Zoran
Μακεδоν τ
(ФОТО) Вардарци ќе бркаат победа на новиот зелен тепихФудбалерите на Вардар и Бате Борисов вечерва ќе ја имаат честа да ја сефтосаат новата трева на Националната арена Филип Втори. Од сликите може да се забележи дека со право нашиот најголем стадион е бројуван меѓу најубавите на Балканот, т.е дека Македонија конечно доби стадион од светски ранг. Освен новиот фудбалски терен Националната арена доби и нова атлетска патека со која е комплетиран целиот внатрешен дел на арената.
Вчера во вечерните часови, арената ја посети и премиерот Никола Груевски за да ја види завршната фаза од реконструкцијата на атлетската патека. Обиколката ја направи на пауза од седницата на Владата.