Грција се спаси од ракометна катастрофа против Македонија
11
ЈУН 2012
14:49
Македонските ракометари ќе можеа вистински да си поигруваат со Грците
Ракометната репрезентација на Швајцарија е третиот ривал на Македонија во квалификациите за Европското првенство што во 2014 година ќе се одржи во Данска. Во решавачкиот дуел, Швајцарија на претквалификациите што се одржуваа во Италија ја совлада Грција со 25-22 и ги освои првото место и пласманот во квалификациите. Во случај на победа на Грците, нашиот јужен сосед ќе одеше во квалификациите и ќе си имаше сериозни маки со Кирил Лазаров и со другите наши ракометари.
Покрај Швајцарија пласман во втората фаза од квалификациите како првопласирани во своите групи изборија уште Романија, Украина и Турција, а како две најдобро второпласирани од четирите групи пласман изборија Летонија и Израел.
Пласман на ЕП во Данска ќе изборат двете првопласирани селекции и најдобрата третопласирана репрезентација од сите групи. Натпреварите од првото коло од квалификациите ќе се играат на 31 октомври или 1 ноември. Македонија на стартот игра на домашен терен токму со Швајцарија.
Составот на седумте квалификациски групи:
Група 1: Шпанија, Македонија, Португалија, Швајцарија.
Група 2: Германија, Чешка, Црна Гора, Израел.
Група 3: Франција, Норвешка, Литванија, Турција.
Група 4: Хрватска, Унгарија, Словачка, Летонија.
Група 5: Полска, Шведска, Холандија, Украина.
Група 6: Исланд, Словенија, Белорусија, Романија.
Група 7: Србија, Австрија, Русија, Босна и Херцеговина.