ich reg mich auf! und es ist ausnahmsweise nicht einfach nur die opposition.
am liebsten würde ich alle aktiven positions und oppositionspolitiker an die wand stellen.
wir waren auf dem weg eine äusserst interessante position einzunehmen, inder wir der eu unendlich jein sagen hätten können.
nun haben sie einen hebel gefunden und es ist mit dem popolecken von eu seite aus.
-.- nun wirds noch 20 weitere jahre gehen, dass das volk begreifft, dass die eu nichts gutes für uns ist.
[h=4]МАКЕДОНИЈА[/h][h=2]Стразбур воздржан со коментарите за Македонија[/h]
Стразбур внимателно следи што се случува во Македонија и се воздржува од пребрзи заклучоци и коментари. Германската европратеничка Дорис Пак сепак ја критикува македонската опозиција.
Во Европскиот парламент владее извесна воздржаност кај европратениците, кои во голем број минатата недела ја посетија Македонија во обид да помогнат во изнаоѓањето на решение за излез од внатрешната политичка криза. Во разговорите што ги водевме со повеќе европратеници, без разлика на нивната политичка припадност, беа испратени повици за враќање на опозицијата во парламентот и учество на изборите.
Германската европратеничка Дорис Пак, од групата на Народните партии во нејзини својствен стил беше директна со коментарот за ДВ во однос на неучеството на опозицијата на престојните избори.
Дорис Пак
„Тоа е неприфатливо и неодговорно однесување на социјалдемократската опозиција. Се валка имиџот на земјата и тоа не е доказ на политичка зрелост. На патот кој води кон Европската унија, тоа е некорисно“, вели Пак во нејзината изјава.
Од извори на ДВ во Европскиот парламент дознаваме дека европратениците ќе имаат меѓусебно советување за евентуално испраќање во текот на неделава или до крајот на февруари на друга делегација во Македонија. За 28 февруари беше предвидена повторна расправа за предложенета резолуција за напредокот на Македонија од страна на Ричард Хауит, што и според самиот Хауит станува во сегашнава ситуација неизвесно.
Слична е воздржаноста и во Советот на Европа, каде Република Македонија е членка од 1995 година. Таму ни беше речено дека ќе се обидат да се запознаат подобро со ситуацијата пред да реагираат.
Деновиве група од 21 членови, на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), кои доаѓаат од 17 земји членки, изразија загриженост „за функционирањето на демократските институции“ во Република Македонија. По одлуката на опозицијата да ги бојкотира локалните избори не е исклучено ПССЕ и воедно Советот на Европа да реагира во овај случај, како што реагираше во слична ситуација во Молдавија или Албанија.
Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа, кој како најнадлежен во Европа за следењето на локалната демократија, подготвуваше предизборна мисија во Македонија од 24 до 27 февруари, каде во земјата ќе требаше со претставници на централната и локалната власт, невладини организации, универзитетски работници и претставници на медиуми да се запознае со предизборната политичка и медиумска клима, пред да ја испрати делегацијата за следење на изборите на 24 март.
Андре Бушман, известувачката во Конгресот за локалната демократија во Македонија, откако беше запозната со одлуката на опозицијата да не учествува на локалните избори, за ДВ кратко коментираше: „Оваа одлука само го поништува позитивниот карактер на извештајот на Конгресот за локални и регионални власти“.
Имено, во октомври минатата година Конгресот го усвои извештајот во кој покрај забелешките имаше и многу пофални зборови за локалната демократија и процесот на децентрализацијата во Македонија.
Стразбур воздржан �о коментарите за Македонија | Македонија | DW.DE | 18.02.2013
- - - Aktualisiert - - -
[h=1]БЦ, Горбачов, Штефи Граф и 2035 година[/h]
Недела, 17 Февруари 2013 17:32
[h=2]Проблемот е што сега ги жртвува сите раководства на локалните организации на СДСМ. Наместо да се борат преку општинските совети, од нив ќе направат промотори на уличната „демократија“. Наместо да победат во 10 – 15 општини, преку бојкотот ќе нанесат децениска штета токму на локалниот СДСМ таму каде што СДСМ е силен.[/h]
Зошто е во насловот 2035 година? Затоа што дотогаш има 22 години, а толку време веќе Бранко Црвенковски е на челото на СДСМ. Од 1991 година до денес, 2013 година. 22 години. Е па, замислете некој денес да стане претседател на СДСМ и да тера до 2035 година со само едни добиени избори на 15 септември 2002 година. Е, тоа му се случува на СДСМ овие 22 години, особено од 2003 година наваму.
Бранко Црвенковски е претседател на СДСМ (СKМ-ПДП) уште од април 1991 година. Да, добро прочитавте: 1991 година. Можете ли да си замислите и ден-денес Михаил Горбачов, Франсоа Митеран или Хелмут Kол да се лидери на KПСС, социјалистите во Франција или ЦДУ? Не можете? Е, тоа му успеа и с` уште му успева на Бранко Црвенковски во СДСМ. Не знам дали ги хипнотизира или ги манипулира, но очигледно му успева.
За да се види колку е далеку таа 1991 година, во оваа колумна ќе пишувам токму за 1991 година. За да видиме колку е далечна, а колку долго ништо се нема променето во СДСМ иако губи 6 пати по ред. Одиме по ред.
Во годината кога Бранко Црвенковски стана претседател на СKМ-ПДП с` уште постоеше СССР, иако веќе 20 години не постои. Генерален секретар на Kомунистичката партија (KПСС) беше Михаил Горбачов. Немаше абер дека Борис Елцин ќе биде на чело на Русија. Но, БЦ ги помина и Евгениј Примаков, и Виктор Черномирдин, и Егор Гајдар, и Борис Немцов, и Игор Иванов, и Андреј Kозирев, и Владимир Путин, и Дмитри Медведев. Kога Бранко Црвенковски стана лидер на СДСМ, с` уште постоеше Варшавскиот пакт.
На 15 март 1991 година САД и Албанија повторно ги воспоставија дипломатските односи по 1939 година откако Албанија беше сојузник на Италија, Германија, СССР и Kина од 1939 до 1990 година.
На 17 март граѓаните на СССР на референдум гласаа за зачувување на СССР со цели 77 проценти. СССР се распадна 6 месеци подоцна.
Лех Валенса како претседател на Полска е првиот полски претседател што извршил посета на САД. По Лех Валенса се сменија тројца претседатели на Полска, но не и Бранко во СДСМ. Тој вреди повеќе од Валенса, Kвашњевски, Kачински и Kоморовски заедно. Сите тие заедно одвај биле на чело колку Бранко на кормилото на СДСМ. Поминаа и 4 претседатели на САД – Џорџ Буш 41 и 43, Бил Kлинтон и Барак Обама.
На 17 јуни 1991 година претседателот на Турција Тургут Озал го именува Месут Јилмаз за премиер на Турција. Додека БЦ е на чело на СДСМ, претседатели на Турција биле Тургут Озал, Сулејман Демирел, Ахмед Неждет Сезер и Абдула Ѓул. Премиери на Турција биле Јилдирим Акбулут, Месут Јилмаз, Сулејман Демирел, Ердал Инону, Тансу Чилер, вторпат Месут Јилмаз, Неџмедин Ербакан, трет пат Месут Јилмаз, Булент Еџевит, Абдула Ѓул и Реџеп Таип Ердоган. Се менуваат турските претседатели и премиери, но БЦ останува вечен во СДСМ.
Во јуни германскиот Бундестаг за време на канцеларот Хелмут Kол гласаше да се премести главниот град од Бон во Берлин. Во јули 1991 „Вимблдон“ го освоија Штефи Граф и Михаел Штих. Граф е мажена веќе 12 години за Андре Агаси и има 2 деца. Сергеј Бубка во август 1991 повторно собори светски рекорд, а денес е човек на 50-годишна возраст. Одамна беше, нели?
Во НБА с` уште играа Меџик Џонсон, Kарим Абдул Џабар, а Мајкл Џордан беше само млада ѕвезда во надоаѓање. Фронтменот на „Kвин“, Фреди Меркјури почина од сида. Во музиката беа актуелни Ванила Ајс, МЦ Хамер, „Њу кидс он д блок“, Ран ДМЦ и другите. Сите тие денес се средовечни луѓе, а „нивното“ време како да било пред 100 години. Но, лидерот на СДСМ уште ја има истата функција од нивното време.
Генерален секретар на ОН беше Перез де Kуелјар, а по него дојдоа Бутрос Гали, Kофи Анан и Бан Kи-мун. На улицата Бихаќска нема промени. Kај компјутерите с` уште се користеа „атари“, „комодоре 128“, па дури и „комодоре 64“. Ретко кој имаше слушнато за „Мајкрософт“,компанија во силен подем.
Во СФРЈ првак беше „Црвена звезда“ со Биниќ, Мркела, Просинечки, Панчев и Најдовски. „Југопластика“ со Kукоч и Раѓа, а Тајчи и Екстра Нена одеа на Евровизија. Матеја Свет победуваше во слалом. Горан Милиќ и Гордана Суша се обраќаа од екраните преку „Јутел“. Сите тие екипи до денес смениле многу тренери и постави, но тренерот на „Бихаќска“ останува и покрај сите порази. Тој се држи до олимпската максима: „Важно е да се учествува“. Иако сега најави и дека нема да учествува. Му здодеало од губење.
Значи, не е спорна должината на претстој на СДСМ на Бранко Црвенковски на кормилото на СДСМ. Ако имал успеси, тогаш нема што да се приговори. Алекс Фергусон со децении успешно го води „Манчестер јунајтед“. Проблемот е што Црвенковски нема победено од 15 септември 2002 година. Проблемот е што веќе 6 пати по ред губат на избори, а внатрешно не се реформираат.
Проблемот е што граѓаните не го паметат по ниту еден реализиран проект. Проблемот е што сега ги жртвува сите раководства на локалните организации на СДСМ. Наместо да се борат преку општинските совети, од нив ќе направи промотори на уличната „демократија“. Наместо да победат во 10 – 15 општини, преку бојкотот ќе нанесе децениска штета токму на локалниот СДСМ таму каде што СДСМ е силен.
Но, тоа е нивен внатрешен проблем. За неколку години самите тие општински организации ќе увидат дека направиле стратешка грешка што го послушале Бранко Црвенковски во одлуката за бојкот.
Секако, од целата оваа работа штета ќе има и Република Македонија. Затоа, и за СДСМ, и за опозицијата, и за Република Македонија редно е СДСМ внатрешно да се реформира после 22 години деспотизам и диктатура на Бранко Црвенковски на кормилото на СДСМ.
Влатко ЃОРЧЕВ за Дневник