Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Infrastruktur-Projekte in Mazedonien

jbt ist das nicht langsam genug jeden Pimmelkram der da passiert lawinenartig zu melden? Ausserdem sehen die Häuschen Scheiße aus

256 neue Bushaltestellen sind doch kein "Pimmelkram"? Wenn du wüsstest wie die anderen Haltestellen in Skopje aussehen würdest du deine Meinung schlagartig ändern. Und wenn es dich nicht interessieren würde hättest du es auch nicht nötig hier rumzulabbern ,es würde dich nicht interessieren.

- - - Aktualisiert - - -

Es wird gerade an einem Projekt für eine Handelszone in Radovis gearbeitet.

Се изработува проектна документација за ТИРЗ Радовиш



Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони потпиша договор со „Прима инженеринг“ од Скопје за изработка на проектната документација за технолошко индустриската развојна зона во Радовиш. Планирано е во наредните осум месеци да се завршат неопходните проектантски услуги, а склучениот договор е во вредност од 3.436.359 денари или околу 56 илјади евра. Државното земјиште за привлекување на нови странски инвеститори во Радовиш е лоцирано во месноста „Долна Рудина“ и се простира на површина од околу 10 хектари. Покрај зоната минува постоечкиот магистрален пат А4 (М-6), во нејзина непосредна близина е зацртан идниот автопат и магистралниот гасовод кон Струмица. За индустриската зона во Радовиш е изработена државната урбанистичка планска документација, а завршени се и потребните геомеханички и хидролошки истражни работи.
На ниво на Македонија, досега е започната изградбата на технолошко индустриските развојни зони во Скопје, Штип, Гевгелија, Кичево и Прилеп. Во најнапредна фаза на реализација е ТИРЗ Скопје 1, во која целосно е завршена неопходната инфраструктура за идните производствени погони на странските инвеститори. Пред неколку недели беше донесена одлуката за давање под концесија на ТИРЗ Тетово на норвешката компанија „Нормак инвестмент груп“, која ќе управува со просторот во наредните 96 години, а за индустриските зони во Струга, Ранковце и Струмица е предвидено да започне постапката за изградба во претстојниот период.
 
Weiteres Tourismusprojekt: Wander-und Fahrradwege sollen am Sar Planina-gebirge errichtet werden.

Со велосипед низ Шар Планина

96C5FA24AEFB99459CC780CD241ADDB1.jpg


Овој проект, кој почна да се реализира лани, заврши со уредување патеки во атарите на гостиварските села Дебреше, Долно Јеловце и Здуње, чија вкупна должина е 31 километар, од кои една е за планински велосипедизам

Љубителите на планинскиот туризам во блиска иднина на Шар Планина ќе можат да користат уредени планински патеки, чија должина е над триесет километри, а освен пешачките, една патека е предвидена за планински велосипедизам.

Со завршната сесија на проектот „Промоција на природните вредности на Шар Планина преку едукација за животната средина“ официјално беа пуштени во употреба три патеки за планински рекреативен туризам во гостиварско.

Проектот, кој почна да се реализира минатата година, заврши со уредување патеки во атарите на гостиварските села Дебреше, Долно Јеловце и Здуње.

- Патеките, чија вкупна должина е 31 километар, се мрежно поврзани. Две се предвидени за пешачење, а едната со должина од 16 километри е за планински велосипедизам - вели Kонстантин Циривири од Центарот за планински развој.

За подобра и полесна информираност на рекреативците и туристите изработена е брошура со детални податоци за трите планински патеки, населените места и мапа.

На презентацијата беше образложено дека од уредувањето на патеките корист ќе има и локалното население бидејќи вака уредените патеки овозможуваат услови за развој на планински туризам.

- Несомнено дека ова ќе биде поттик на претприемаштвото кај месното население и да понудат дополнителни содржини за туристите што ќе престојуваат во овој регион- вели Циривири.

Освен на развојната компонента, се посветува големо внимание и на основната цел - проектот за заштита на биодиверзитетот на Шар Планина. Проектот за промоција на природните вредности на Шар Планина почна во 2011 година и со него беа опфатени шесте општини што гравитираат околу Шар.

Проектот го координира Македонското еколошко друштво (МЕД) со финансиска поддршка од германската федерална агенција за животна средина.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=76...3C00A5DF6726D7
 
Autobahn Miladinovci-Stip vor Baubeginn



[h=1]Од Скопје до Штип ќе се патува половина час[/h]25/02/2013 | Економија | 0 Коментари

Модерен автопат со шест ленти ќе го сече Овчеполието и ќе го сведе патувањето од Штип до Скопје на само половина час. Вкупната должина на новопроектираниот автопат ќе биде 53,5 километри и по него ќе може да се вози со брзини од 100 и 120 километри на час, пишува денешен Дневник.

Новиот пат од Миладиновци до Свети Николе ќе биде широк 29 метри, односно во двата правца ќе има по две ленти со широчина од 3,85 метри и уште една лента за забавување и за застанување, широка 2,5 метра. Вкупната широчина на коловозот за движење во еден правец ќе изнесува 10,75 метри. Помеѓу двата коловози ќе има и 4 метри заштитно зеленило и систем за зафаќање на атмосферски води од коловозот.
Новопроектираниот патен правец ќе почне со клучка кај селото Миладиновци и ќе навлезе во долината на реката Пчиња за преку месноста Блатски Ниви да излезе кај селото Средно Kоњаре каде што ќе се гради мост. Трасата е поставена покрај селото Сушица, па во сливот на Врњак и ќе продолжува по падините на кои се поставени селата Kрушице, Преод и Сопот. Потоа таа се спушта во Овчеполската Низина и се приближува до коритото на реката Периш, с` до градот Свети Николе, каде што ќе се гради клучка и заобиколница. Kај 40-тиот километар, автопатот ќе продолжува паралелно со постојниот регионален пат кон Штип, минувајќи низ месноста Андонова Воденица, ќе го сече потокот Немањица и покрај Kадрифаково и Kриви Дол ќе завршува во Штип. Постојниот коловоз на овој дел ќе се проширува за да се добијат три ленти за движење во еден правец, а ќе се изведе нова коловозна лента за одвивање на сообраќајот во спротивната насока. Новата коловозна лента во првите три километри ќе се води од левата (западната) страна, за да од таа пресечна точка, па до крајот на делницата, се води по десната (источната) страна.
- Овој автопат ќе овозможи брза комуникација за цела источна и југоисточна Македонија со главниот град. Од изградбата на автопатот Миладиновци-Штип корист ќе имаат граѓаните од овој дел на Македонија, но и бизнис-секторот, кој ќе добие брз транспорт на своите производи. Исто така, се очекува источниот регион на земјава да стане и поатрактивен за странските инвеститори, кои може да инвестираат во технолошко-индустриската развојна зона во близина на Штип. Добрата инфраструктура е еден од условите за добар бизнис и побрз и поевтин пристап до странските пазари – велат во Источниот плански регион.
Веќе е почната постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно и за експропријација на приватните имоти во општините Свети Николе и Штип за изградба на автопатот Штип-Миладиновци. Но, поради распишувањето на локалните избори, привремено е запрена експропријацијата.
Студијата за влијанието на новиот пат врз животната средина што беше изработено по нарачка на Агенцијата за државни патишта покажа дека нема никакви еколошки пречки автопатот да почне да се гради. Според неа, на повеќе места на автопатот ќе има посебни премини за животните, со повеќе одводни канали и слично. Автопатот во дијапазон од 30 метри широчина од двете страни ќе биде обезбеден со ограда, а на повеќе места ќе има звучни и други сигнални уреди, особено во близина на населените местa, пишува весникот.
 
Neues Projekt: Makedonija 2017
Die Struga-region soll moderner werden und daher werden jetzt Infrastruktur-Projekte geplant.

Премиерот Никола Груевски вечерва на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Општина Струга од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека за доброто на Струга треба да се обединат сите граѓани, без разлика на нивната етничка, религиозна или политичка припадност


02032013214625_Nikola%20Gruevski.jpg


- Ги повикувам сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, без разлика дали се од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, да го изберат најдоброто решение, рече Груевски.

Тој подвлече дека сега е вистинското време за обединување и за постигнување, како што рече, нови дела во корист на народот.

- Не случајно ВМРО-ДПМНЕ, овде, во Струга замина во опозиција. Сакаме да ја преземеме одговорноста, но и да го реализираме тоа што сакаме да го реализираме, а не ја имаме одговорноста, но да бидеме спречени во реализацијата. Сега е време да се обединиме, да постигнеме заеднички нови и трајни дела во корист на народот. Со заеднички сили, ние од ВМРО, од СДСМ, и Македонците, и Албанците, и Турците, и Ромите, и Бошњаците, и сите останати, да го дадеме својот глас за нови дела, за човекот кој, знам, дека тоа ќе го испорача, додаде премиерот Груевски.

Тој го најави проектот на Владата за реализација на бројни инфраструктурни проекти, меѓу кои и проектот „Македонија 2017“ преку кој, Струга и околните населени места ќе прераснат во модерни и урбани средини.
 
Neues Projekt: Makedonija 2017
Die Struga-region soll moderner werden und daher werden jetzt Infrastruktur-Projekte geplant.

Премиерот Никола Груевски вечерва на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Општина Струга од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека за доброто на Струга треба да се обединат сите граѓани, без разлика на нивната етничка, религиозна или политичка припадност


02032013214625_Nikola%20Gruevski.jpg


- Ги повикувам сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, без разлика дали се од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, да го изберат најдоброто решение, рече Груевски.

Тој подвлече дека сега е вистинското време за обединување и за постигнување, како што рече, нови дела во корист на народот.

- Не случајно ВМРО-ДПМНЕ, овде, во Струга замина во опозиција. Сакаме да ја преземеме одговорноста, но и да го реализираме тоа што сакаме да го реализираме, а не ја имаме одговорноста, но да бидеме спречени во реализацијата. Сега е време да се обединиме, да постигнеме заеднички нови и трајни дела во корист на народот. Со заеднички сили, ние од ВМРО, од СДСМ, и Македонците, и Албанците, и Турците, и Ромите, и Бошњаците, и сите останати, да го дадеме својот глас за нови дела, за човекот кој, знам, дека тоа ќе го испорача, додаде премиерот Груевски.

Тој го најави проектот на Владата за реализација на бројни инфраструктурни проекти, меѓу кои и проектот „Македонија 2017“ преку кој, Струга и околните населени места ќе прераснат во модерни и урбани средини.

YEES Endlich !!!
 
Zurück
Oben