SAmo_JoSip
Ultra-Poster
Also das sind auf jeden Fall keine Männer mehr.Richtige Waschlappen
Велешанка доби две годишна забрана да тепа мажи !
Триесет и две годишна жена од велешкото селото Мелница не ќе смее да тепа мажи цели две години оти ќе се соочи со затворска казна.
Вака на жената и пресудил велешкиот суд во кривичната постапка што против неа била поведена и во која била обвинета за нанесување телесна повреда над нејзиниот вонбрачен другар.
Мажот, жртва поминал само со повреди на главата, се спасил од ножот со кој жената му се заканувала по што избегал. Семејното насилство било извршено на крајот на месец февруари, годинава. Кога зборуваме за општество во повисока фаза на демократизација во кое е запазена родовата еднаквост не смее да се премолчи дека и мажот бил жртва на семејно насилство вели социологот Љупчо Ључков.
- Кога станува збор за пријавување од страна на машкиот пол, во врска со овие семејни насилства, оди малку потешко мислам дека пред се во прашање доаѓаат традиционалните норми, вели професорот по социологија Љупчо Ључков.
Безработицата и немоќта на мажот да обезбеди социјална сигурност на семејството е една од причините мажот да биде жртва на семејно насилство, вели Ључков.
- Особено во оние средини каде станува збор за поголем процент на невработеност, особено кај машката популација, показателите покажуваат дека има повисок степен на семејно насилство, вели Ључков.
Во првите единаесет месеци на 2011 година во Велес се случиле 16 семејни насилства или пет помалку од лани. Сепак за социолозите ова е предупредувачка бројка која за да не се повтори треба да се интервенира со едукација на населението.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=-1&egId=13&eventId=84142
Folge dem Video um zu sehen, wie unsere Website als Web-App auf dem Startbildschirm installiert werden kann.
Anmerkung: Diese Funktion ist in einigen Browsern möglicherweise nicht verfügbar.
Wir verwenden essentielle Cookies, damit diese Website funktioniert, und optionale Cookies, um den Komfort bei der Nutzung zu verbessern.
Siehe weitere Informationen und konfiguriere deine Einstellungen