Zoran
Μακεδоν τ
Arbeiten an der "Boris Trajkovski" schreiten voran.
[h=1]Реконструкцијата на улицата “Борис Трајковски” во полн ек[/h]
[h=4]Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, денеска извршија увид на градежните работи на реконструкцијата и проширувањето на улицата “Борис Трајковски” (поранешна улица Првомајска)[/h]
- Град Скопје и ова лето е претворено во едно големо градилиште. Во моментов во сите 10 општини во Градот Скопје се работи на 25 места, каде се реконструираат и прошируваат улици и булевари, се градат катни гаражи, водоводни мрежи и атмосферски и фекални канализации – изјави Трајановски.
Реконструкцијата и проширувањето на улицата “Борис Трајковски” се одвива на две делници, и тоа на потег од „Рампа“ до крстосницата со улицата Народни херои во должина од 1.380 метри и на потег од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“ во должина од 1.126 метри. Постојната сообраќајница по проширувањето ќе се трансформира во булевар со 4 коловозни ленти (по две во секоја насока) широки по 3,5 метри.
Градоначалникот Трајановски изјави дека фирмите „Алпине Бау“ и „Жикол“ работат интензивно на изградбата на овој булевар и дека службите на Град Скопје, и покрај одредените проблеми и тешкотии кои се појавиле на терен, ќе вложат дополнителни напори градежните работи да завршат пред утврдениот рок на изградба.
Во проектот за проширување и реконструкција на улицата “Борис Трајковски” Градот Скопје ќе вложи околу 4 милиони евра, пари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, како кредит, и од Буџетот на Град Скопје.