НА НАРЕДНОТО ЗАСЕДАНИЕ НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ
Македонија има 100% шанса за воведување на уставното име во ОН!
Ова го тврди професорот по меѓународно право во Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев. Палестина е примена во УНЕСКО со 107 гласа "за", наспроти 14 "против"! Слично ќе биде и со нашето име во ОН
Македонија има стопроцентна шанса на следното заседание на Генералното собрание на ОН да издејствува воведување на уставното име во ОН. Веќе сме примени како полноправна членка на Организацијата и, бидејќи не станува збор за суштински прашања, за нас ќе се гласа со просто мнозинство, а не како што не уверуваа многу нестручни поединци дека треба 130 држави да не признаат под уставното име за да почне акција во ООН, вели во својата колумна професорот по меѓународно право во Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев.
- Доколку дојде до гласање, мислам дека во македонскиот случај ќе гласаат 120 земји, така што ќе бидат потребни само 61 држава да гласаат за воведување на уставното име во ООН. Македонија реално ќе добие многу повеќе. Грција нема да може да собере повеќе од 25 гласа за да ја спречи македонската акција, како што САД не собраа повеќе од 13 држави против палестинскиот прием. Грција едноставно ќе биде исклучена и бизарниот и наметнат спор со името ќе се затвори еднаш-засекогаш, вели Јанев.
Јанев за споредба ја зема Палестина, која не беше членка на ОН и и беше потребно двотретинско мнозинство за приемот во ОН, а требаше да помине и преку гласањето во Советот за безбедност, во кој САД, Британија и Франција имаат право на ВЕТО! За Македонија ситуацијата е многу поинаква и полесна. Нас никој не може да не блокира. Ние поминавме во Советот за безбедност и сме членка на ОН. Потребно ни е само просто мнозинство од присутните, кои гласаат во Генералното собрание на ООН за замена на референцата со уставното име, објаснува Јанев во колумната што ја пренесува Македонската интернационална новинска агенција.