Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Bauprojekte in Mazedonien

Das Parlament bekommt eine neue Fassade und neue Räumlichkeiten!


[h=1]Зградата на Владата и со нова фасада и со нови простории[/h]

Советот на Општина Центар вчера одлучи да ја ослободи Владата од комуналии во износ од околу 82.800 евра, а за останатите 124 илјади евра се чека одговорот од Град Скопје.
Објектот на Владата освен нова барокна фасаада ќе добие и нови канцеларии.
Владата требаше да плати околу 207.000 евра за комуналии, што значи дека при реконструкцијата на фасадара е предвидено да се доградат и нови 2.000 квадратни метри деловен простор во делот на приземјето.
Тендерот за оваа реконструкција и доградба допрва ќе се распишува.
Новата фасада беше избрана преку гласање на граѓаните на интернет страницата на Владата, а победија авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов.
 
[h=1]In Kicevo wurde ein Kinderspielplatz und eine Fontäne eröffnet

Во Кичево пуштени во употреба детски забавен парк и фонтана
[/h]Среда, 10 Октомври 2012 11:47



Во општина Кичево градоначалникот Благоја Деспотоски денеска ги пушти во употреба фонтаната и парк со катче за детска забава во близина на „Ламелите“.
kicevo.jpg240.jpg

- Конечно успеавме да го изградиме овој објект кој им беше потребен на граѓаните кои живеат во овој дел од градот, рече Деспотоски.
Проектот е реализиран со средства од Стопанска Банка и општината Кичево, а неговата​

- - - Aktualisiert - - -

[h=2]In Stip wird ein Aqua Park gebaut..

Општина Штип почна со постапката за промена на урбанистичкиот план кај Градскиот базен за изгрдба на Аква парк.[/h]
bfc4042c78500.jpg

Портпаролот на градоначалникот на Штип, Милена Ристова-Михајловска информира дека советниците на седница на Совет го имаат усвоено Нацрт-планот за Аква парк, а сега се бара согласнот и одобрение од министерството за транспорт и врски.
- Просторот за Аква парк опфаќа околу 18.000 м/2, а за поставување на објекти од времен карактер 2.965 м/2, вели Ристова-Михајловска.
Според неа, оваа локација е атрактивна за изградба на Аква парк, бидејќи се планира од наредната година да стартува и проектот за изградба на мини акумулации на реката Брегалница.
По добивањето на одборението од ресорното министерство општина Штип ќе распише јавен оглас на кој што заинтересираните инвеститори ќе можат да аплицираат за земјиштето на кое ќе се гради аква паркот.
 
Albanische Firma? Nee Skopje City Mall wurde vom Parlament investiert eine Albanische Firma ist es nicht du verwechselst da vlt was :)

Achso hab da was verwechselt ich glaube dann war die Baufirma die den Auftrag bekam eine albanische aus MZ aufjedenfall habe ich mal in den NEWS was davon gehört
 
МЕПСО вложува во сноу – борд паркови на Пониква и во Крушево

snou%20-%20bord%20pateki.jpg
Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) потпиша два договора за изградба на сноу – борд паркови во скијачкиот центар Пониква и во скијачкиот центар Крушево. Државната компанија, чија основна дејност е пренос на електрична енергија низ високонапонската мрежа, одлучи да инвестира 163.686.994 денари или над 2,6 милиони евра во реализација на зимски рекреативни паркови со машини за вештачки снег (водени топови) и на осветлување на патеките за овозможување на деноноќно скијање на посетителите. Двата проекта ќе ги гради групата на понудувачи „Енерго Систем“ и „Суфаг спорт – унд фреицеитанлаген“, кои се должни во временски период од 12 месеци целосно да ја изградат потребната инфраструктура и да ја инсталираат опремата.


На локацијата на постоечката ски – патека на надморска височина од 1.640 метри е планирано да никне идниот сноу – борд парк на Пониква. Покрај МЕПСО, во остварувањето на замислата ќе учествуваат и локалните самоуправи на Пробиштип и Кочани, кои веќе работат на пробивање на локалниот пат од Пониква до манастирот „Св. Василиј Велики“ и на оформување на вештачко мини езеро со капацитет од 10.000 метри кубни вода, кое треба да ги задоволи потребите на машините за вештачки снег. Потребните средства за реализација на двете патеки за екстремни зимски спортови на Пониква и во Крушево се обезбедени од сопствени финансиски средства на државната компанија. Покрај вложувањето во скијачките центри низ Македонија, МЕПСО пред два дена го објави меѓународниот повик за избор на компании за изградба на два далноводи во должина 122 километри, кои во најголем дел е планирано да се финансираат преку кредитно задолжување кај Светската банка.
 
Министерството за животна средина нема ништо против изградбата на ХЕ „Бошков мост“

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми донесе решение со кое се дава согласност за спроведување на проектот за изградба на хидроелектраната „Бошков Мост“ во Националниот парк „Маврово“. Во публикуваниот оглас, објавен во дневниот печат, се нагласува дека Студијата за оценка на влијанијата врз животната средина на проектот, кој треба да се реализира на територијата на општината Маврово и Ростуше и на општината Дебар, ги задоволува барањата за заштита на животната средина со примена на мерките за спречување и за намалување на штетните влијанија врз животната средина. Во моментов тече и законскиот рок за поднесување на жалба на одлуката на министерството до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.


HE%20Boskov%20Most%20akumulacija%2001.jpg



Во меѓувреме, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) треба да излезе со финалните резултати од анализата на веќе заокружените еколошки процедури, со цел да се утврди дали имало прекршувања при процесот на одлучување за проектот. Центарот за истражување и информирање „Екосвест“ од Скопје веќе поднесе жалба до Механизмот за поплаки при банката, со образложение дека ЕБОР не смее да финансира проекти кои се градат во „критични“ области, каков што е географскиот регион на планината „Бистра“, на чие ограничено подрачје живее балканскиот рис. Токму за овој заштитен животински вид говори и германскиот документарен филм „Во срцето на Балканот – Барајќи го рисот“ на режисерката Корнелија Фолк, во кој таа на кратко се осврнува и на можниот ефект од изградбата на идната хидроелектрана. Во летните месеци со сопствена реакција за проектите „Бошков мост“ и „Луково поле“ се јави и Петр Хлобил, директорот на меѓународната организација „Банквоч“, во која тој напомена дека е игнорирано влијанието на енергетскиот објект врз рисот.

Хидроелектраната „Бошков мост“ е предвидено да биде со инсталирана моќност од 70 MW и годишно да произведува околу 126 GWh електрична енергија. Вредноста на проектот изнесува 107 милиони евра, а финансиските средства се обезбедени од ЕБОР и од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Овој енергетски објект нема да може да ги реши проблемите поврзани со енергетската глад на земјава. За споредба мавровските хидроелектрани генерираат околу 445 GWh годишно.



 
ТЕМА: Инвеститорите во соларни електрани гневни, Регулаторната комисија ја префрла топката кај Владата

Инвестирањето во капацитети за производство на електрична енергија преку искористување на обновливите енергетски извори во Македонија може да биде привремено прекинато, доколку владата во брзо време не донесе нова одлука за зголемување на инсталираната моќност на повластените производители на електрична енергија кои ги ползуваат благодетите на сонцето, водата, ветерот и био – масата. Последното решение на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за привремено прекинување на постапките за издавање на привремени решенија за стекнување на статус на повластен производител на електрична енергија од фотонапонски електрани ги разочара инвеститорите. Тие велат дека ваквата одлука може да донесе правна несигурност кај домашните и странските инвеститори во сигурноста на било какви идни вложувања во земјава. Иако на европско ниво се наоѓаме на самото дно според искористеноста на сонцето за добивање на електрична енергија, наместо да се зголемат постоечките капацитети, компаниите од овој сектор ќе претрпат финансиски штети поради тоа што веќе се одлучиле да вложат во соларните електрани.


solar%20power%20plant.jpg



Според информациите од компанијата „Сието“ од Скопје, проблемите започнале кон крајот на јули годинава, кога сите фирми кои поднеле барање за доделување на статус за повластен производител добиле заклучоци од страна на РКЕ дека нивните постапки се прекинуваат. Од регуларното тело добиле образложение дека прекинот на постапката ќе трае до добивањето на мислење од Владата на Р.М., Министерството за економија и Државниот управен инспекторат за тоа дали спроведувањето на целокупната постапка е во согласност со Законот за енергетика и Правилникот за повластени производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Иако со истиот правилник се опфатени сите обновливи извори на енергија, сепак постапката е прекината само за производителите на еден вид енергија. „Во пракса, РКЕ ја запре постапката за добивање статус на привремен повластен производител од фотонапонски панели, а продолжи да издава решенија за повластени производители на енергија од водата“, истакнува за „Билд“ Звонко Марковски од компанијата „Сието“.


solarni%20elektrani.jpg



Од РКЕ објаснуваат дека заклучно со донесувањето на решението за привремен прекин на постапката на 24 септември, до нив се поднесени 90 барања за издавање на привремено решение за статус на повластен производител, од кои 10 барања се одбиени уште во текот на април 2012година поради немање услови за поведување на постапката. „Од овие 80 барања, 62 барања се однесуваат за фотонапонски електрани со моќност помала или еднаква од 50 kW, а 18 барања се однесуваат за фотонапонски електрани со моќност поголема од 50 kW, а помала или еднаква на 1MW“, напоменуваат од РКЕ. Од таму додаваат дека изградените соларни електрани, оние коишто веќе поседуваат привремено решение и оние коишто поднеле барање за издавање на привремено решение имаат предвидена моќност која ја надминува вкупната инсталирана моќност за која се применуваат повластени тарифи за купопродажба на електрична енергија определена со „Одлуката за вкупна инсталирана моќност за повластени производители од обновливи извори“, донесена од македонската влада.

Според информациите од регулаторното тело, вкупната моќност кај капацитетите со инсталирана моќност помала или еднаква на 50 kW, утврдена да изнесува максимум 2 MW, е надмината за околу 1 MW, додека истата кај фотонапонските електрани со инсталирана моќност поголема од 50 kW, а помала или еднаква на 1 MW, е надмината за околу 5 MW, наспроти определениот максимум од 8 MW. Компаниите од овој сектор констатираат дека вкупната инсталирана моќност од 10 MW е многу мала во однос на поттикнувањето на искористеноста на обновливите извори на енергија во Македонија. „Потребно е да се зголеми оваа квота и, според мене, новата квота за инсталирана моќност би требала да изнесува најмалку дополнителни 10 MW“, објаснува Звонко Марковски од компанијата „Сието“. Тој напоменува дека како инвеститори на новите соларни електрани треба да се јават правни лица од Македонија, бидејќи на тој начин произведената струја и парите од продажбата на истата ќе останат во нашата земја. Дополнително, со новите инвестиции во овие енергетски објекти би се поттикнал развитокот на домашните компании за инсталација на ваков тип на опрема. Од „Сието“ предлагаат инсталираната моќност на секоја електрана да биде ограничена до максимум 200 kW и на секој инвеститор да можат да му се доделат најмногу две лиценци за изградба во иста општина.


Обновливите извори на енергија ја зголемуваат цената на струјата во Македонија?

Особено важно прашање во целокупната состојба е и определувањето на крајната цена на електричната енергија во Македонија. Од РКЕ велат дека повластените тарифи за електрична енергија имаат директно влијание врз тарифата за пренос на електрична енергија, но и врз цената на електричната енергија која ја плаќаат македонските потрошувачи. Компаниите кои се заинтересирани за вложување во изградба на новите фотоволтаични електрани велат дека инсталирањето на новите енергетски објекти ќе доведе до минорно поскапување на електричната енергија во земјава, наспроти поволностите за развој, како што се приливот на финансиски средства преку инвестиции, поттикнувањето на домашната економија и зголемувањето на исклучително ниската искористеност на обновливите извори на енергија.
 
Shtip bekommt das Modernste Shopping Centre in Ost Makedonien, Baubeginn Anfang 2013

[h=1]Во „Сењак“ ќе се гради најголемиот Трговски центар во источна Македонија[/h]
Понеделник, 15 Октомври 2012 16:03





[h=2]Во штипската населба „Сењак“ ќе се гради најголемиот Трговски центар во источна Македонија.[/h]
shoppers500.jpg

Градоначалникот на oпштината, Зоран Алексов вели дека продадено е градежното земјиште во населбата „Сењак“ по пат на јавна лицитација.
- На сметка на општина веќе се уплатени над 15 милиони денари, а остнатите над 4 милиони денари се уплатени во буџетот на државата. Сега чекаме да го видиме планот на инвеститорот, односно како ќе изгледа овој Трговски центар, вели Алексов.
Земјиштетото го има купено фирма со црногорско-косовски капитал, која има искуство во изградба на вакви Трговски објекти. Новиот Трговски центар ќе биде изграден на површина од 14.000 метри квадратни, а се очекува во него да се вработат околу 50 лица.
Изградбата на Трговскиот центар се очекува да почне во 2013 година.
 
Zurück
Oben