Das Skopische Unternehmen "Granit" rekonstruiert die Strassen in Strumica
Патната инфраструктура во Струмица во текот на наредната година ќе ја обновува градежната компанија „Гранит“ од Скопје. Локалната самоуправа склучи договор за изведба и асфалтирање на улици и локални патишта во рамките на општината, за што на претпријатието ќе му бидат исплатени 43.079.900 денари или околу 700 илјади евра. На распишаниот тендер учествувале две компании, при што скопски „Гранит“ понудил пониска цена за изведување на планираните активности за санација на сообраќајниците во градот и во околните рурални средини во рамки на претстојните 12 месеци.
Во насока на подобрување на постоечката инфраструктура и надминување на проблемите во транспортот, општина Струмица го започна и проектот за изградба на три кружни текови низ главните булевари и улици во градот. Веќе се одвиваат градежните работи на првиот кружен тек на досегашната крстосница на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Младинска“ кај Анска река, а целокупните активности треба да завршат во претстојните неколку недели. Локалните власти напоменуваат дека следниот зафат за намалување на сообраќајниот метеж во градот планираат да го изведат на крстосницата на булеварот „Ленинова“ и улицата „24 октомври“ кај јавното комунално претпријатие.
- - - Aktualisiert - - -
Neues Shoppingcenter in Prilep wird gebaut
Општина Прилеп денеска го претстави проектот за изградба на деловно – трговски објект во централното градско подрачје. Идното здание со приземје и два ката ќе има продавници, канцелариски простор и подземна гаража и ќе се гради на местото на сегашниот млечен пазар. Инвеститорот ќе се знае по продажбата на градежната парцела со големина од 1.617 метри квадратни, која во моментов е објавена на лицитација заедно со уште неколку локации. Трговскиот центар од затворен тип ќе се простира на површина од 1.443 метри квадратни, канцеларискиот простор е предвиден на површина од 658 метри квадратни, а потребата од паркинг простор ќе биде решена со изведба на подземен гаражен простор со капацитет од околу 100 возила и со површина од 1.296 метри квадратни.
Инвеститорот ќе треба да го реализира објектот во согласност со веќе подготвената проектна документација. Пријавувањето на заинтересираните субјекти за купување на оваа локација ќе се врши најдоцна до 24 декември, додека електронското јавно наддавање ќе се одржи на 28 декември. Земјиштето е проценето на минимум 4 милиони денари, со почетна цена од 230 денари за метар квадратен.
Hier noch ein Video dazu:
- - - Aktualisiert - - -
[h=2]Der Rumänische Botschafter in der Republik Makedonien , Justinian Focsa besuchte heute Tetovo un traf sich mit dem Bürgermeister der Gemeinde Sadi Beceti..
Hauptthemen sind Städtepartnerschaften mit Rumänien welche in Tetovo viele Möglichkeiten sehen in der Wirtschaft, im Tourismus & Bildung zu investieren sowohl tiefere Zusammenarbeit mit der Stadt Tetovo.[/h]
Главни теми на кои се разговарало на средбата биле можностите за збратимување на Тетово со некој град во Романија, економијата, туризмот и образованието како можни полиња за подлабока соработка.- Поради богатото културно-историско наследство,присуството на двата универзитети и големиот економски потенцијал на Тетово, ќе инситираме и претставникот - град на Романија да ги има тие карактеристики. Очекувам дека до крајот на оваа година ќе го завршиме изборот по што треба да следуваат билатерални посети на локалните власти, рече амбасадорот Фокша.
- Во соработка со романската амбасада, планирано е да се одржи бизнис форум на кој заинтересираните стопансттвеници од Романија ќе може да добијат поблисок увид во потенцијалите на Тетово и регионот за инвестирање, а исто така може да ги искористиме богатите романски искуства за прибирање средства од европските фондови, изјави градоначалникот Беџети.
- - - Aktualisiert - - -
[h=2]
Das Kindergarten " Veseli Cvetovi" in Delcevo wird renoviert
Нови пристапни патеки и партерно и хортикултурно уредување на дворот ќе бидат изградени во детската градинка „Весели цветови“ во Делчево.[/h]
Изведувач на работите е Јавното претпријатие за комунални дејности „Брегалница“, а потребните финансиски средства се обезбедени од буџетот на Општина Делчево и од РЕФ - Ромскиот едукативен фонд, во рамки на проектот „Добар почеток“.
По завршените активности за енергетска ефикасност на објектот, екипи на ЈПКД „Брегалница“ вршат партерно и хортикултурно уредување на дворот, инсталираат нови хидранти и шахти, а паралелно со тоа ќе бидат поплочени пристапните патеки со 240 метрки квадратни бехатон плочки.
Со оваа реконструкција на Детската градинка „Весели цветови“ многу се подобруваат условите за работа на персоналот, како и за одвивање на воспитно-образовниот процес и престој на децата.
- - - Aktualisiert - - -
[h=1]Vevcani bekommt eine neue Schule[/h]
Во струшкото село Вевчани во завршна фаза се активностите за изградба на новото основно училиште „Страшо Пинџур“. Директорот на училиштето Маријан Костојчиноски информира дека до крајот од годинава новата зграда ќе биде пуштена во употреба.
- За да биде училиштето ставено во функција, ни преостанува уште еден дел каде што општината заедно со Министерството за образование и наука прават напори за решавање на проектот за партерното уредување, по што новоизградениот објект ќе биде ставен во употреба, изјави Костојчиноски.
Објектот има вкупна корисна површина од 2.450 метри квадратни. Во подрумот се сместени простории за исхрана, работилници за општотехничко образование и други помошни простории. Во приземниот дел се кабинетите, училниците и аулата, а на катот се предвидени кабинети, библиотека, тераса, како и простории за фолклорната и ликовната секција.
Во новата училишна зграда се инвестирани 61 милион денари. Проектирана е во амбиентален стил кој во целост се вклопува со околината и, според Костојчиноски, на учениците и наставниот кадар ќе им понуди најсовремени услови.
Двесте и педесет основци од Вевчани во текот на изминатите шест години наставата ја следеа во просториите на општинската зграда. Старото училиште, со одлука на градежната инспекција и просветниот инспекторат во 2005 година беше ставено вон употреба зашто не постоеја нормални услови за одвивање на воспитно-образовниот процес.