Zoran, bist du politisch aktiv?
Mit freundlichen Grüßen
Vorgeschichte:
Кој лепеше стотки на мостот кај „Холидеј Ин“?
Група млади луѓе со лажни банкноти од по 100 евра кои пеат и играат, вчера на мостот кај „Холиден Ин“ го изразија својот како што самите викаат револт поради нерационалното трошење пари.
Младите кои пееја и играа наводно беа собрани кај мостот преку Твитер и Фејсбук, но кога подетално ќе се разгледаат учесниците на овој собир се поставува прашањето дали ова е уште една активност на организации блиски до Институтот Отворено општество.
Активисти на Плоштад Слобода и Распеани Скопјани, организации кои по своето делување во јавноста многупати беа означени како механизми кои служат за логистика и надополнување на политиките на СДСМ можеа да се забележат на собирот кој учесниците сакаа да го престават како спонтан.
Меѓу присутните активисти на собирот вчера можеше да се забележи Никола Наумоски, кој инаку е братучед на Радмила Шекеринска.
Тој заедно со Соња Исмаил, ќерка на Ѓунер Исмаил, се едни од основачите на Плоштад Слобода кои станаа препознатливи поради противењето на изградбата на Црква на плоштадот и оспорувањето на секоја градба од проектот Скопје 2014.По ова се поставува прашањето дали ова се едни исти луѓе кои се вклучени во повеќе организации кои на директен или индиректен начин се доведуваат во корелација со СДСМ. Па така Наумоски е еден од основачите на Институтот Прогрес, заедно со Емилијан Станковиќ, Драган Тевдовски, Каролина Ристова – Астеруд, Александар Чеботарев....
Покрај активисти на Плоштад Слобода и Распеани Скопјани, на вчерашниот собир исто така можеше да се забележи и Андреј Анчевски, кој на јавноста и е од претходно познат како член на студентската иницијатива „Слободен индекс“.
Оваа организација остро се противеше на измените на законот за високо образование и организираше протести кои во медиумите и јавноста се отвори полемика дека се партиски инспирирани.
Андреј Анчевски исто така е присутен и на социјалните мрежи.
По ваквиот „спонтан“ собир, останува впечатокот дека ваквите фантом организации преставуваат алатка на политичките партии за креирање на јавното мислење. Нивното финансирање се уште е енигма за пошироката јавност. Но сепак јавноста се почесто ги препознава нивните активности и скриени намери.
Експертите сметаат дека активностите на ваквите организации се со краткотраен ефект. Она што вчера се случи најдобро покажува дека банкнотите од по стотина евра, се лажни пред камерите, но тие се вистинити за оние кои ги прават овие собири и завршуваат во нечии џебови!?
Die SDSM mal wieder voll in Fahrt, ihr habt es an dem Link vielleicht bemerkt, A1 verpestet wieder die makedonische Medienluft...
Folge dem Video um zu sehen, wie unsere Website als Web-App auf dem Startbildschirm installiert werden kann.
Anmerkung: Diese Funktion ist in einigen Browsern möglicherweise nicht verfügbar.
Wir verwenden essentielle Cookies, damit diese Website funktioniert, und optionale Cookies, um den Komfort bei der Nutzung zu verbessern.
Siehe weitere Informationen und konfiguriere deine Einstellungen