Zoran
Μακεδоν τ
Хаг најново: Судот ги отфрли грчките аргументи
Грција не успеа да докаже дека блокадата во Букурешт е одговор на македонската употреба на симболи во 2004 година. Ова предмалку го соопшти судот овде во Хаг, каде се чита пресудата во судскиот спор кој Македонија го покрена против Грција. Судот ги отфрли повеќето од грчките аргумени со кои нашиот јужен сосед се обиде да ја оправда блокадата на македонското членство во НАТО.
Судот одлучи дека Грција ја прекршила Времената спогодба!
Грција со постапката во Букурешт не го почитувала член 11 од Времената спогодба. Со ваквиот заклучок соопштен предмалку, судот го прифати македонското тужбено барање преку кое се бараше да се утврди дека со грчкото вето во Букурешт, Атина ја прекрши Времената спогодба.
Ова е најважното тужбено барање во македонската тужба.
Судот надлежен во случајот Македонија - Грција
Судот во Хаг одлучи дека има јурисдикција во случајот на Македонија против Грција. Со тоа е отфлено грчкото барање судот да се прогласи за ненадлежен.
Неофицијално: Судот ќе пресуди дека Грција ја прекршила времената спогодба
Штотуку започна соопштувањето на пресудата. „Дневник“ неофицијално дознава дека судот ќе го прифати првото тужбено барање, а второто кое се однесува на тоа во иднина Грција да не не блокира, ќе биде отфрлено.
Грција со изретчен правен тим
Само еден од четворицата од странските професори од грчкиот правен тим се дојдени денеска во судот на Хаг да ја слушнат пресудата.
Ова се толкува како знак дека грчката страна го губи случајот.
Овде во Хаг е дојден само професорот Џејмс Крофорд од Кембриџ, кој ја застапува Грција.
TIME.mk - ???????? ?? ?????