Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Filip II. of Macedon Stadium-Skopje/Makedonia

Makedoniens Perle ist fertig!!!!!!!!!!!!!!



Скопската убавица подготвена: добивме стадион за гордеење

16ЈУЛ 201211:51​


Националната арена „Филип Втори“ по десетина месеци повторно ќе блесне во својот полн сјај по поставувањето на тревната подлога, на која за една недела Вардар против БАТЕ Борисов ќе го сефтосаат во квалификациите за Лигата на шампионите.

Веќе неполн месец тревата е поставена на теренот и според последните слики, тој е максимално подготвен за настапот на вардарци, со надеж дека в среда од Борисов во Скопје ќе донесат поволен резултат за дополнително да го зголемат спектаклот седум дена подоцна. Во моментов завршува поставувањето на атлетската патека, со што ќе се комплетира втората фаза од реконструкцијата на најрепрезентативниот објект во земјава.
„Филип Втори“ со низа одложувања и грешки сепак навреме го доби својот најважен дел, па покрај Вардар за еден месец и македонската репрезентација ќе го има последниот тренинг пред септемвриските мундијалски квалификации, на пријателскиот меч со Литванија. Инаку, тревата на Арената е иста како таа на последното финале на Евро 2012 во Киев.
Во изминатите неколку месеци, европските медиуми неколкупати ја сместуваа скопската убавица меѓу стоте најубави стадиони на во светот, а признание доби и од германската компанија „Стадиумвелт“.










[h=1]Арената „Филип Втори“ меѓу 50-те стадиони што мора да се посетат[/h]
29МАР 201211:00​

Националната арена „Филип Втори“ се најде меѓу 50-те стадиони што фудбалските навивачи мора да ги посетат, објави германската компанија „Стадион Велт“ во својата најнова публикација за 50 фудбалски храма во Европа на 128 страници.

Арената „Филип Втори“ доби место во публикацијата во која се сместени најважните храмови на фудбалските фанатици. За најубавиот македонски стадион ова е второ признание откако неодамна најстариот спортски магазин на стариот континент, „Гуерин Спортиво“, го прогласи Градски за најубав стадион на Балканот.
„Стадионите се атракција и магнет за туристите. Во публикацијата се стадиони што се вистински класици, со пребогата историја. Други се едноставно големи и нездраво скапи, но современи и иновативни. Постојат и градови во Европа, кои го разубавуваат пејзажот на градот, па заслужуваат да се најдат во книгата. Исто така има и мали, неоткриени места, кои се единствени на свој начин“, стои во предговорот на книгата.

„Филип Втори“, чија главна фаза заврши минатата година со комплетирањето на четирите трибини, моментно се реновира долу на теренот, со поместување и поставување на нова тревна подлога и атлетска патека, додека третата фаза за илуминација и застаклување треба да ѝ го даде конечниот изглед на Арената. Најрепрезентативниот спортски објект во земјава се најде рамо до рамо со вистинските храмови како Вембли, Ноу Камп, Сантијаго Бернабе, Алијанц Арена… Во книгата има и посебен дел за невобичаени стадиони, кои импресионираат според својата местоположба.

Од балканските стадиони покрај „Филип Втори“ во книгата се и атинскиот „Спирос Луис“, олимпискиот стадион во грчката престолнина, потоа белградска Маракана, стадионот на Црвена звезда, националниот стадион во Букурешт, двата стадиони во Истанбул, Шукру Сарачоглу и Турк Телеком, и сплитската школка „Пољуд“.
Во публикацијата се посочени главните карактеристики на секој стадион, посочена е историјата, низ фотографии од минатото, но и актуелни фотографии за изгледот на Арената. Оваа публикација во Германија чини 12 евра.
„Спортвелт“ е компанија што се занимава со планирање, изградба и раководење на стадионите, а има и доброразработен портал sportwelt.de, чии публикации се добредојдени за фудбалските навивачи, меѓу кои има посебен дел на туристи, со авантуристички дух, кои имаат една цел – да ги видат сите светски фудбалски храмови.
 
[h=1]ФОТО: Македонија добива најубав стадион на Балканот[/h]
Понеделник, 16 Јули 2012 12:04


Сподели
259

Споделете ја веста со Вашите пријатели

[h=2]Нашиот најголем стадион ќе биде подготвен за мечот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Бате Борисов кој ќе се одигра на 25-ти јули.[/h]
stadion-500.jpg

Финишира реконструкцијата на арената „Филип Втори“. Новата трева е поставена, атлетските патеки се привршуваат. Трибините одамна се готови, а преостанува само да се исцрта стадионот и да се постават стативите.
Според информациите, нашиот фудбалски храм ќе биде готов до 25-ти јули за кога е закажан реванш натпреварот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Бате Борисов.
Според овие фотографии може да се констатира дека Македонија добива најубав стадион на Балканот.
stadion1-500.jpg

stadion2-500.jpg

stadion3-500.jpg

stadion4-500.jpg

stadion5-500.jpg

stadion6-500.jpg

stadion7-500.jpg

stadion8-500.jpg

stadion9-t00.jpg

stadion10-500.jpg

stadion11-500.jpg

stadion12-500.jpg

Фото: press24.mk
 


Арената „Филип Втори“ доби место во публикацијата во која се сместени најважните храмови на фудбалските фанатици. За најубавиот македонски стадион ова е второ признание откако неодамна најстариот спортски магазин на стариот континент, „Гуерин Спортиво“, го прогласи

Ihr seid bisl zu spät wir haben das Stadion schon eingeweiht :)

Shkendija-vs-Partizan-1.jpg
 
Zurück
Oben