Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Bauprojekte in Mazedonien

Gostivar's restored Clock Tower promoted
image1.jsp
Gostivar, 17 October 2012 (MIA) -
Culture Minister Elizabeta Kanceska-Milevska promoted Wednesday the restored Clock Tower in Gostivar, a 17-century monument of culture. The renovation was financed by the Ministry of Culture.
"I'm quite pleased that the authentic architectural appearance of this important landmark was restored. It is expected next year the facility to be opened for tourists following the completion of its interior design," Kanceska-Milevska stated.
She noted that the preservation of cultural heritage in Macedonia was one of the highest priorities of the Ministry of Culture.
The Gostivar Clock Tower has been a symbol of the town for four centuries and it is featured on its coat of arms.
Minister Kanceska-Milevska in Gostivar was accompanied by Local Self-Government Minister Nevzat Bejta and the director of Gostivar's Conservation Center, Adnan Fejzulai.








Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.

 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Ќе се гради „барокна“ катна гаража спроти Цветен пазар

Катна гаража ќе се гради на локација до некогашното седиште на НИП „Нова Македонија“, спроти новиот Цветен пазар во населбата Капиштец [»мапа]. Локалната самоуправа на Центар распиша тендер за избор на најповолен понудувач за реализација на идниот гаражен објект на седум ката. Јовица Ацковски, портпарол на Општината вели дека вкупната површина на објектот треба да изнесува 7.190 метри квадратни, од кои 6.112 ќе бидат бидат наменети за паркирање, додека преостанатите 1.078 метри квадратни се предвидени за деловен простор. Јавното отворање на доставените понуди ќе се одржи во просториите на Општината на 2 ноември, по што ќе се знае и конкретната висина на финансиски средства кои ќе се одвојат за овој проект. Од Општина Центар напоменуваат дека инвестицијата ќе се реализира со средства од локалниот буџет и преку подигање на кредит за проектот.

ar_th_katnagarazanovamakedonija.jpg
Идната катна гаража ќе има простор за паркирање на 190 возила. Потребната документација за објектот веќе е комплетирана, а од Општината истакнуваат дека надворешниот изглед на зданието ќе биде во стилот на проектот „Скопје 2014“. „Инвестирањето во катни гаражи во сите централни општини во светот, немаат за цел да носат екстра приходи во буџетот, туку да одговорат на потребите на граѓаните во тесните грла каде што се јавува проблем со паркинг просторот“, нагласува во изјава за „Билд“ Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар. Гаражата спроти Цветниот пазар ќе биде деветтиот објект од овој тип што е предвиден во централното градско подрачје. Локалната самоуправа на Центар веќе ја привршува катната гаража што се гради помеѓу седиштето на Македонската радио – телевизија и комплексот на судови.



Во Штип ќе се гради трговски центар од 14.000 метри квадратни

ar_th_stippanorama.jpg
Општина Штип по пат на електронско јавно наддавање продаде градежна парцела во населбата „Сењак“, на која е предвидено да се изгради трговски центар. Купувач е компанија со мешовит капитал од Црна Гора и од Косово, а според тврдењето на штипскиот градоначалник Зоран Алексов, тоа ќе биде најголемиот трговски центар во источна Македонија. Првиот човек на Штип во изјава за медиумите напоменува дека инвеститорот веќе ги уплатил финансиските средства во износ од околу 20 милиони денари на сметка на локалната самоуправа и во државниот буџет. Идниот трговски центар ќе биде изграден на површина од 14.000 метри квадратни, а во него ќе се вработат околу 50 лица. Изградбата на комерцијалниот објект треба да започне во 2013 година.


Населбата „Сењак“ во моментов претставува најатрактивно место за инвестирање во недвижности во Штип. Во неа веќе се гради станбено – деловниот комплекс на компанијата „Топ инвест“ на површина од 25.000 метри квадратни, додека штипската локална самоуправа во урбанистичките планови зацрта изградба на девет станбени згради од страна на приватни инвеститори, но и на објекти за индивидуално домување, кои треба да се реализираат по пат на продажба на неизградено државно градежно земјиште. Државата на оваа локација веќе подигна станбени згради со 91 социјален стан наменети за социјално загрозени лица.

 
Новиот мост на Дрим во Струга ќе се гради претстојната пролет

По измината речиси година и половина од рушењето на препознатливиот пешачки мост на реката Дрим во непосредна близина на Паркот на поезијата во центарот на Струга [»мапа], локалната самоуправа конечно се огласи со информации за новиот мост кој треба да се изгради на негово место. Градежните работи треба да започнат во текот на пролетните месеци од 2013 година, а финансиската конструкција за целокупниот зафат изнесува 300.000 евра. Во моментов се привршува техничката документација како и постапката за избор на градежна компанија која ќе го реализира инфраструктурниот објект. Избраното идејно решение на распишаниот конкурс веќе е публикувано во јавноста.

Од Општина Струга објаснуваат дека причината за одложување на почетокот на градба лежи во недостигот на финансиски средства, кои треба да бидат обезбедени од локалниот буџет во висина од 200.000 евра и од Министерството за транспорт и врски во износ од 100.000 евра. Мостот кој помеѓу стружани беше познат и како „Мостот на Нина“ беше урнат во јуни 2011 година поради неговата руинираност и небезбедноста на пешаците кои го користеа, за што претходно се изјасни и експертска комисија од Министерството за транспорт и врски која изврши проценка на неговата конструкција.



Победничкото идејно решение за новиот мост:




Струмица ја очекуваат нови инвестиции во станбениот сектор

Две градежни парцели за изградба на станбени згради во текот на денешниот ден веќе се продадоа, а Општина Струмица во јавните гласила објави оглас за отуѓување на дополнителни две локации, на кои може да се подигнат од шест до десет објекти за колективно домување со максимална висина до 22 метри. Градоначалникот на Струмица Зоран Заев упати повик до заинтересираните инвеститори да се пријават за предвиденото електронско јавно наддавање коe треба да се одржи на 21 ноември. Градежното земјиште е лоцирано во рамките на струмичката касарна, на350 метри од централниот плоштад и на 200 метри од градскиот парк. Локалната самоуправа ја процени вредноста на земјиштето на 2.030 денари за метар квадратен и од продажбата на истото би требало да се акумулираат приходи најмалку во висина од 860 илјади евра.

Понудените парцели се со големина од 8.066 и 17.282 метри квадратни, а покрај станови во идните градби е предвидено да се лоцираат дуќани и канцелариски простор. Покрај ваквата најава, во текот на денешниот ден се отуѓија две градежни парцели за истата намена во Струмица. Првата локација на површина од 2.546 метри квадратни со намена за изградба на станбен објект со приземје и пет ката се продаде по цена од 6.500 денари за метар квадратен, додека второто земјиште со големина од 1.035 метри квадратни за изведба на колективна зграда со приземје и три ката го купи приватен инвеститор по цена од 2.300 денари за метар квадратен. Пресметките покажуваат дека во општинската каса и во државниот буџет ќе се слеат 18.929.500 денари или околу 310 илјади евра врз основа на продажбата на парцелите, а со реализацијата на овие проекти ќе се збогати понудата на станбени површини во градот.

 
Wow wurde Zeit das in Struga wieder mal was gemacht wird!! Die Brücken sind voll alt !!

Würde es mal angebracht finden das man mehr in Ohrid und Struga investiert..! Dafür das diese Städte im Sommer voller Touristen sind sieht es beschissen aus..
 
Eine Bitte an euch: Übersetzt immer in einem Satz was in den Berichten steht, damit auch andere was verstehen können.
 
Zurück
Oben