12.12.2012 „МАКЕДОНИЈА ДЕКОДИРАНА“ стартува денес!
„Makedonien dekodiert“ startet heute!
Македонија Декодирана (официјален трејлер) - YouTube
[h=1]Македонија декодирана[/h][h=2][/h][h=2][/h][h=2]
Веруваме дека живееме во современ свет. Време кога ни се “олеснети” многу нешта, кога техниката и човечките изуми ни “помагаат” за полесен и поудобен живот.[/h]Општеството е и те како променето, посебно во периодот по втората светска војна. По мрачните воени години, во втората половина на минатиот век човекот успеа да отиде надвор од планетава, да патува со авион, да ги истражува небесните тела со присуство врз истите. Користиме машини кои што нè поврзуваат и овозможуваат трансфер на информации и нивно примање во истата секунда кога се испратени, околу нас се создаде некаква “модерна” опкруженост која со својата умешност секој ден нè потсетува дека е тука за да “ни е полесно”. Се ориентираме според часовникот, имаме аларми кои што нè будат, преку интернет мрежата имаме достап до книги кои што никогаш не би ги нашле во некоја од околните библиотеки, можеме да вршиме примопредавање на информации со огромна брзина, голем процент од популацијата е соблазнета од сите светилки, реклами, вештачки изуми…и тоа не е случај само во Големото Јаболко или некоја од поранешните кралски престолнини, туку и во повеќето мали градчиња – дури и во нашата Македонија. И пак, веруваме дека сме успешни бидејќи имаме достап до сите овие “олеснувачи” на нашето живеење, бидејќи имаме светилки во ноќта, автомобили да нè префрлат побрзо до работа, телефони за контакт, и често знаеме да ја оправдаме целата таа технологија со она старинското – полесно е, барем за ситуации “не дај Боже” ни се наоѓаат сите овие изуми на современиот човек.
А живееме во постојан притисок, современиот олеснет свет наликува на некаков хаос каде што нештата се движат со брзина на светлината…штета што под светлина денес повеќето подразбираат сијалица, светлечки билборд, халогенки…сепак некои од луѓево велат “Благодарам Никола Тесла, но сепак уште ја почитувам светлината од свеќите”. Додека телефоните ни ѕвонат во периодот кога порано беше време за ручек, се сеќаваме дека нашите баби и дедовци во истиот период од денот не беа вознемирувани од никој – дека тоа беше време за одмор. Навечер пак, бидејќи ни е овозможено да ни свети и во ноќта, можеме и да работиме, најчесто сме будни до после полноќ – а бабите и дедовците кога биле на наши години, тоа време веќе биле заспани. Целиот овој т.н. современ начин на живот може да се набљудува од различни точки на перцепција, но кога добиваме научни информации за космичката свест од пред само две генерации на луѓе, стануваме свесни дека и покрај тоа што ги немале сите удобни изуми – предците можеле да живеат, работат и создаваат со висока степен на организираност. Немале ни часовници, но знаеле кога треба да сеат и жнеат, знаеле кога ќе се раздени и кога ќе се стемни – информацијата ја добивале непосредно, од самото небо. Сепак, тогаш ги немале сите денешни светлини како препрека во комуникацијата со небесниот свод. Небото било поблиску, знаат да речат…
Македонија Декодирана
- нов серијален документарец од независна Македонска продукција
12.12.2012, 21h12min во живо на интернет –
МК4Д
Првата епизода од Македонија Декодирана
- Тајните на Минатото