Zoran
Μακεδоν τ
УЧЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ВО ОВЧАРАНИ
АШЛАКОВ: ЧЕКАВМЕ ДОВОЛНО, ОДИМЕ ВО БРИСЕЛ И ВО СТРАЗБУР!
Kметот на леринско Овчарани, Панде Ашлаков, пред три недели, повторно испратил писмо до градоначалникот на Лерин, Јоанис Воскопулос, во кое побарал тој итно да се изјасни дали жителите Македонци во овој реон ќе може да учат на македонски јазик. Поминати се пет месеци откако Ашлаков, првпат, испрати писмено образложение, заедно со петиција потпишана од 200 жители до леринската општина и до грчката регионална канцеларија за образование, но за цело ова време не доби никаков одговор. Револтиран е од односот на општинските власти, но истовремено и свесен дека главниот проблем не е во Лерин, туку во рацете на централата во Атина.
- Пред три недели повторно реагиравме со писмо. Мора да ни кажат бидува или не. Во меѓувреме фатија и одмори, па с` се одолжува, објаснува Ашлаков за „Дневник“. Тој добил ветување дека градоначалникот Јоанис Воскопулос, инаку братучед на Павле Воскопулос од раководството на партијата на Македонците во Грција, „Виножито“, дека ќе го прими по 5 септември и ќе поразговараат за барањето. Засега, тоа е заглавено меѓу општинската и централната власт во Грција.
- Мора да добиеме некаков одговор, па врз основа на тоа ќе одлучиме што ќе правиме во иднина. Ова чекање и игнорирање нам ни оди во полза оти ќе имаме повеќе аргументи за идните чекори што ќе ги преземеме, но од друга страна, пак, времето ни врви, потенцира Ашлаков. Додава оти сите аргументи се на страна на барањето на жителите и дека најверојатно, ако се согласи раководството и Советот на Овчарани, правдата ќе ја бараат пред институциите на ЕУ и на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Градоначалникот Воскопулос, како и многупати претходно, е недостапен за нашите новинарски прашања. Само еднаш пред неколку месеци успеавме да дојдеме до него по телефон, но тогаш од нас побара да зборуваме на грчки или на италијански, иако совршено разбира македонски јазик.
Потегот на властите во Овчарани охрабри многу села во северниот дел на Грција, во кои мнозинството се жители со македонско потекло, да собираат потписи и да побараат и официјално - во училиштата - да учат на јазикот што го зборуваат. Засега не се открива за колку вкупно станува збор од страв дека грчките власти ќе ги спречат петициите. Овчаранци собираа потписи за да им се дозволи да учат на мајчиниот јазик две и пол години, стравот од грчките власти ги одолжуваше работите, но конечно во март смелоста победи и официјалното барање заедно со петицијата беше доставено во леринските општински канцеларии. Оттогаш работите се во рацете на градоначалникот Воскопулос. Во Овчарани има околу 1.500 жители и три основни училишта.
KАЗНА ЗА СОРАБОТКА СО „СКОПЈАНИТЕ“
Освен најавата дека по завршувањето на летните одмори, околу 5 септември ќе се видат да поразговараат, Воскопулос на Ашлаков не му ни навестил поконкретна насока за тоа во кој правец работите ќе се одвиваат. Ашлаков е сигурен дека евентуалниот негативен одговор ќе го помогне патот до правдата на страна на овчаранци пред судот во Брисел и во Стразбур. А што очекува?
- Ми најави дека ќе се видиме и толку. Ништо не очекувам, само знам дека с` е на наша страна, доволно чекавме и бевме трпеливи, нагласува Ашлаков. Дел од Македонците се сомневаат, не веруваат во позитивен одговор од грчките институции. Kако аргумент го посочуваат примерот со студентката со македонско потекло што живее во Лерин, а студира во Битола на Педагошкиот факултет. Таа сакала, пред неколку месеци, своите колеги од Битола да ги однесе во посета на едно основно училиште во Лерин за да разменат искуства и да видат како се работи. Директорот на училиштето се консултирал со министерството за образование во Атина од каде што дрско му одговориле со закана дека ако дозволи каква било посета или соработка со „скопјаните“ - ќе биде најстрого казнет.