Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Mazedonien Sport Thread

Um diese Inhalte anzuzeigen, benötigen wir die Zustimmung zum Setzen von Drittanbieter-Cookies.
Für weitere Informationen siehe die Seite Verwendung von Cookies.


Um diese Inhalte anzuzeigen, benötigen wir die Zustimmung zum Setzen von Drittanbieter-Cookies.
Für weitere Informationen siehe die Seite Verwendung von Cookies.
 
Zuletzt bearbeitet:
Auch gegen Angola eine Nullnummer!



Македонија одигра без голови и со Ангола

E68903C5D8B34A40AD0BA39FAD075505.jpg


Нашата репрезентација упатила шест шута кон голот на противникот и извела осум корнери

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Есторил, Португалија одигра нерешено 0:0 со Ангола, на вториот пријателски натпревар кој нашите фудбалери го одиграа во период од четири дена.
Против Ангола стартуваа: Нурединоски, Д.Георгиевски, Урдинов, Шиков, Грнчаров, Новевски, Демири, Тричковски, Пандев, Ибраими и Филип Ивановски. Од оскудните информации од мечот, нашите репрезентативци имале шест шуtevi кон противничкиот гол и извеле осум корнери.

Македонија во саботата одигра нерешено 0:0 и со учесникот на претстојното Европско првенство Португалија.

Следниот пријателски натпревар нашата репрезентација ќе го одигра на 15.август на домашен терен, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Литванија. Воедно тоа ќе биде и последен контролен дуел пред стартот на квалификациите за Светското првенство.
 
Gjuroski und Magdevski, das sind die kommenden Stars!



Кошаркарската иднина на испит пред селекторот: Ѓуроски одушевува, Зафировски полека се аклиматизира

29МАЈ 201215:55​


Стојан Ѓуроски, поранешниот кошаркар на Вардар, а сега член на американскиот универзитет Луизијана тек, е најпријатното изненадување по првите неколку тренинзи на најнадежните македонски кошаркари, кои неделава го демонстрираат своето знаење пред очите на селекторотМарјан Лазовски во обид да се најдат меѓу играчите што в понеделник би ги почнале подготовките за настап на предолимпискиот турнир во Венецуела (2-8 јули).
Стојан Ѓуроски покажува завиден кошаркарски квалитет на тренинзите во „Борис Трајковски“
Станува збор за 21-годишен леворак кошаркар со фантастични физички предиспозиции, неверојатна скочност и со повеќе од солиден шут од далечина, кој со својата височина (205 сантиметри) би можел да биде квалитетно пополнување на крилната позиција, која е крајно дефицитарна уште по пензионирањето на Дејан Јовановски. Факт е дека преку два тренинга не може да се даде реална и апсолутно точна процена на можностите на Ѓуроски, но со досега прикажаното тој се наметнува како сериозен кандидат не само за поширокиот тим, туку и за најдобриот состав што ќе ја претставува Македонија на квалификациите за пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лондон.
Лазовски и Србиновски будно ги следат потезите на кошаркарските надежи
„Неверојатно е колку Ѓуроски напреднал во однос на минатото лето. Навистина изгледа импресивно на паркетот. На него е да продолжи да работи со исто темпо и да вложува максимален напор на секој тренинг. Талентот е дефинитивно на негова страна“, ни изјави селекторот, Марјан Лазовски.
На уводните репрезентативни тренинзи може да се забележат лицата на седум млади кошаркари, меѓу кои покрај Ѓуроски се уште и вториот Американец во селекцијата, Тод Зафировски од Дјук универзитетот, како и поискусните Марко Симоновски и Ивица Димчевски заедно со Бојан Крстевски, Горјан Марковски и најмладиот во ова друштво, Андреј Магдевски.
Зафировски има доволно време за да се прикаже во вистинско светло
За присутните на првите два тренинга интересна беше појавата на Зафировски, чии квалитети се релативно непознати дури и за оние добро упатените во кошаркарските прилики. Станува збор за син на бизнисменот со македонско потекло, Мајк Зафировски, кој допрва треба да го убеди стручниот штаб дека заслужува да биде дел од репрезентативниот состав. Почетокот е релативно тежок за Зафировски, кој сè уште се аклиматизира на новата средина и на часовната разлика, што значи дека неговиот вистински квалитет допрва ќе треба да се види.
„Тешко е по само два тренинга да се направи процена на квалитетот на Зафировски. Тој сè уште е во шок од новата средина, долгиот пат и промената на часовните зони. Поради тоа нема да брзаме со него. Тој има доволно време за докажување“, дополнува Лазовски.
Меѓу позитивните изненадувања на тренинзите е и 16-годишниот Магдевски, кошаркар на белградски Партизан, кој одлично се снаоѓа во конкуренција на далеку повозрасните соиграчи.
Неделава, помладите имаат можност да покажат што знаат пред селекторот
„За мене е чест само што сум повикан да бидам дел од овој тим. Самото присуство и работа на тренинзите за мене е скапоцено. Се надевам дека нема да разочарам“, кратко прокоментира Магдевски, кој неодамна беше дел од престижниот камп на најдобриот светски кошаркар, „Џордан бренд класик“.
Деновиве на овие седум кошаркари се очекува да им се приклучат Александар Костоски иКирил Николовски, по што Лазовски, заедно со асистентот Марјан Србиноски, ќе работи до крајот на неделава. Од понеделник се очекува приклучување и на носителите на играта по што и официјално ќе биде означен стартот на операцијата „Венецуела“.
На турнирот во Каракас, репрезентацијата на Македонија е во група со Нов Зеланд и Ангола од која двете првопласирани ќе се пласираат во четврт-финалето. Место на ЛОИ во Лондон ќе обезбедат три селекции од вкупно 12 што ќе се појават во венецуелската престолнина поделени во четири групи.
 
[h=1]Антиќ се повлекува од репрезентација?[/h]СРЕДА, 30 МАЈ 2012 19:13 СПОРТ
Share
0
antic.gif
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ се повлекува од националниот тим- пишува денешното издание на весникот Фокус.
Според информациите на Фокус, Антиќ бил разочаран од негативните коментари кои се појавија на социјалните мрежи како и од пишувањата на македонските медиуми.

Антиќ веќе имал првични разговори со претседателот на МКФ, Даниел Димевски и нему му го пренел својот личен став.

Доколку Антиќ излезе од репрезентацијата, истата ќе биде драстично ослабена за претстојните квалификациски турнири за Олимписките игри.
 
Антиќ се повлекува од репрезентација?

СРЕДА, 30 МАЈ 2012 19:13 СПОРТ
Share
0

antic.gif
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ се повлекува од националниот тим- пишува денешното издание на весникот Фокус.
Според информациите на Фокус, Антиќ бил разочаран од негативните коментари кои се појавија на социјалните мрежи како и од пишувањата на македонските медиуми.

Антиќ веќе имал првични разговори со претседателот на МКФ, Даниел Димевски и нему му го пренел својот личен став.

Доколку Антиќ излезе од репрезентацијата, истата ќе биде драстично ослабена за претстојните квалификациски турнири за Олимписките игри.

Koj go ebe ne mora da igra nikogo ne molime! Vo sekoja druga drzava ke bese izbrkan od reprezentacija posle negovata izjava neka umrat tie sto zborea loso!
 
Ne mu bese prvpat, si go znaeme nie kopileto. ama mene kurot me zabole, znam deka parite od atina se slatki pa 99% ke gi zemat i ke kazat sto oni ke diktirat, epa takvi sme ;)
 
Ne mu bese prvpat, si go znaeme nie kopileto. ama mene kurot me zabole, znam deka parite od atina se slatki pa 99% ke gi zemat i ke kazat sto oni ke diktirat, epa takvi sme ;)

Za prvata izjava ok stavrno nevkusno ama mozebi bil pod pritisok koj znae no posle toa trebase da kaze bev pod pritisok ne mi bese lesno se izvinuvam na javnosta i navivacite! A ne da jade gomna neka umrat tie sto zborea loso.

Vo nikoja druga drzava sportistite ne postanuvaat taka brzo heroii kako kaj nas togas mu bese ubav a koga ima kritika odma place.
 
Zurück
Oben