipment", said Cingoski.
[/TD]
[/TD]
 
Помрдната од мртва точка иницијативата за ски – центар на Галичица

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) денеска објави оглас за избор на заинтересирани субјекти за изработка на физибилити студија и мастер план за развој и изградба на скијачки центар во Националниот парк Галичица. Преку подготовка на документите ќе се утврди можноста за реализација на долгонајавуваниот проект, како и потребните финансиски средства што ќе треба да се инвестираат во претворањето на Охрид во зимски туристички центар. За реализација на замислата од исклучително значење ќе биде студијата за оценување на влијанието врз животната средина, за чија изработка допрва треба да се објави тендер и со која ќе се определи степенот на опасност за ендемскиот растителен и животински свет при евентуалната изградба на ски – центарот.

Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) и охридскиот градоначалник Александар Петрески во неколку наврати излегоа со свои идеи и предлози за остварување на оваа инвестиција. Хотелиерите сметаат дека зимскиот туризам може да се развие преку изградба на скијачки центар со девет патеки за посетителите во должина од 12 километри, пет ски – лифта во должина од 4,5 километри и два објекти од цврста градба, при што во целокупниот зафат би се вложиле 2,86 милиони евра. Градоначалникот Петрески во текот на март годинава излезе во јавноста со иницијатива за изградба на жичарница од хотелот „Десарет“ до излетничкото место Корита во должина од 6 километри. Македонската влада се изјасни дека најпрвин треба да се изготви потребната документација за овој проект, а потоа да се избере најповолен понудувач кој би го градел ски – центарот.


 
ЕБРД во потрага по консултант за проектна и тендерска документација за пругата од Бељаковце до Крива Паланка

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) објави тендер за избор на меѓународна консултанска компанија која би им помогнала на „МЖ – Инфраструктура“ во изработката на детален проект за железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка и во подготовката на тендерската документација со која би се избрал најповолен понудувач за изградба на овој сегмент од железничкиот Коридор 8. Покрај во изработката на овие документи, консултантската куќа треба да го подржи јавното претпријатие во целокупниот процес за донесување одлука која градежна компанија ќе ги изведува активностите на терен. Планирано е обезбедувањето на овие услуги да започне во февруари 2013 година и истото да трае во временски период од 24 месеци, при што за оваа намена веќе се обезбедени финансиски средства во висина од 2,7 милиони евра. Крајниот рок за доставување на понудите од заинтересираните субјекти е 7 септември.

ЕБРД сеуште размислува за подршка на земјава во изградбата на пругата кон Бугарија. Од банката појаснуваат дека станува збор за финансиски средства во износ од 50,5 милиони евра за реконструкција на веќе изградената инфраструктура и за целосно довршување на делницата од Бељаковце до Крива Паланка. Сегментот во должина од 33 километри е предвидено да се реализира преку кофинансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ). Консултантот ќе треба да проектира 12 нови мостови, 4 нови тунели, 33 километри отворена пруга и 7,5 километри станичен колосек, но и да ја провери моменталната состојба, да ги модернизира и надгради конструкциите за 25 мостови и 10 тунели кои се веќе делумно изградени. Во последната изјава за медиумите, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески напомена дека изградбата на вториот дел од Бељаковце до Крива Паланка треба да започне најдоцна до 2015 година, при што во проектот би се вложиле 145 милиони евра.
 
„Адора Инженеринг“ го заврши станбениот комплекс „Билјанини Извори“ во Охрид

По повод националниот празник Илинден, компанијата „Адора инженеринг“ денеска го предаде во употреба станбениот комплекс „Билјанини Извори“ во Охрид. Во присуство на генералниот директор Ванчо Чифлиганец и претставници на државните и локалните институции, беше претставен комплетираниот објект којшто се простира на површина од 10.000 метри квадратни. Зданието го сочинуваат 100-тина станбени единици со големина од 50 до 127 метри квадратни, а за идните жители се обезбедени 118 паркинг места на површина од 4.000 метри квадратни. Градежните работници успеаја комплексот да го завршат во временски период од 15 месеци.

Од компанијата информираат дека станбениот објект ги задоволува меѓународните критериуми за енергетска ефикасност, заштедувајќи им енергија и финансиски средства на идните станари. Воведен е фотоволтажен систем за производство на електрична енергија за заедничко осветлување, а исто така на зградата е изведена термичка демит фасада и надворешна столарија со која се овозможува максимално искористување на топлинската енергија во просторот. Армирано – бетонската конструкција ги задоволува строгите асеизмички стандарди за градба, со марка на бетон минимум МБ 30 и над МБ 40. Објектот за колективно домување е сместен на булеварот „Туристичка“, во близина на спортскиот центар Билјанини Извори и на Националниот парк Галичица. Станбениот комплекс „Билјанини Извори“ претставува една од најголемите инвестиции во секторот високоградба во Охрид во последните неколку години. Покрај во овој град, градежната компанија „Адора Инженеринг“ во моментов гради објекти во Скопје и во Струмица.
 
Zurück
Oben