Австралија ќе ја признае Македонија под уставното име!?
29.02.2012 - 07:46 | Македонија
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/avstralija-ke-ja-priznae-makedonija-pod-ustavnoto-ime
Ќе биде ли Австралија следната земја која ќе ја признае Македонија под уставното име? Јасна порака доби македонската делегација во парламентот во Канбера.
Не познато и чудно е и за нив некој да ви наложува кое име да го користите.
- Не познавам ниту еден човек кој бара од мене да го викам по некое друго име од она кое му е дадено и тоа е многу јасна причина поради која Австралија треба да и се обраќа на Македонија со Република Македонија ако таа така сака да и се обраќаат, вели Гери Ханфрис, сенатор во парламентот на Австралија.
- Како минува времето така ќе се зголемува бројот на луѓето кои мислат дека признавањето на Македонија е вистинскиот чекор. Сметам дека Грција повеќе треба да се фокусира на внатрешната политика односно на економијата отколку да гледа што прават нејзините соседи, вели Лук Симпкинс, пратеник.
Претседателот на македонското Собрание за проблемот со името разговараше со двајцате негови колеги, претседателите на овдешниот парламент и сенатот. Од него слушнаа за пресудата во Хаг и за пречката за членство во НАТО.
- Се повеќе сенатори и пратеници се свесни дека Македонија треба да биде признаена под уставното име таа бројка ќе биде се поголема и мислам дека во догледно време Македонија ќе може да се радува на признавањето од Австралија на уставното име, вели претседалот на Собранието Трајко Велјаноски.
- Она што го слушнавме овде Ве уверувам дека ќе биде пренесено на австралиската влада, зошто ова е во делот на нејзините ингеренции, вели Питер Слипер претседател на австралискиот Парламент.
Парламентарците ќе се обидат да помогнат и во олеснувањето на визниот режим за Македонија, на почеток барем за студентите, зошто од 2008та нивните граѓани без визи патуваат во Македонија.