Gruevski: Name solution through compromise, not dictate
Skopje, 19 April 2012 (MIA) - We want a solution to the name issue, but one reached through compromise, not dictate that would result in changing of the identity or something built, respected and nurtured for centuries. We want a solution that would be acceptable for the majority of Macedonia's citizens at a referendum, said Prime Minister Nikola Gruevski at Thursday's Q&A Parliament session.
According to him, with the exception of the meeting with the Greek PM on March 1, the Government cannot establish normal communication with Greece for almost a year as a result of certain problems they are faced with, which most probably serve as alibi.
"How can one talk and reach a solution with someone you have no communication with? A state position is built when there are talks, a specific solution offered by one, which could be debated in the Parliament", said Gruevski.
He added there is an electoral campaign in Greece, whereas interlocutors over the issue cannot be found until its completion.
"Afterwards, if the other party demonstrates will and interest, we are ready to sit on the table and find a solution, but not a one-sided dictate that would humiliate the entire nation and one that solves one issue, but opens another for which centuries and lives have been lost in Macedonia", said PM Gruevski.
He emphasized the Government is doing everything in its power to reach a solution that would unblock the country and enable its NATO and EU entry.
"We want a solution that would bring our relations with the southern neighbor back to normal, but at the same time we are cautious with regards to the name solution, which would not harm our national and state interests", underlined PM Nikola Gruevski. i
Груевски: Сакаме решение за името, а не диктат
четврток, 19 април 2012
?????? ????????? ?? ?????, ? ?? ??????
- Кога со некој немате комуникација како може да разговарате и да најдете решение. Државен став се гради кога ќе се има разговори, конкретно решение кое што е од некого понудено, па да се собере Парламентот и да дискутира на отворена или затворена седница - рече Груевски
-Ние сакаме да се дојде до решение за името, тоа решение може да биде компромис, но не може да биде диктат со кој што ќе се менува идентитетот и нешто што со векови се градело, се почитувало, се негувало и се живеело за него. Ние сакаме решение што ќе биде прифатливо за мнозинството граѓани на Република Македонија на организиран референдум - му одговори премиерот Никола Груевски на пратеничкото прашање на Тито Петковски -дали има подготвеност за единствен државнички став пред Самитот во Чикаго.
Тој потенцираше дека со исклучок на средбата со грчкиот премиер на 1 март, цела година не може да се воспостави нормална комуникација со Грција од причина што тие имаат одредени проблеми со кои се соочуваат. Според него тие проблеми најверојатно се нивното алиби заради отсуството на комуникација.
- Кога со некој немате комуникација како може да разговарате и да најдете решение. Државен став се гради кога ќе се има разговори, конкретно решение кое што е од некого понудено, па да се собере Парламентот и да дискутира на отворена или затворена седница - рече Груевски, кој додаде дека се додека трае изборната кампања во Грцијатаму не може да се обезбеди некој за да се разговара за ова прашање.
- По завршувањето на кампањата, доколку кај таа страна постои волја и интерес, како и во минатото, ние сме подготвени да седнеме и да бараме решение, но не и едностран диктат што ќе го понижи целиот народ и кој што решавајќи едно прашање ќе отвори друго за кое што се загубени векови и се загубени илјадници, стотици илјади животи во Македонија- изјави Груевски, според кого оваа политичка гарнитура покажала дека има далеку поголема волја и желба земјата да ја внесе во НАТО и во ЕУ. Тој потенцираше дека тоа се гледа според чекорите и делата, а не според зборовите што ги слушавме и што ги слушаме и денес.
Премиерот обвини декаПетковски повеќе години бил во владејачки гарнитури кои не ги направиле реформите за влез во ЕУ и НАТО.
- Или не ве бидувало или не сте сакале. Сега се соочуваме со моментум кој што значи нелегална блокада од страна на Грција, што го докажа и судот во Хаг, кој јасно покажа дека Македонија во ниту еден момент не ја прекршила спогодбата потпишана во 1995 година и дека постојано разговарала со добра волја за да се најде решение - заклучи Груевски, потенцирајќи дека и Владата и целата политичка гаранитура прави се што е во нејзина моќ да се дојде до решение кое што ќе ја деблокира земјата и ќе и овозможи влез во НАТО и во ЕУ.
- Ние сакаме и решение со кое ќе ги нормализираме односите со нашиот јужен сосед, истовремено многу сме внимателни и сакаме решение што нема да направи штета на нашите национални и државни интереси- рече тој.