Einige Lernbehinderte merken gar nicht dass sie auf meiner Ignore-Liste sind! :satisfied:
Was oder wo jemand steht ist relativ, wichtig ist das ein Sonderschüler wie du die richtige Behandlung bekommt.
Hier wird zB mehr über die griechischen Fälschungen in Bezug auf die Bibel Stellung genommen.
Прогрчки фалсификат во Библијата
[TABLE="width: 890"]
[TR]
[TD]
Еве уште една неправедна прогрчки ориентирана тенденција од светските учени во која на Грција и Грците без основа им се припишува нешто што реално не им припаѓа. И тоа овој пат, ни повеќе ни помалку, туку во самата Библија! Предлагаме за ова да се покрене една широка акција преку Интернет до црквите во светот и до издавачите на Библијата, со цел запознавање со оваа неправедна состојба[/TD]
[TD][/TD]
[/TR]
[TR]
[TD="align: center"]
[/TD]
[TD][/TD]
[/TR]
[TR]
[TD]
[/TD]
[TD][/TD]
[/TR]
[TR]
[TD]О пшто е прифатено верувањето дека дел од содржината на старозаветната Книга на пророкот Даниел, во која тој опишува еден свој сон, се однесува на освојувањето на Азија од страна на Александар Велики Македонски. Овде ќе укажеме на еден голем прогрчки библиски фалсификат на кој, за жал, потпаднаа многу преведувачи на Библијата, вклучително и некои македонски. Во стихот (8:21) од Книгата на Даниел е спомнат цар (крал), за кого библиските познавачи претпоставуваат дека е Александар Велики Македонски. Во македонскиот превод на Библијата (достапен преку Интернет) овој цар е наречен како „царот на Грција“. Консултиравме и други преводи и во најголем дел од нив секаде го пишува истото (веројатно според домино-логиката да се прави превод врз основа на некој веќе претходно направен, па ако таму пишува „Грција“, тоа се зема здраво за готово и по инерција се внесува во новиот превод).
Од познатите преводи на Библијата на англиски терминот „Грција“ е спомнат во: преводот на Вебстер (1833), во преводот на Дарби (1890), во американската стандардна верзија на Библијата (1901) и други. Во нив се среќава терминот „Грција“ (Грееце). Во познатиот превод од страна на Англиканската црква познат како Библијата на кралот Џејмс (1611) овој термин е модифициран во „Греција“. Во преводот на Дуеј-Рејмс (1582) се чини е отидено најдалеку во прогрчкото детерминирање на овој стих, па терминот Грција е заменет со етнонимот „Грци“ (наместо „царот на Грција“, пишува „царот на Грците“!?). Прогрчките детерминирања на овој стих од Книгата на пророкот Даниел се застапени и во преводите на други јазици (меѓу кои и македонски).
Се посомневавме во автентичноста на употребата на терминот „Грција“ во сите овие преводи поради фактот што ваквата квалификација била дадена околу крајот на седмиот или во почетокот на шестиот век пред Христа од страна на старозаветниот пророк Даниел, а во тоа време никаква „Грција“ не постоела ниту како држава ниту како некоја оформена целина (унитарна античка грчка држава никогаш не постоела во историјата, туку постоеле градови-држави, кои најчесто биле непријателски расположени едни кон други). Ова значи дека пророкот Даниел (кој тогаш живеел во Вавилон) не можел да спомне ваков термин. Истражувајќи, наидовме на текстот на Стариот завет напишан на оригиналниот палеохебрејски јазик (исто така од седми и шести век пред Христа) со транскрипција на современиот хебрејски и на зборовите со латинични букви. Го најдовме стихот 8:21 и наидовме на големо изненадување. Таму воопшто не пишува „царот на Грција“, туку (на хебрејски) „царот на Јаван“. Па, кој си дозволил името Јаван да го фалсификува и да го замени со „Грција“, пишувајќи за време кога ваква држава не постоела? Значи, се работи за невиден и дрзок фалсификат направен во Библијата! Сепак, некои библиски преведувачи биле коректни, па во нивниот превод си стои „Јаван“. На пример, во англискиот превод на Библијата направен од Роберт Јанг (1862) јасно пишува „кралот на Јаван“ (king of Javan), а не „кралот на Грција“.
Ш то значи зборот Јаван? Зошто овој збор некој си дозволил да го поистовети со терминот Грција (Грци)? Дали е тоа можеби некое постаро име за територијата на денешна Грција? Јаван не е никакво географско име, туку тоа претставува лично име на еден од синовите на Јафет (кој бил син на Ное). Значи, Јаван бил внук на Ное. Ова е посочено во Книгата за битието (10 поглавје).
Според Стариот завет, од внуците на Ное и од нивното потомство настанале разни народи, иако не е прецизирано од која личност кој народ настанал. Прогрчки настроените сметаат дека од Јаван настанале Грците, па затоа името Јаван го фалсификувале „Грција“, иако за тоа не постојат историски докази. Тие се повикуваат на Табелата на народите напишана од староеврејскиот историчар Јосиф Флавиј (кој живеел во првиот век по Христа), кој таму вели дека од потомците на Јаван настанале Грците. Во најпосетената интернет-енциклопедија (која треба да се зема со резерва, заради што е забранета за употреба во некои американски образовни институции) „Википедија“ (наслов Јаван) читаме: „Јаван бил четвртиот син на синот на Ное... Јосиф Флавиј го застапува традиционалното гледиште дека ова лице било предок на грчкиот народ“. Ваквиот став го застапуваат и други автори и според нив, Јаван бил наводен „предок на Грците“ и затоа неговото име во Библијата е фалсификувано со „Грција“ или со „Грците“. За ваквото тврдење се повикуваат на пишувањето на Табелата на народи.
Табелата не е библиски, ниту историски текст, туку е литературна творба, да не кажеме измислица, на многу подоцнежни автори. Во Стариот завет (книгата Битие) само пишува дека од потомците на Ное „се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи“. Овде не пишува од кој потомок кој народ бил создаден! Многу векови подоцна, одделни автори си дозволиле, врз основа на оваа реченица да шпекулираат кој народ од кој потомок на Ное настанал. Ваквите претпоставки се познати под името Табела на народите. Не постои само една, туку постојат неколку табели од разни автори. Покрај онаа на Флавиј, постојат и табели чии автори се: свети Иполит (трети век), Јером (крај на четврти век), Исидор од Севилја (седми век) и други подоцнежни автори. Тие своите табели ги направиле со векови по појавата на оригиналната Книга на битието во Стариот завет. Според Табелата од Јосиф Флавиј (која била напишана во првиот век по Христа, т.е. околу седум века по комплетирањето на Книгата на битието) Јаван бил предок на „Јонија и на сите Грци“ (се разбира, без никаква историска основа за ваквото тврдење – патем да спомнеме дека во сите свои историски дела Флавиј сосема јасно прави разлика помеѓу Македонците и Грците, секаде јасно издвојувајќи ги овие два народа).
Во Табелата создадена од свети Иполит (прва половина на трети век) пишува дека Јаван (преку својот син Китим) бил предок на - Македонците! Свети Иполит (кој потекнувал од Рим и денес се смета за еден од најголемите ранохристијански теолози), како директни потомци на Јаван, освен Македонците, ги сметал и: Иберијците, Тројанците, Фригијците и Римјаните. За етнокултурната врска помеѓу Македонците и Фригијците (кои додека престојувале на Балканот биле познати под името Бригијци, т.е. Бриги) постојат голем број докази, што значи дека свети Иполит не бил далеку од вистината, барем кога се во прашање Фригијците и Македонците. Дека Јаван бил предок на Македонците (а не на Грците или на Грција) пишува и во големата дванаесеттомна Еврејска енциклопедија (објавена помеѓу 1901 и 1906 година) каде што Јаван сосема јасно е поистоветен со (цитат) „Македонија“.
Во светски познатиот Крецман-проект (коментар за Библијата од страна на проф. д-р Пол Крецман, објавен на над 3.000 страници во периодот помеѓу 1921 и 1924 година, кој денес се смета за водечко толкување на Библијата среде лутераните), името Јаван се поврзува и со Македонија и со Грција. Овде читаме: „Јаван ги вклучува Македонија, Грција и јонските колонии...“
М еѓутоа, еврејските истражувачи Готхил и Краус се категорични во тврдењето дека Јаван се однесува исклучиво на Македонија. Тие потсетуваат дека Александар Велики во древните рабински текстови бил опишан како „Александар Македонецот“ и дека Македонија се среќава под името Китим (кој бил еден од синовите на Јаван), што значи дека постои и библиско сведоштво дека Македонија е поврзана со Јаван (преку неговиот син Китим). Во старозаветната Прва книга за Макавеите (1-3) каде што читаме:
„Александар Македонецот, синот Филипов, кој тогаш веќе беше господар на Грција, се појави од земјата Китим и го победи Дарие, кралот персиски и медиски, по што зацарува место него“.
Во ова библиско сведоштво јасно гледаме дека Александар е наречен „Македонец“ (кој во тоа време веќе господарел со Грција, што сосема одговара на вистината) и дека се појавил од земјата Китим. А бидејќи знаеме дека земјата на Александар е Македонија, како и дека Китим бил син на Јаван, еве и библиски доказ дека Јаван треба да биде поврзан со Македонија, а не со Грција. Готхил и Краус исто така потсетуваат дека рабините што живееле во времето на „Македонската ера“: „го идентификувале хебрејскиот Јаван со Македонија“.
Поради сето ова се поставува прашањето: зошто преведувачите на Библијата не го искористиле зборот Македонија како синоним за Јаван (иако за тоа постои и библиско сведоштво во Книгата за Макавеите)? Зошто го избрале токму зборот Грција (па дури и етнонимот Грци) кога видовме дека нема никаква историска основа за тоа? Можеби најдобро би било овие преведувачи да се држеле до оригиналниот текст и да го оставеле во своите преводи името Јаван, наместо да импровизираат врз основа на недокажани шпекулации (меѓу кои сосема слободно можеле да ја изберат и Македонија). Еве уште една неправедна прогрчки ориентирана тенденција од светските учени во која на Грција и Грците без основа им се припишува нешто што реално не им припаѓа. И тоа овој пат, ни повеќе ни помалку, туку во самата Библија! Предлагаме за ова да се покрене една широка акција преку Интернет до црквите во светот и до издавачите на Библијата, со цел запознавање со оваа неправедна состојба.
Авторот е историчар во Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип [/TD]
[/TR]
[/TABLE]